Телема

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Не беше тоа профил на тебе,туку на законот,читај малку подобро.
Тоа го вика самиот закон да ја пронајдеш својата вистинска волја,а кој ја изгубил ќе се препознае во законот и ќе го прифати како универзален.
Извини ако се препозна во постот,не се однесуваше директно на тебе!
Ти неможеш да даваш профил за законот, ти си лаик на оваа тематаика, се што знаеш е од нас! И сега на нас ни кажуваш како ние грешиме и правиш профили.....?!
Еве еден цитат за оние што "се знаат":

" Сепак, о аспиранту, нека победите не ти носат Гордост, зашто со зголемувањето на Знаењето би требало да се зголеми и Мудроста. Оној што малку знае, мисли дека знае многу; но оној што знае многу свесен е за своето незнаење. Го гледаш ли оној кој мисли дека е мудар? Повеќе надеж има за будалата отколку за него."
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хептаграм XI

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
Ај сега де, и пијан и егоист :) Се што кажа претходно падна во вода со овие дефиниции за мене. Без нервирања... блогот гледам ти боди во очи! Внимавај, не оди на блогот!
Напротив,блогот не ми смета и јас одвреме на време го посетувам,ама гледам дека тебе не ти јасно што значи его!

Дојде да ми кажуваш каков сум, што сум? Реков дека читајќи само форуми ќе го замразиш и Законот, а и ете виртуелниот лик кој го читаш како Хептаграм! Омраза - НЕ! Ништо не правиме со писанија како овие твоите... суптилни навредувања, па прави она, прави ова... Глупости!
Не дојдов да се вреѓаме и да си кажуваме какви сте или не сте,тоа сами си го правите се секој ваш пост односно кога нема да се согласи некој со нешто кое вие сте го прифатиле како универзално за сите луѓе.

Ако се плашиш да го одиш својот пат, и следиш нечиј друг - на пример сите запнале со некаков си Исусов пат - мир со тебе - терај си го тој пат! Јас имам мој, некој друг исто така... Секоја Ѕвезда има пат! И мора да го оди тој пат, секое настранување е болка и залудно потрошена енергија.
Ти имаш проблем со тоа а? Штета... не бидува од тебе слободен човек! Ти сигурно си закован на крст со клинци на кои пишува ГРЕВ! :)
Од почеток настојуваш да допреш на која религија или филозофија припаѓам за да можеш соодветно ми да одговараш.
Ќе те оставам уште малку да се помачиш!

Ако најдеш на друго место каде што пишува за телема, О.Т.О. и магика, на македонски јазик, слободно сподели! НЕ мора да е блогот Хептаграм XI, ок?
Ама ако не најдеш, да си молчиш бидејќи некој се потрудил да ја доближи Телемата, праксите, Редот - до македонскиот истражувач!
Биди малку благодарен, инаку како ќе се појавеше ти како лик тука?
Наведнија главата,за да ти ја ставиме круната!;)

Ти неможеш да даваш профил за законот, ти си лаик на оваа тематаика, се што знаеш е од нас! И сега на нас ни кажуваш како ние грешиме и правиш профили.....?!
Еве еден цитат за оние што "се знаат":

" Сепак, о аспиранту, нека победите не ти носат Гордост, зашто со зголемувањето на Знаењето би требало да се зголеми и Мудроста. Оној што малку знае, мисли дека знае многу; но оној што знае многу свесен е за своето незнаење. Го гледаш ли оној кој мисли дека е мудар? Повеќе надеж има за будалата отколку за него."

Ова е форум и дебатираме,не гледам причина зошто не би дал коментар за тоа.
Може тебе не ти се допаѓа или не се согласуваш со истото,со разумна дискусија може да се доближат тие разлики,па и на крај секој да си остане на своето треба да се задржи почитата кон соговорникот.

Ти неможеш да ја познаваш телемата повеќе од нас телемитите, ако си тука да лечиш фрустрации и да докажуваш како нешто кое не го познаваш е погрешно, повели биди форумскиот Сизиф, однапред ти кажувам дека ќе бидеш прегазен од аргументи како во постот пред малку. Бев коректен, но гледам дека не си тука за дискусија, туку за нешто друго.

Во кој пост?
Ако за тебе е исто сили и Големи Мастори,ќе те оставам да уживаш во победата!
 

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Ова е форум и дебатираме,не гледам причина зошто не би дал коментар за тоа.
Може тебе не ти се допаѓа или не се согласуваш со истото,со разумна дискусија може да се доближат тие разлики,па и на крај секој да си остане на своето треба да се задржи почитата кон соговорникот.
Коментар е едно, носење заклучоци и квалификации нешто сосем десетто. Јас како телемит ти давам конкретен пример што е Волјата а што Љубовта, ти ми велиш дека сум изгубен и заслепен.....и после очекуваш дискусија?
Ако очекуваш почит, тогаш треба и да понудиш почит.

