Па со самото тоа што она размислува со кого да биде, она веќе пола работа ја завршила.Ја изневерила довербата кај нејзиниот сегашен партнер.
Мразам луѓе што немаат свое јас и што не знаат што сакаат.
Ако веќе била 3 години со него, тогаш би требало да знае што сака и кон што цели со него.
Најмногу ќе ми биде мило, да го откачи сегашниот дечко, да се фати со тој и тој да ја искористи и да ја фрли.Да дојде денот кога пак ќе сака да се смири со поранешниот дечко и он да ја откачи.
Зошто така ги гледаш работите?
Таа ништо и никого не изневерила...и напротив знае што сака...млада е, сака да биде среќна, да и е забавно....
И сама си кажа дека си го сака дечкото ама и’ станало монотоно...а за тоа да се разбереме се и двајцата криви и таа и тој...
Ама баш таа монотонија ја навела да помисли на друг кој веќе е загреан за неа, па почнала да размислува за друга опција...
Не е тоа грев...
Не гледам дека некого изневерила...а нормално е да размислува за друга опција ако во моменталната врска не и е како што треба...
Релативно е млада, а и не е венчана за сегашниот...не мора да значи дека по секоја цена мора да остане со него само затоа што биле заедно три години...јака причина...со време се менуваат работите, така се смениле и кај неа и во нивната врска...ако била пред 1 година среќна, сега не е...
Што е подобро според тебе, да остане со него и да не го сака, а лицемерно да ја тера врската или чесно да му раскине и секој на своја страна да си продолжат со животите и да си ја бараат среќата на друго место ?