И да не ќе им биде добро во странство кај нашите шефови?
Ќе ги искористат до максимум.
Шо збореш бе?
А дали во македонија не те користат до максимум?
за 130-200 евра?
Не фала, тоа што зборувам е точно и од мое искуство. Работев по 14 саати за 1000 евра, еден ден во неделата слободен. Работев кај газда по потекло прилепчанец а со бизнис во Леверкусен - Германија. Последните дваипол месеци веќе плата немаше дадено и така лека полека видов дека не бидува и си побарав друга работа. пола со кавги ги додаде а пола не но барем научив доста работи како одат со сместување, што бараат како бараат, па гевербе...т.е.за работа што
ми треба кои документи, што бараат ако ти дојдат во контрола итн итн, да не гњавам.
Но едно научив. СЕГА ЗНАМ ДЕКА ВО МАКЕДОНИЈА НЕМА ТЕОРЕТСКИ ШАНСИ ДА РАБОТАМ ЗА 200 ЕВРА НИКОГАШ ПОВЕЌЕ ВО МОЈОТ ЖИВОТ!!!
И ми стана јасно зошто толку години работев во мк а ништо не успеав да заштедам.