Алиби-интересна,несекојдневна серија.Ја дават на Фокскрајм па кој сака може да ја гледа.
Грег и Линда имаат навидум се што ќе посакаат;љубов,пари и пријатели од високите кругови.Но само навидум.На денот на нивната годишнина,Грег и подготвува изненадување на Линда,прославување со нивните пријатели и скапа огрлица која таа одамна ја посакувала.Се се одвива според планираното,се додека не настане мала кавга помеѓу Грег и Линда.
Марсија добива работа како келнерка на забавата.Доцна во ноќта,кога сите се заминати,таа се враќа по својата чанта,но ја дочекува непријатна глетка; мртвото тело на Мартин(најдобриот другар на Грег) и Грег седнат покрај него со алкохол покрај него.По долго бркање,разговор и откривање на една тајна, Марсија се нафаќа да му помогне на Грег и да му даде алиби.Самата таа е неговото алиби.
Како оде приказната,се откриват низа валкани тајни и измами.Марсија не знае повеќе дали може да му верува на Грег.Дали е тој невин?И ако е,кого заштитува?За кратко време двајцата запаѓаат во мрежа од лаги,полицијата им е зад петици и тие мора да преминат на план Б.
Многу голем впечаток ми остави глумата на Марсија,толку реално и толку добро одиграно.Дефинитивно во иднина би погледнал уште некое филмче со неа, актерката растура.Не е ни чудо што е добитник на толкав голем број награди.
Па друштво,фрлете се на гледање