Поентата беше за концептот како таков, а не дали некој може или не да го достигне, тоа е веќе друг муабет.
Е па во ред, херметистичкиот концепт за бог е сосема различен од оној кај организираните религии. Некаде постои и бизарен, световен концепт (Сталин како де факто бог за граѓаните на СССР или Хајле Селасие во Етиопија) Кај неверниците не постои концепт.
А кој рече дека треба да се плашиме од Божјиот гнев?
Каков е тој гнев кога Бог е чиста љубов?
И се прашувам кога ќе дојде денот кога луѓето точно ќе ја протолкуваат библијата,куранот и останатите свети книги?
Кога ќе сфатат дека Бог е се и Бог е ништо.
Бог е она што е,ние сме оние кои не сме.
Тој старец со бела брада на небото,
е старец кој живее во нас.
Зборовите на Исус не се ништо друго него зборовите на Буда кои ни го покажуваат патот до старецот до нас.
Спознај се себе и ќе го најдеш Бог.
simple..
За куранот не знам, за талмудот уште помалку но тората и библијата се многу експлицитни и јасни во однос на божјиот гнев. Една од основните теолошки доктрини во христијанството е - казната, убаво си пишува.
Во ред тоа со спознавањето, но како што му релицирав на членот со неизговорлив ник погоре, тоа е меч со две острици.
Битката на Сома, епидемијата на шпански грип, Руанда, Босна, цунамито во Азија, умирачка од глад на дечиња секојдневно по светот, неправди, корупција, тиранија... зарем тоа ти наликува на чиста љубов? Не за друго, постоењето на такви ситуации се коси со семоќноста и добрината на бог.
Затоа е малку проблематично користењето на религиите во контекст на самоспознавање.
Протестантите се за нијанса поискрени од останатите христијански деноминации...