Европско Првенство Кошарка - Словенија 2013

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
На крај излезе Литванија - Хрватска второто полуфинале. Не ја гледав утакмицата со Италија ама ко што гледам закачена била. Ќе си ја изгледам реприза.

Полуфинале очекувам да победат Франција и Литванија. Редно е и Паркер да се израдува на златце.
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Колкав баксуз сум значи,се што ќе кажам обратно излегува а баш сакав Италија да победи,стварно ми се допадна нивната игра а и оваа утакмица беше најдобра до сега.Во прва четвртина Литванија изгледаше дека лесно ќе победи ама во втората и третата Италија се врати во игра ама не издржаа до крај 4тата четвртина Литванија ја одигра мајстроски и заслужено си победија.
Утре ќе биде многу интересно,очекувам победа на Италија и да одат дирекно на светско заедно со Словенија,Украина има јак тренер ама џабе кога играчите се слаби,тие можат само со Србија да ја бараат шансата за на светско.Литванија ако игра како денес би требало да ја победи Хрватска додека Шпанија и Франција осеќам дека ќе биде многу јака утакмица Шпанците имаат повеќе шанса зашто видовме како знаат да играат ама и Франција не се слаби посебно Паркер ако се разигра како што знае а покрај него и Батум да погоди некоја тројка.Не навивам за никој од последнава утакмица туку ќе си уживам во добрата игра од двете репрезентации :zelen.
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Л Франс!!!

Финале Франција-Литванија. Се надевам Паркер ќе им се реваншира на Литванците за претходниот пораз од 6 поени.
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Ова се чекаше цело време дефинитивно денес имаше најдобри утакмици,почнувајќи од Италија против Украина па се до Шпанија со Франција. Браво иначе за Украина имаа многу јак тренер иако играчите не беа нешто познати и добри ама сепак успеаа да се пласираат на светското а и нема да е чудно да го освојат 5тото место на европсково.
Литванија после предобрата игра вчера така продолжи и денес против Хрватска, 3тата четвртина ја доби Литванија со 21:7,тука и го добија натпреварот,слично како вчера што изиграа во второ полувреме,заслужено финале според мене.
Шпанија и Франција ја одиграа најдобрата утакмица до сега,каква само кошарка играат и двете репрезентации.После првото полувреме мислев дека ќе биде лесна победа за Шпанија ама Паркер е ѕвер сам ги врати во игра Французите,имаа негатива од 14 поени и успеаа да се изборат за продолженија.Во продолженијата мислам дека Шпанците беа веќе изморени и одиграа слабо,пред тоа имаа супер акции и добра одбрана ама во продолженијата како да се изморија,уствари имаа и шанса за победа ама тоа е победи подобриот.
Шпанија би требало да го освои 3тото место а за кој ќе биде шампион тешко е да се каже,Литванија зема залет ама и Франција не е баш слаба,типувам на победа на Франција од 4-5 разлика.:zelen
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Meh, the usual suspects во борба за медалите, освен Хрватска која залута во полуфинале...
Франција има голема шанса, имаат и пример како да НЕ играат против Литванија од мечот во втора фаза со нив....веројатно ќе одат на рововска борба со малку поени и драматики. Штета што Батум е во зимски сон а беше еден од најголемите таленти на еуро кошарката. Ретко кој се враќа од -16 против Шпанија, обично се губат скроз што не беше случај со Франција кои малку по малку ја стопија разликата и победија. Имаше и сомнителни одлуки на судиите без кои Франција ќе победеше уште во регуларен дел, но што е тука е...
Кога сме кај талентите мора да се спомене Валанчунас од Литванија, голем потенцијал.

Белгија на крај 10.место, само една победа ги делеше од 1/4 финале, против Србија кога тесно загубија.
Гоцевата раса е на 21.место, слабо хунзите овојпат.... :D
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Ауу каква игра на Франција,па и уште тројкава на крај како влезе.Уште Паркер да почне да игра како што знае и Литванциве ќе немаат шанси.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Батум шоу во прво полувреме кога се создаде разликата која подоцна само ја одржуваа. Во второто си се врати во хибернација и Литванија избегна уште потежок пораз. Победуваат оние кои учат на сопствените грешки, она што го играа во првиот меч со Литванија го избегнаа овојпат и тоа е тоа. Првото полувреме едно од подобрите последниве години, тројката на 0.9 до крај - епик. Освен тоа единствен тим кој на ова ЕП постигна над 100 поени на некој меч, 102 против Латвија, уште еден доказ за скромниот квалитет на сите селекции, освен медалистите. А имаше еден меч на првенството на кој двете екипи вкупно постигнаа 99...:eek
Сосема реален и очекуван исход.

Ако квалитетот опаѓа со ова темпо како до сега, на наредното ЕП е можно фактори да бидат екипи како Азербејџан, Словачка, Кипар или Велс.:D
Нормално, првите три места ќе бидат и тогаш резервирани за истиве три селекции. Клеопатра, балканска пророчица, чита вашу будучност.
До година СП, америте со НБА состав прво место, останатите ќе се борат за тоа што ќе остане...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: slb_bobo

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Le France!!!

Flag-of-France-900x1440.png
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Заслужена победа на Франција иако кога почна првенството мислев дека пак Шпанија ќе победи ама добро е што конечно и Франција го зема златото што и фалеше. За играта нема што да се каже, во прва четвртина Батум само играше после тоа и Паркер и немаа шанса Литванија, и тројката на 0,9 до крај беше најјака, од каде го извади само тој шут. На Франција и групата им се погоди,играа против послаби репрезентации.
Литванија иначе како тргнаа на почетокот посебно со играта на Клеиза кој влезе во серија ама после тоа го снема,имаа и многу промашени шутеви и слаба одбрана, со таква игра среброто им е доволно.
Шпанија со Хрватска се знаеше кој ќе биде победник. Интересно беше на почеток само во 1ва четвртина после тоа Шпанците си изиграа како што знаат и заслужено 3то место. Против Франција беа слаби и изгледа се истурија врз Хрвативе:zelen.
Хрватска ме изненади искрено, на почеток имав пишано дека тешко и да поминат група а тие стигнаа до 4то место, браво за нив стварно.И во групата беа 2ри со 4 победи и 1 пораз.
Сепак најголемо изненадување за мене беше Украина, иако изгубија од Словенија ама со таков слаб состав а со прејак тренер стигнаа до 6то место и директно се пласираа на светско и на следното европско.
Словенија па како домаќин се очекуваше да стигне далеку ама доста и беше 4то место, јас мислев ќе се барем бронза ќе земат ама налетаа на Франција во четвртфинале. Сепак доволно им е 4то место и директен пласман на светско.
Србија со таков млад состав успеаа да го фатат последното место за на светското, јас не очекував да стигнат до таму. Покажаа добри игри стварно ама не мислев дека ќе бидат 7ми,со толку млади играчи и не е лошо за нив 7мото место.
Италија немаше среќа ич ама и сами се криви, таман почнаа да играат добро и после ги изгубија сите утакмици. На крај само 8мо место недоволно за директен пласман на светско.
Ние си завршивме на 21во место и после ова првенство ќе си чекаме долго време за нов успех. За крај многу ме изнервираа од сител, само што заврши финалето тие мораше да прекинат за да го гледам Латас клошарот, го прекинаа на најдоброто баш кога се даваа медалите :mad: клошарска телевизија.