Мнозина што веруваат во Бог, гледаат на него како на сила, а не како на личност. Во одредени култури, на пример, боговите се поистоветуваат со природните сили. Некои што ги испитале доказите од научните истражувања за структурата на универзумот и природата на животот на Земјата, заклучиле дека мора да постои Прв Причинител. Меѓутоа, се двоумат овој Причинител да го дефинираат како личност.Сепак, зарем сложеноста на творештвото не укажува дека Првиот Причинител мора да имал огромна интелигенција? Интелигенцијата бара ум. Големиот ум одговорен за сето творештво му припаѓа на Бог кој е личност. Да, Бог има тело, не физичко, како нашето, туку духовно. „Ако постои физичко тело“, вели Библијата, „постои и духовно“ (
1. Коринќаните 15:44). Објаснувајќи ја природата на Бог, Библијата јасно изјавува: „Бог е Дух“ (
Јован 4:24). Духот е форма на живот која многу се разликува од нашата и еневидлива за човечки очи (
Јован 1:18). Бидејќи Бог е личност со духовно тело што не е создадена од никого, логично е дека има место каде што живее. Укажувајќи на духовното подрачје, Библијата ни кажува дека небото е Божјето место ‚каде што престојува‘ (
1. Цареви 8:43). Исто така, библискиот писател Павле изјавува: „Христос влезе во самото небо, за да се појави пред Божјето лице за нас“ (
Евреите 9:24).