Телема

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Законот ОСЛОБОДУВА момак, ако тебе ти е робство, твој проблем. :) Бреј што си негативен во однос на Законот :) Не допрела Книгата на Законот до тебе како што си мислев :(
Врти сучи - Законот е се најлошо. Бреј, само негативци...

Ќе си наштетам ако ја коментирам „Книгата на Законот“ :) Тешко ти да може да наштетиш, освен можеби себе си да си наштетиш... И ти си по се изгледа еден од многуте по нет просторот кој што се обидува да сруши еден универзален закон кој што го мрази и не му лежи на душа. Повели, пукај.
Иако уште не разбирам што се заморуваш со Телемата кога не ја поднесуваш и ја сметаш преку своето разбирање за робство. Хм... сакаш јас или Abraxas да ти докажеме дека е слобода, љубов, живот, светлина?

Мислиш дека следењето на Законот те заробува...? Прави што ти е волја и тоа нека биде целиот закон те заробуава? Љубовта е закон, љубов под волја, те заробува?
Законот дава слобода, но тоа не те ослободува од последицата! Затоа и не добиваш коментари од мене за Liber AL, ами вака си философираме округло па во ќош! Се разбираме али не? :)

И не ми одговори, до кај си со праксите, како заклучи дека Телемата би те поробила? Како те тебе пороби Liber AL? Хм? (facepalm)


И ќе дојде нов Магус со нов Збор на Еонот. Но тоа некогаш во далечната иднина, кога ќе дојде пак Еквиноскот на Боговите ;)

И не прифаќај ништо здраво за готово! На работа, на труд... и дојди до знаењето по кое копнееш!
 

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91

Законот не ослободува,само заробува.
Единствено нешто што може да те ослободи е смртта.

Некаде спомнав дека книгата не допре до мене,не делува,премногу е слаба,проѕирна.
И книга не може да биде лоша,може само лугето да бидат лоши,а книгата да им биде причина за тоа.

Не знам зошто постојано спомнуваш нешто за други по нет,ти реков ѕведите нека ти кажат.

Од тоа што прочитав,кажав што имав да кажам за Телема,ако тебе тоа не ти се допаѓа тоа е твој проблем.
Ако некој филозофира округло па на ќоше, си ти.
Секогаш на одговорите идеш директно со реплика на соговорникот,а не на темата.

Прави што ти е волја,но не се мешај во волјата на другите.И тоа нека биде целиот закон.

Преформулирајте го законот вака!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Законот не ослободува,само заробува.
Единствено нешто што може да те ослободи е смртта.
Погрешно! Законот вели пронајди ја твојата најскриена суштина, твојата предодреденост и живеј според неа не попречувајќи им го истото на другите. Ако за тебе тоа е ропство, тогаш нека ти биде.
Втора работа! Тој закон не е ограничен само на меѓучовечките односи, тоа е универзален закон. Љубовта е онаа тенденција или сила која се стреми кон соединување - привлекување, додека Волјата е предодреденоста - суштината.

На пример ако земеш како пример еден атом, ќе видиш дека тој функционира според "Љубов под Волја". Атомот опстојува како структура бидејќи има привлечна сила помеѓу електронот и протонот, сила која преку нивната взаемна активност ги одржува како целина.
Електронот не орбитира околу протонот затоа што има цел или страст за некој резултат, самото орбитирање е негова цел.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хептаграм XI

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com

(n)
Ете така :) Гледаш зошто доби уште од почеток добар третман од мене? А ти се жалеше безпотребно. Добро сум те прочитал ;)
Мене ми е сеедно некој што вели за Телемата, Кроули, Редот :) Реков дека тука и на Кајгана пишувам за да читаат и идните истражувачи, не се однесуваат одговорите само на виртуелниот лик со кој моментално зборувам!

Мене ми е битно јас да го одам МОЈОТ ПАТ кој што сум го избрал со мојата ЧИСТА ВОЛЈА неослабната од страста за резултат. Ова би требало секому да му е најбитно според мене!
Ти си минлива променлива во однос на мене, мојата чиста волја - НЕ!

