Телема

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
Одлично си разбрал :)
Само не би рекол, дека "шириме" учење, сватено на начин на кој останатите религии го прават тоа со цел да се има што поголем број на следбеници. Во овој случај целта не е телемитот ба биде само статистички податок.

Во ред,може употребив погрешен термин,но сепак себеси се промовирате преку блогови,форуми и книги.

Дали вашиот термин на Вистинска Воља е ист со некој други групи кој имаат термин на Себе осознавање?
 
Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net

Телемата е наменета за сите, членството или иницијацијата не е.
Јас лично сметам дека многу религиозни, политички и социјални проблеми кој реално постојат денес можат да бидат решени со примена на законот на телема затоа и го поддржувам нејзиното промовирање.

Што се однесува до тоа дали постојат исти концепции за вистинска Волја скриени во поинакви терминологии, не би шпекулирал затоа што немам доволно информации за истите.
 
Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
Телемата е наменета за сите, членството или иницијацијата не е.
Јас лично сметам дека многу религиозни, политички и социјални проблеми кој реално постојат денес можат да бидат решени со примена на законот на телема затоа и го поддржувам нејзиното промовирање.
Ако е твоја Вистинска Волја да бидеш промотор, тогаш истото ќе го почитувам.
Но,дали со тоа што сакаш или сметаш дека цитирам многу религиозни, политички и социјални проблеми кој реално постојат денес можат да бидат решени со примена на законот на телема завршен цитат, си ставаш грев на себе бидејќи Гревот е Ограничување,т.с. ставот дека само со принципот на една група во случајот Телема ќе биде решено с'е,се ограничуваш себеси.

Незнам можеби грешам,но го читам тоа што се пишува во однос на Телема.

Добро е да се промовира Човештвото пред све,но да се даваат мегаломански изјави од типот "со примена на законот на телема" можат да се решат проблемите во општеството, делува како слепа вера.

Колку луѓе во Македонија се членови во Телема?
Ќе те разберам доколку нема да сакаш да одговориш.
 
Не разбирам како би се ограничил себеси доколку сметам одредена опција за решение на одредени проблеми во општеството. Исто така негледам што е мегаломанско во мојот став дека законот би решил многу проблеми кој постојат денес.....
Впрочем ако се погледне Liber Oz и уставниот поредок на демократските земји, не е тешко да се забележи влијанието на новиот Еон. По објавата на законот, жените добија рамноправност која и ден денеска се прославува на 8-ми март, почна да се почитува правото на слободно изразување и мисла, хомосексуалноста престана да се смета за кривично дело....итн, итн. Значи не се работи за слепа верба, туку за процес.

Малку погрешно ти е поставено прашањето, телемата е езотериски систем а не организација во која се членува. Во Македонија има членови на Редот или братството - Ordo Templi Orientis - О.Т.О. Бројот на членовите мислам дека не е битен за дискусијата на оваа тема.
 
Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
Не разбирам како би се ограничил себеси доколку сметам одредена опција за решение на одредени проблеми во општеството. Исто така негледам што е мегаломанско во мојот став дека законот би решил многу проблеми кој постојат денес.....
Ограничувањето се состои во тоа што се смета за решение само една одредена опција,но во ред тоа е твоја Волја или можеби не е твоја!
Впрочем ако се погледне Liber Oz и уставниот поредок на демократските земји, не е тешко да се забележи влијанието на новиот Еон. По објавата на законот, жените добија рамноправност која и ден денеска се прославува на 8-ми март, почна да се почитува правото на слободно изразување и мисла, хомосексуалноста престана да се смета за кривично дело....итн, итн. Значи не се работи за слепа верба, туку за процес.

Значи од објавувањето на законот отпочна новиот Еон како процес на случувања кој треба да го променат општествениот живот,кој ти го препозна како твоја волја и истиот го ќе го понудиш како решение кој неминовно е дел од процес во кој сите луѓе ќе завршат.
Твојата Вистинска Волја ја изгуби смислата!

Ако предходно добро сум разбрал,сега веќе ништо не разбирам.:eek

Може да ми посочиш некој книги од Телема.
И дали може да се најдат тука во нашите книжари?
 
Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Ограничувањето се состои во тоа што се смета за решение само една одредена опција,но во ред тоа е твоја Волја или можеби не е твоја!
Па вистинската - чиста Волја секогаш е одредена - конкретна опција. Кого или што ограничувам јас со тоа што го сметам тој систем за адекватно решение? Значи "гревот" е ограничувањето на оваа чиста - вистинска Волја. Ако зборувавме за слободна волја (можност да бираш повеќе опции), тогаш конкретна опција би била ограничување, но тоа се два тотално различни концепти.
Значи од објавувањето на законот отпочна новиот Еон како процес на случувања кој треба да го променат општествениот живот,кој ти го препозна како твоја волја и истиот го ќе го понудиш како решение кој неминовно е дел од процес во кој сите луѓе ќе завршат.
Твојата Вистинска Волја ја изгуби смислата!
Вистинската чиста Волја е дел од божјата а со тоа и еднаква на неа. Така да незнам како дојде до заклучокот дека мојата Волја ја изгубила смислата.
Ако предходно добро сум разбрал,сега веќе ништо не разбирам.:eek

Може да ми посочиш некој книги од Телема.
И дали може да се најдат тука во нашите книжари?
Секако дека можам. Побарај ги "Законот е за сите", "Магика без солзи" и "Препород на магиката" од Алистер Кроули. Можеш да ги најдеш сите три во книжарата Топер во ГТЦ.
 
Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
Па вистинската - чиста Волја секогаш е одредена - конкретна опција. Кого или што ограничувам јас со тоа што го сметам тој систем за адекватно решение? Значи "гревот" е ограничувањето на оваа чиста - вистинска Волја. Ако зборувавме за слободна волја (можност да бираш повеќе опции), тогаш конкретна опција би била ограничување, но тоа се два тотално различни концепти.

Вистинската чиста Волја е дел од божјата а со тоа и еднаква на неа. Така да незнам како дојде до заклучокот дека мојата Волја ја изгубила смислата.
Чиста Вистинска Волја јас ја разбирам како дел од човекот која е силен стремеж кон одреден правец од науката,уметноста,културата,астрономијата,психологијата и други нешта.
Таа чиста Волја е нешто преку кое се искажуваш самиот себе,преку своите слики,компонирани музики,хемиски или физички процеси...и ред други работи,без да бараш потврда од другите,да наметнуваш или да бидеш награда.Светот заостанува далеку позади твојата Чиста и Вистинаска Волја
Луѓето можеби ќе ја разбираат после многу години,ќе биде предмет на шпекулации и дискусии.
Но,Твојата Волја останува само лично Твоја и ничија друга не може да ја замени.

Како што гледам тоа се променило,некое адвекатно решение дадено од некој, стана Волја на друг!

Секако дека можам. Побарај ги "Законот е за сите", "Магика без солзи" и "Препород на магиката" од Алистер Кроули. Можеш да ги најдеш сите три во книжарата Топер во ГТЦ.

Ти благодарам за понудените книги,ќе се потрудам да ги најдам.
 
Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Како што гледам тоа се променило,некое адвекатно решение дадено од некој, стана Волја на друг!
Погрешен заклучок си добил. Јас во тоа решение ги препознав сопствените ставови и светоглед, не ги превзедов.
На тој начин и станав иницијант, за тие што ме познаваат лично, добро е познато дека уште и пред да знам за телемата, јас сум размислувал на сличен начин. Моите ставови сеуште постојат на неколку форуми, во период кога ниту сум бил иницијант, ниту сум бил запознат со телемата и О.Т.О, а сепак речиси ништо не е сменето во нив.

Чиста Вистинска Волја јас ја разбирам како дел од човекот која е силен стремеж кон одреден правец од науката,уметноста,културата,астрономијата,психологијата и други нешта.
Морам само да те исправам во врска со ова. Чистата - вистинска Волја не е стремеж туку предодреденост, бидејќи стремежот подразбира постигнување на цел - резултат, а чистата Волја е ослободена од страст за резултат, таа е "резултатот".
 
коста

Истакнат Член
21 мај 2013
145
61
328
36
Секоја друга религија освен православното христијанство е голем грев и веднас треба да биде забранета.