Во овој:
Погрешно! Законот вели пронајди ја твојата најскриена суштина, твојата предодреденост и живеј според неа не попречувајќи им го истото на другите. Ако за тебе тоа е ропство, тогаш нека ти биде.
Втора работа! Тој закон не е ограничен само на меѓучовечките односи, тоа е универзален закон. Љубовта е онаа тенденција или сила која се стреми кон соединување - привлекување, додека Волјата е предодреденоста - суштината.

На пример ако земеш како пример еден атом, ќе видиш дека тој функционира според "Љубов под Волја". Атомот опстојува како структура бидејќи има привлечна сила помеѓу електронот и протонот, сила која преку нивната взаемна активност ги одржува како целина.
Електронот не орбитира околу протонот затоа што има цел или страст за некој резултат, самото орбитирање е негова цел.
Ако за тебе е исто сили и Големи Мастори,ќе те оставам да уживаш во победата!
Значи ти како некој што е надвор од Редот, и се што знае за телемата го дознал од нас....ми кажуваш дека јас грешам и незнам што е што?! Ти сериозен си?
 

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
Коментар е едно, носење заклучоци и квалификации нешто сосем десетто. Јас како телемит ти давам конкретен пример што е Волјата а што Љубовта, ти ми велиш дека сум изгубен и заслепен.....и после очекуваш дискусија?
Ако очекуваш почит, тогаш треба и да понудиш почит.

Гледам уште не си го преболел постот и покрај тоа што реков дека не е се однесува директно на тебе.

Ако не си знаел љубовта како најголема емоција знае да заслепи,а со тоа и волјата добие погрешен правец,односно да извршуваш работи каде на некој друг му исполнуваш волја,а токму таква заслепеност(љубов) да се манифестира како универзален закон за мене е неприфатливо!

п.с.Знам дека ќе кажеш дека ти ја следиш својата волја и не исполнуваш ничија волја на некој друг,но ќе почекам да искоментираш!
 

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Гледам уште не си го преболел постот и покрај тоа што реков дека не е се однесува директно на тебе.

Ако не си знаел љубовта како најголема емоција знае да заслепи,а со тоа и волјата добие погрешен правец,односно да извршуваш работи каде на некој друг му исполнуваш волја,а токму таква заслепеност(љубов) да се манифестира како универзален закон за мене е неприфатливо!

п.с.Знам дека ќе кажеш дека ти ја следиш својата волја и не исполнуваш ничија волја на некој друг,но ќе почекам да искоментираш!
Љубовта во телемата, не е емоција, не се работи за љубов во сентиментална смисла! Исто така Волјата не е волја во смисла на желба, туку предодреденост, суштина - динамички аспект на битието. Таа сама за себе е цел. Затоа ти го дадов примерот со атомот, и затоа ти реков дека е универзален закон.
 

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
Љубовта во телемата, не е емоција, не се работи за љубов во сентиментална смисла! Затоа ти го дадов примерот со атомот, и затоа ти реков дека е универзален закон.

Ако љубовта во телемата не е емоција,а вие себеси се нарекувате телемити,зошто толку гневно реагирате?

Ќе дозволиш да продолжиме со темата.

Повеќе прашања немам за Телема!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Ако љубовта во телемата не е емоција,а вие себеси се нарекувате телемити,зошто толку гневно реагирате?

Ќе дозволиш да продолжиме со темата.

Повеќе прашања немам за Телема!
Ако ова за тебе е гневно реагирање, тогаш ти најверојатно Ганди си го сметал за терорист.

Кога сме веќе кај Љубовта, еве еден текст во врска со телемитското значење на нејзината природа:

"Love means union, and is generally used in two contexts:
  1. Union between a point-of-view (you) and one of infinite possibilities in Experience.
  2. Union between opposites, the mystical Union
The second of these instances of Love is treated in 05. Holy Guardian Angel, so we will focus on the first definition.

By this definition, all experiences are instances of Love; every experience is an instance of a point-of-view uniting with a possibility. The Book of the Law states that this must be "love under will." Aleister Crowley explains:

"Needless to say, of course, it is necessary in actual practice to use one’s judgment in choosing the phenomenon which one next proposes to assimilate. One should not necessarily shoot oneself or another out of mere curiosity. The right of choice is with the individual. At the same time it should be remembered that “The word of Sin is Restriction' [The Book of the Law, I:41]. No other individual has any right to determine or restrict the choice of another except in such cases as the experience of one includes for all practical purposes the experience of the other; as in the case of parents and young children."

