Последен гледан филм со рецензија

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
Prom Night
Интересно филмче за тепање време.Ричард Фентон е опседнат со неговата ученичка Дона Кепел,барајќи ја го убива нејзиното семејство и оди во затвор.По три години,Дона сеуште не може да го заборави настанот кој го одбележал нејзиниот живот.На денот на нејзината матурска вечер,Ричард бега од затвор и оди во хотелот каде треба да се одржи матурската.Не е многу страшен,така да можат да го гледат и оние кои не се љубители на хорор филмови.
Тоа што не ми се допадна е почетокот на филмот.Ричард ја бара Дона а таа се крие под креветот.Овој вели каде е Дона а девојчево става прст на устата демек шшт не кажувај.Го убиваат нејзиното семејство пред нејзини очи а таа гледа само како да се спасе себеси,тотално безвеза.Наместо да испадне под кревет да ги спасе сите...некако ми е чкљ.

Prom_Night.jpg
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Safe haven
Млада девојка бегајќи од законот, себеси се пронаоѓа во едно мало градче далеку од се. Барем така мислите на почетокот. Но....
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Gemini

Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas
Dead man down
Тој влегува како член во опасна мафија која ги има убиено неговите жена и дете, со цел да го освети своето семејство. Многу убав филм, прекрасен.Го препорачувам.
dead_man_down_ver5_xlg.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Gemini

Slims

Активен Член
19 април 2012
192
177
43
Up in smoke
Филм кој по тема и содржина е сличен на How High и Friday триологијата со Ice Cube.
Педро, џанки родител, паѓа на „камуфлажата“ на Ентони Мен кој стопира како жена, и му нуди превоз и со тоа ја започнуваат нивната авантура. Ги брка полиција, ги депортираат во Мексико од каде што за влез во Америка избираат едно комбе направено од марихуана кое е на мета на полицајците кои по грешка ги апсат чесните калуѓерки.. и уште многу хај лудории.
Добар избор за со друштво како замена за тепање бош муабети. :D
 

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
Последно што гледав е Midnight in Paris (2011).
Фино филмче во глобала.
Сценариото ми беше супер.
Прекрасни кадри од Париз.
Добра екипа. Вуди Ален - сценарист и режисер. Овен Вилсон и Рејчел МекАдамс во главните улоги.
Фин спој на фантазијата како жанр и романтичните комедии.
Посебно кадрите од Париз ми оставија впечаток.
Инаку во филмот се работи за еден сценарист (Вилсон) кој е во Париз со својата свршеница и секоја вечер мистериозно патува во 1920-тите и се запознава со своите идоли.
Добро филмче за релаксација. Оцена 8.5/10
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: foREVer and Saladin

Viktor k

Староседелец
4 мај 2012
827
537
1,103
34
Скопје
Now You See Me
Прекрасен филм ! Еден од подобрите крими филмови плус присуството на Морган Фриман го највуваше тоа. Филмот говори за четворица магионичари кои ќе изведат трик за наводен грабеж на банка во Париз додека тие се во Лас Вегас. Заплетот се случува кога се открива дека грабежот навистина се случилГлавните осомничени се тие заради картата и билетот од шуто.. , а главното прашање е како успеале во тоа! Главните осомничени се тие заради картата и билетот од шуто. Што се понатаму ќе се случи би ве оставил да погледнете ако сте љубители на магијата и крими филмовите овој мора да се погледне иако засега има само кино снимка со лош звук. Ми се допадна филмот од многу аспекти чиста 10.
 

Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas
Your highness - Многу добра комедија, кога едниот син решава да се жени доаѓа ѓаволот и ја грабнува невестата, сега принцот и својот (малку глуп) брат одат да ја најдат.
220px-Your_Highness_Poster.jpg


Oz the great and powerful - Во Оз чекаат да пристигне новиот волшебник кој е наследник на кралството, но место вистинскиот им дојде друг. Интересен филм и нормално глумецот е уште поинтересен па заради него го изгледав и горниот филм.
27966.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Viktor k

Viktor k

Староседелец
4 мај 2012
827
537
1,103
34
Скопје
Phohe Booth
Филмови со ваква тематика има многу и се се тешка психологија :) Овде се зборува за еден дечко Стју кој ќе одговори на телефонски повик на една говорница. Соговорникот го условува да почне да ја збори вистината или ќе го убие. Добар за тепање време сличен е на Egzam .
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп*

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
The call (2013)
image.axd

Со оглед на тоа што американската кинематографија отапува секојдневно со нови квази-комедии за кои треба да те скокотнат за да се намсееш, како и правење римејк од веќе докажани филмови, филмов баш позитивно ме изненади.
Еден од подобрите направени во последно време. Интересни пресврти, иако малку предвидливи.
Џордан е операторка за сервисите на 911 и секојдневно се справува со најразлични повици.
По неуспешен повик кој резултира со смрт по нејзина вина, таа се одлучува да се повлече од позицијата. Шест месеци подоцна, се наоѓа во ситуација кога повторно презема одговорност за повик речиси идентичен со кобниот од претходно.
Сакам вакви филмови кај што има акција од почеток до крај и неизвесност која те тера да си ги грицкаш ноктите. Иако има тук и таму по некоја ситна нелогичност, предобро е склопен. Имате психопат, жртва, херој и пресврт.
Хали ми е перфектна за филмови ко Готика и овој. Препорачувам. (y)
Солидна 9ка.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Viktor k

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,389
1,133
Yellow submarine
Behind the Candelabra

Интересна комплексна љубовна приказна, која се одвива во периодот помеѓу 1977 - 1986 и ја прати врската на тогаш најплатениот забавувач ( како таков го дефинираат), пијанистот Либераче и неговиот многу помлад љубовник Скот.
Либераче веќе е во петтата деценија од својот живот, и живее во раскош, пари, слава, но тој е хомосексуалец и иако се шпекулира помеѓу оние кои го знаат, тој никогаш не признал јавно со оглед на конзервативната средина која е специфична за тој временски период. Вистината е дека е премногу осамен, зашто и покрај сите матријални благодети кои ги ужива, нема вистинска љубов, а нема ни дете кое го посакува повеќе од се.
Го запознава Скот, кој има 17 год. и го зема под своја закрила. Му нуди убаво платена работа, како негов личен асистент и така стануваат љубовници, а нивната врска ја пратат издигнувања, падови, стресни ситуации...

Иако на почетокот ми беше малку досаден, сепак филмот е едно парче кое вреди да се погледне, да му се посвети внимание. Отвора многу прашања, поставува дилеми, покажува колку длабока или плитка може да биде сопствената дефиниција за љубов, до каде сме спремни да задоволиме нечии потреби или да ја прикриеме маската дека всушност ја пополнуваме сопствената празнина...
Има и одлична актерска екипа, која перфектно е соживеана со улогите.
Еве ви трејлер, па на кој му е кејф нека повели. Од мене оценка 9/10.

Ова е вистинска приказна и филмов е направен според автобиографското дело на Скот, во кое го опишува неговиот живот со Либерачи.