Ќе ти кажам овде нешто за последен пат.
Дека се беше како што беше.
И беше убаво додека траеше.
И дека секој си го оди својот пат кога ќе дојде време за тоа.
Никој не е крив,никој не сноси вина.
Не можеш да држиш нешто со сила.
И кога ќе го пуштиш тоа ќе ти избега.Чинам не си ја сфатил моќта на безусловната љубов.
Да.
Онаа која нема граници,нема очекувања,нема надежи.
Формално велиш:
Да тоа е безусловна љубов.
Но знаеш дека се лажеш.Знаеш дека посакуваш себично да ставиш граници,да го затвориш кругот,а неможеш.Немаш таква моќ.
Се е убаво додека трае.
После се бараат виновници,се бара кривец..
Ова е последен пост за тебе.
Ти ја посакувам целата среќа на овој свет и целата мудрост.
Ти посакувам светлина во темните денови,
виножито по дождот.
Ти посакувам љубов.
Чувај се,знаеш дека си посебен.