Ајде да објасниме и на идните читатели:

Кога ќе го прифатиш Законот, се обврзуваш тоа што важи за тебе и те прави Крал, важи и за друг. Така да тоа дека лоши луѓе ќе го искористат Законот за да си ги оправдаат делата, го знаеме тоа! Луѓето секогаш бараат некое оправдување! Законот е толку добро скован, што ги разоткрива злобните, оние кои сакаат да владеат преку страв, незнаење, робство врз човекот! Тие го мразат Законот и сакаат по секоја цена да го сменат! Зошто? Бидејќи се плашат од слободата на другите! Лесно ќе ги препознаваш таквите кога доволно добро ќе ти легне Законот во секојдневните движења низ искушенијата на Нуит! ;)

Нормално дека одам на реплика на соговорникот и разоткривање на неговите грешки... не можам со Телемата да си правам муабет!

Законот Е: ПРАВИ ШТО ТИ Е ВОЛЈА И ТОА НЕКА БИДЕ ЦЕЛИОТ ЗАКОН! ЉУБОВТА Е ЗАКОН, ЉУБОВ ПОД ВОЛЈА!

Не може туку така да се менува или додава било што во Законот! Објаснувања има на овие две реченици насекаде: од „Магика без Солзи“, „Мали есеи за вистината“, „Магика - Книга 4“, „Еквинокс“... Нема потреба од додавања и калемења кога Законот е јасен! Јасен ти е и тебе, само нема што да правиш во однос на тоа освен да бидеш она што си! Телема, човеку! :)

Не знам што си прочитал, но по се изгледа е премногу малку, за пракса и да не зборувам... ТИ си заглавил во писанијата што ги читаш по форуми и нет! Така не само што ќе го замразиш Законот, ами и виртуелниот лик со кој ете сега збориш! Не така!

Каде може на македонски јазик да прочиташ за Законот, ако не сакаш книги и пракси?
  1. Телема – За должноста
  2. Законот на Слободата
  3. Еквинокс на Боговите – VIII
  4. Порака на Мајсторот Терион
  5. О.Т.О. Македонија
Иако те советувам добронамерно, 31 ден Liber Resh, онака, за почеток!
П.С. Abraxas , многу колоритно море :) Мора да се научам и јас така :) Може ќе ми излезе текстот од далкеу како Ѕвезда со Круг :)
 

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
П.С. Abraxas , многу колоритно море :) Мора да се научам и јас така :) Може ќе ми излезе текстот од далкеу како Ѕвезда со Круг :)
Па изгледа ќе морам визуелно да ги поврзувам поентите.....што би се рекло - "да цртам". :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хептаграм XI

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
Погрешно! Законот вели пронајди ја твојата најскриена суштина, твојата предодреденост и живеј според неа не попречувајќи им го истото на другите.

Втора работа! Тој закон не е ограничен само на меѓучовечките односи, тоа е универзален закон. Љубовта е онаа тенденција или сила која се стреми кон соединување - привлекување, додека Волјата е предодреденоста - суштината.


На пример ако земеш како пример еден атом, ќе видиш дека тој функционира според "Љубов под Волја". Атомот опстојува како структура бидејќи има привлечна сила помеѓу електронот и протонот, сила која преку нивната взаемна активност ги одржува како целина.
Електронот не орбитира околу протонот затоа што има цел или страст за некој резултат, самото орбитирање е негова цел.

Тоа го вика законот?????!!!!!!!
Треба долго и нашироко ова да го дебатираме и мислам дека нема да најдеме заедничи јазик.
Има многу различни влијанија на човековата душа од симболи,знаци,доживувања,книги и треба да знеш како тоа влијае во самата свест кај човекот.
Како што ти си прифатил закон кој така вели,а вели дека ти си изгубен,така и ќе се доживуваш,бркајќи ја сенката во себе и твоето вртење во круг е твојата цел.

Зборуваш заслепено,ако постои универзален закон ЗА ТЕБЕ,ќе постои и УНИВЕРЗАЛНА КАЗНА како последица од тој закон.

Вие сте против народот О,мој избрани!;)
 

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Па изгледа ќе морам визуелно да ги поврзувам поентите.....што би се рекло - "да цртам". :)

Што ќе црташ, батали :)
Да почнеме со слики и со цитати?

thelema-quotes-aleister-crowley.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Abraxas

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Тоа го вика законот?????!!!!!!!
Треба долго и нашироко ова да го дебатираме и мислам дека нема да најдеме заедничи јазик.
Има многу различни влијанија на човековата душа од симболи,знаци,доживувања,книги и треба да знеш како тоа влијае во самата свест кај човекот.
Како што ти си прифатил закон кој така вели,а вели дека ти си изгубен,така и ќе се доживуваш,бркајќи ја сенката во себе и твоето вртење во круг е твојата цел.

