не го произнесов, зато шо не ми се поимиве јасни.Teach us master...
Иронијата е коа отвараш тема за иронија а не си го произнесуваш своето мислење. lady_blue
Еве еден клише сарказам и една клише иронија кои според мене се добро вклопени.
и колку поќе мислења читам, толку понејасни ми стануваат ( а очекував да ми се разјаснат, зато шо скоро секој ден некој посочува таму у таму тој и тој користи иронија и сарказам/се крие зад иронија и сарказам/ е ироничен и саркастичен).
јас сум личност која лесно се збунува, а особено ме збунуваат контрадикторности. и кога налетам на контрадикторност си велам - фак, во ова мора да има некоја логика, ама ти ќе да си ограничена, па немојш да ја согледаш.
значи, кога велам контрадикторност, мислам на контрадикторност која мојот ум ја препознава како таква, а во суштина е сосема легитимно мислење, со уште полегитимна поента.
и то...
и еве си најдов еден пример кој ќе долови до кој степен ми се нејасни работите.
пишувајќи го ова :
„Неќам бе, неќам да сум рамноправна.
Сакам да сум трипати погоре.
Сакам да не се грижам за ништо, сакам да сум галена, мазена, пазена, сакам да сум чувана ко капка вода на дланка.
Сакам да ми се признае дека сум способна да 'рмбам ко маж, ама неќум да се очекува од мене тоа и да го правам.
Сакам да ми се признае дека сегде ме собира, ама да не се очекува од мене сегде да се пикам.
Сакам да ме прашува(ат) и слуша(ат) кога се прават анализи и планови за било какви проблеми од било која област, ама не сакам да очекуваат од мене планираното јас да го спроведам.
Сакам да бидам ај-ти- менаџер“
бев убедена дека тоа е тоа - иронија, па дури и сарказам.
ама јбг, изгледа не било така.