Еве како и секој ден ќе си дремам на нет до раните утрински часови ко божем да ме фати дремка, ама нит ме фаќа нит бутур.
Како што често ми недостигаат луѓе или места, почна ептен да ми недостига времето кога место на нет или пред телевизор, времето го поминував пред книгата. Си имав оформено некој мој свет и уживав додека од некоја страна ги демнев главните ликови кои секогаш ги поврзував со некој што го знам. Зависно од карактерот. Никогаш нема да заборавам како се восхитував на медицинските способности на Доктор Офболи, колку уживав во авантурите од 35 Мај, ужасно му љубоморев на Зоки Поки што го пуштаат да иде сам на одмор и што има баба на село, плачев како бебенце кога ми умре еден од најдобрите пријатели-ликот во Децата од Павловата улица, им се лутев на малите луѓе зошто не го сакаат Гуливер, потајно се надевав дека ќе се појави мојата близначка како онаа во Двојната Лота, се грижев за дедото на Хајди, во еден здив ги читав и се восхитував на авантурите на Том Соер и Халкбери Фин, плачев за Чичко Том....
И никаде не сретнав желба и потреба за материјални работи. Само потреба за сродна душа, за еден добар пријател. Кој за жал остана да собира прашина во книгите кои секое дете треба да ги прочита...
Не дека не можам да ги читам пак, ама исчезнаа местата, избледија боите. Ништо не остана.
Затоа и ми недостига!
леле ме погоди сега