Кога се запишав на факултетот мој, бев премногу амбициозна и сакав да знам се (поврзано со мојата област). Како што времето поминуваше, се повеќе и повеќе ме потсеќаше на средно, предавање - учење - полагање. Едно време се држев до мислењето дека нема поента мојов факултет, без пракса, без некој посебен интерес од луѓето околу мене, особено во 3та кога ми објаснија дека тоа кон кое целев да станам (конзерватор) всушност не постои, треба сам да си го измислиш.
Сега, во последниов семестар што ми остана, сфатив дека си го надополнувам знаењето со читање на книги (од мојата област) во слободно време, посетување на места кои требаше да ги посетам за време на студирањето и сл. И со фактот дека 95% од моите колеги поминуваат со препишување на секој испит, или пак со врски, а јас учам колку што можам (подобро ќе паднам, оттколку да добијам 10ка на нечесен начин) и вистински си ја сакам струката... воопшто не ми е важна дипломата. Сакам да допринесам позитивни резултати на нашето национално културно богатство.