Се разбира и линкче до сајтот, за оние кои ги интересира повеќе: https://sites.google.com/site/thelemaforbeginners/home/4-love
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хептаграм XI

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com

Одлично штом го посетуваш блогот. Добро е :) Наскоро ќе има нешто ново... следи ме таму.

Не е работата за несогласување или согласување... туку за начинот на кој ти не се согласуваш со нешто што не го познаваш и си немал пракса во животот да видиш како е на дело. Философирајќи и зборувајќи за Телемата не те прави ништо подобар...
Ти дојде и суптилно ми велиш како Телемата заробува, уништува, љубовта ќе те заслепи, па ете јас сум пијан егоист... Кај така? На пазар може вака кога купуваш пипер. Твојата пракса и Телемата на дело е еднакво на нула. Затоа и крајниот импулс на твоето разбирање е нула, погрешно.

Тоа од почеток го велам. Ти велам ете ти го Liber Resh, ти ме заморуваш со глупи муабети. Сакаш да се бркаме тука со траскање зелени. Види навистина како е и што е. Не ти велам: верувај, така е. ТИ велам оди и запоти се малку, не трчај наоколу со дефиниции, за кои немаш ни формули ни ништо. Може после искуството сепак Телемата и да не е за тебе, но ќе имаш многу поголемо разбирање, секако поголемо од ова сега, што изначитав на овие неколку страници!

Законот е универзален. Нема што да прифаќаш или не прифаќаш. И гравитацијта е универзална, ти сепак имаш право да ја прифатиш или не. Прави што ти е волја нели ;) НЕ се плаши, љубовта не може да заслепи, тоа само желбите, кои се дрогата на умот. Така велат некои јогини таму од истокот.

Не ми е грижа која религија си, не си ласкај со религиите... НЕ сум голем љубител на религиите па да ценам човек по неговите верувања.
Не си Телемит, тоа ми е доволно за да знам како да ти одговорам, а да не издадам тоа што Редот го прави да е ТАЕН Ред.

Имаше еден на Кајгана беше се - од сите религии сешто, се нешто Телемата му беше крива, сите Телемити криви и за никаде, а врска немаше од Телема и пракса. Мала светска религија беше тој. И тука гледам досадувал, па го банирале. Да не си ти тој? :) Да си прашам бидејќи и тој така велеше, како тебе: не знаеш која религија сум, ќе те оставам да се помачиш. Треба да проверат администраторите да не си истиот со два user-а!

Благодарам, од човек круна не примам! Ниту пак некој Крал наведнува глава за да му се стави круна! Не знаеш дека треба рбетот да е исправен и столбот зајакнат за да остане кралот, КРАЛ! Ништо не си научил, ништо!

Кетер ми е помил отколку Малкут! Иако Кетер е во Малкут, исто како што Малкут е во Кетер! Малку кабалистички философии :)
Повели клекни за да ти дадам орден за тролање по темава (bravo)

П.С. Abraxas јас сум пола-Ганди :)
 

Шмекси

Истакнат Член
15 февруари 2012
1,133
1,068
113
Скопје
www.statik-group.com
Мене ме интересира нешто.
Ова телемитиве, непрофитабилна организација сте? Или како што се водите? Кои се условите за членство? Заработувате ли од оваа ваша Волја, или го правите само затоа што ви е волја?
 

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Мене ме интересира нешто.
Ова телемитиве, непрофитабилна организација сте? Или како што се водите? Кои се условите за членство? Заработувате ли од оваа ваша Волја, или го правите само затоа што ви е волја?
Шмекси, со тебе нели муабетевме на Кајгана?

О.Т.О. е непрофитна организација - според законите. Услови за членство е кандидатот да е полнолетен, да најде двајца иницијанти кои ќе гарантираат за него и да нема кривично досие. Тоа е тоа.

Кое е тоа што ние го правиме па прашуваш за заработувачка? Инаку, да заработувам од мојата чиста волја која ме води низ животов, работам тоа што ми е волја и добро сум платен. Чистата волја не е шега! Се рефлектира од најматеријалното до ултра-метафизичкото, ако може така да кажам :)

А ако прашуваш дали некој ми плаќа за мојот обид за да вие добиете подобри информации во врска со Редот и Телемата и да ја тргнеме од магливата македонска категорија „мистерии“ целата оваа тема, или пак моите обиди да ги разобличам лагите или пак незнаењето на некои неиницирани во врска со Телемата, не, никој не плаќа ништо. Не ни треба да ме плаќа, ниту бара да ме плаќа некој. Тоа го права бидејќи можам а и мислам дека треба да се малку „покажат заби“ кон оние кои сешто пишуваат за Телемата, без искуство, а и без истражување.
Задоволен од одговорот?

Не сум вработен во О.Т.О., ами сум член таму, иницијант поточно :)