Бидејќи се наближува европското кое ќе се игра во Словенија од 4ти до 22ри септември,мислам дека е добро да има тема на која ќе се дискутира во врска со првенството.
Актуелен европски шампион е Шпанија која оваа година иако ослабена повторно е фаворит за првото место.
Нашата репрезентација се наоѓа во групата Б што според мене е супер бидејќи ако ја поминеме групата ќе вкрстуваме со групата А која е најслаба.
За Шпанија како што реков ќе биде ослабена бидејќи нема да играат Наваро,Гасол и Ибака,а можно е и Рејес да не им игра,но си имаат они и други добри кошаркари и затоа се повторно фаворити.
Франција која на претходното првенство беше втора на ова тешко дека ќе го повтори тоа затоа што и тие ќе бидат ослабени.Нема да им играат Паркер и Ноа а мислам дека и Батум нема да им игра што значи Франција нема да биде јака како во Литванија.
И Русија ќе биде ослабена на ова европско бидејќи нема да играат Кириленко и Кријапа,а за другите мислам дека сите ќе играат.
Ние играме скоро со истиот состав освен Гечевски кој нема шанси да игра иако се прават напори да се врати.На негово место ќе се бира помеѓу Брчков и Штерјов затоа што Николовски е повреден и пак нема да игра исто и Трајковски е повреден.Значи најслаби ќе сме под кошевите затоа што освен Антич немаме асален центар,на другите позиции сме супер.
Од нашата група Црна Гора ќе игра без Пекович што значи ќе имаме шанса против нив бидејќи и тие ќе се ослабени на центарската позиција,а на другите позиции немаат баш добри играчи.
За разлика од нив Босна ќе игра со најдобриот состав и ќе биде тежок противник за сите.Го имаат Телетович кој игра во НБА и на другите позиции имаат добри играчи.
Летонија е најслабата репрезентација од нашата група така да против нив мислам нема да имаме некој голем проблем.
За другите репрезентации немам многу информации освен за Словенија и Турција кои ќе играат со најдобрите состави и според мене една од овие репрезентации ќе освои медал.
Тоа е тоа останува да почекаме 24 дена и да видиме дали ќе се повтори историското 4то место од Литванија,за крај ова се групите.
Група А: Украина,Велика Британија,Франција,Белгија,Германија и Израел.
Група Б: Македонија,Србија,Црна Гора,Босна и Херцеговина,Летонија и Литванија.
Група Ц: Словенија,Полска,Шпанија,Хрватска,Чешка и Грузија.
Група Д: Турција,Грција,Финска,Русија,Италија и Шведска.