Погрешен заклучок си добил. Јас во тоа решение ги препознав сопствените ставови и светоглед, не ги превзедов.
На тој начин и станав иницијант, за тие што ме познаваат лично, добро е познато дека уште и пред да знам за телемата, јас сум размислувал на сличен начин. Моите ставови сеуште постојат на неколку форуми, во период кога ниту сум бил иницијант, ниту сум бил запознат со телемата и О.Т.О, а сепак речиси ништо не е сменето во нив.
Ако продолжиме ќе излеземе од темата,бидејќи тема не е Abraxas,но како што разбрав, ти си се барал себеси и си ја препознал својата чиста Вистинска Волја од кој произлегле твоите ставови и светоглед во Телема,од кој пак излегол закон кој го отпочнал новиот Еон и сето тоа е дел од Божјата Волја бидејќи цитирам ..Вистинската чиста Волја е дел од божјата а со тоа и еднаква на неа. завршен цитат.
Добро,ти си знаеш.
Да се вратиме на темата Телема.
Дали има хиерархија и ако има,како е поставена во Телема?
Морам само да те исправам во врска со ова. Чистата - вистинска Волја не е стремеж туку предодреденост, бидејќи стремежот подразбира постигнување на цел - резултат, а чистата Волја е ослободена од страст за резултат, таа е "резултатот".
Ја прифаќам твојата забелешка,во право си.