Зборуваш заслепено,ако постои универзален закон ЗА ТЕБЕ,ќе постои и УНИВЕРЗАЛНА КАЗНА како последица од тој закон.

Вие сте против народот О,мој избрани!;)
Сега си познавач и експерт за мојот психолошки профил? Наместо за темата, почна да дискутираш за соговорникот? Од каде ми е ова познато.....?! А да! Од овде:
Секогаш на одговорите идеш директно со реплика на соговорникот,а не на темата.
Ти неможеш да ја познаваш телемата повеќе од нас телемитите, ако си тука да лечиш фрустрации и да докажуваш како нешто кое не го познаваш е погрешно, повели биди форумскиот Сизиф, однапред ти кажувам дека ќе бидеш прегазен од аргументи како во постот пред малку. Бев коректен, но гледам дека не си тука за дискусија, туку за нешто друго.
 

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
(n)
Ете така :) Гледаш зошто доби уште од почеток добар третман од мене? А ти се жалеше безпотребно. Добро сум те прочитал ;)
Мене ми е сеедно некој што вели за Телемата, Кроули, Редот :) Реков дека тука и на Кајгана пишувам за да читаат и идните истражувачи, не се однесуваат одговорите само на виртуелниот лик со кој моментално зборувам!

Мене ми е битно јас да го одам МОЈОТ ПАТ кој што сум го избрал со мојата ЧИСТА ВОЛЈА неослабната од страста за резултат. Ова би требало секому да му е најбитно според мене!
Ти си минлива променлива во однос на мене, мојата чиста волја - НЕ!


Реков јас дека некој книги се многу опасни ако дојдат во погрешни раце,со што самите стануваат голема опасност бидејќи "мојот пат","мојата волја" ќе им стане поголем приоритет од Човештвото пред с'е.
Убаво сум те прочитал уште на почетокот,пијан егоисту.(facepalm)

Оди бројси посетители на блогот и исполија твојата волја!

Сега си познавач и експерт за мојот психолошки профил? Наместо за темата, почна да дискутираш за соговорникот? Од каде ми е ова познато.....?! А да! Од овде:

Ти неможеш да ја познаваш телемата повеќе од нас телемитите, ако си тука да лечиш фрустрации и да докажуваш како нешто кое не го познаваш е погрешно, повели биди форумскиот Сизиф, однапред ти кажувам дека ќе бидеш прегазен од аргументи како во постот пред малку. Бев коректен, но гледам дека не си тука за дискусија, туку за нешто друго.

Не беше тоа профил на тебе,туку на законот,читај малку подобро.
Тоа го вика самиот закон да ја пронајдеш својата вистинска волја,а кој ја изгубил ќе се препознае во законот и ќе го прифати како универзален.
Извини ако се препозна во постот,не се однесуваше директно на тебе!
 

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com

Ај сега де, и пијан и егоист :) Се што кажа претходно падна во вода со овие дефиниции за мене. Без нервирања... блогот гледам ти боди во очи! Внимавај, не оди на блогот!

Дојде да ми кажуваш каков сум, што сум? Реков дека читајќи само форуми ќе го замразиш и Законот, а и ете виртуелниот лик кој го читаш како Хептаграм! Омраза - НЕ! Ништо не правиме со писанија како овие твоите... суптилни навредувања, па прави она, прави ова... Глупости!

Ако се плашиш да го одиш својот пат, и следиш нечиј друг - на пример сите запнале со некаков си Исусов пат - мир со тебе - терај си го тој пат! Јас имам мој, некој друг исто така... Секоја Ѕвезда има пат! И мора да го оди тој пат, секое настранување е болка и залудно потрошена енергија.
Ти имаш проблем со тоа а? Штета... не бидува од тебе слободен човек! Ти сигурно си закован на крст со клинци на кои пишува ГРЕВ! :)

Ако најдеш на друго место каде што пишува за телема, О.Т.О. и магика, на македонски јазик, слободно сподели! НЕ мора да е блогот Хептаграм XI, ок?
Ама ако не најдеш, да си молчиш бидејќи некој се потрудил да ја доближи Телемата, праксите, Редот - до македонскиот истражувач!
Биди малку благодарен, инаку како ќе се појавеше ти како лик тука?