Љубовни проблеми

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
3 години хмм
Па и не се малку да се фрлат во вода
И да го оставиш стариот да почнеш нова врска што ако не биде успешна?
Тогаш ке изгубиш многу
Држи го врапчето во рака,гулабот можеби ке остане на гранка и нема да се симне
Не би рекла.
Додека размислува на друг нешто не е како треба.
Ќе направи грешка?
Ништо страшно,од грешките се учи или не?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Coci8

Coci8

Староседелец
26 април 2013
106
55
1,038
42
Skopje
Или евентуално паузирај малце од врската види како ќе ти биде дали ке можеш без него
Па тогаш размислувај за другиот
 

bannAna

Нов член
4 мај 2013
7
1
3
Или евентуално паузирај малце од врската види како ќе ти биде дали ке можеш без него
Па тогаш размислувај за другиот
Не сум баш сигурна дека ќе прифати пауза.. а и малку е потешко тоа бидејќи сеуште трае академскава година а ние исто како заедно да живееме... и на факс се среќаваме...
 

Coci8

Староседелец
26 април 2013
106
55
1,038
42
Skopje
Не сум баш сигурна дека ќе прифати пауза.. а и малку е потешко тоа бидејќи сеуште трае академскава година а ние исто како заедно да живееме... и на факс се среќаваме...
Уффф
немаш многу опции
или да раскинеш па после да "молиш" да му се вратиш
или да останеш да заборавиш на вториот
или да го изневеруваш
додуша тоа и се опциите
мада јас сум машко и не сакам овие работи да ми се дешаваат сепак машко кога ке засака некоја многу тешко ја заборава и продолжува
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

bannAna

Нов член
4 мај 2013
7
1
3
ееее не е страшно, ако веќе нема искри, јас завршив повеќе годишна врска така, монотоно беше и само навиката си го праеше своето..у меѓувреме од никаде се појави една личност ..и така работите сами по себе си одеа, секако дека ќе повредиш некој ама тоа е тоа, ти прави го она што чувствуваш дека треба да го правиш....и тоа шо го сакаш.
До сега немав ни помислено да раскинам... никогаш сме немале посериозна кавга, само онака за глупости сме се расправале. Добар човек е, предобар. Било кога да сум имала проблеми бил тука за мене, се разбира и јас за него. Ама ете и од почеток ми сметаше што не се "залага" односно остава се така да си тече во врскава, јас најчесто бев таа што нешто поттикнува, спрема, изненадува... Ако нешто направеше е по моја иницијатива :) Ме интересира конкретно за тебе таа личност која се појави кај тебе, беше додека беше во врска или после откако прекина...? И да со тоа некој ќе повредиш... ме потсети дека од тоа најмногу стравувам. (и мојот дечко, и момчево што бара малку надеж за мене...)
 

Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
Совет во овој случај не може да ти даде лице од страна. Само ти самата може да знаеш како се чувствуваш во однос на твојот сегашен дечко и твојата врска со него, и за овој новиот.
Само би ти кажала дека се што е ново и различно е доста поинетересно на краток рок. И тоа што некој изгледа добро, не значи дека е совршен материјал за дечко. Јас би ти препорачала малку да се потрудиш околу врската со дечкото со кого си 3 години, да си се потсетиш што е тоа што ти било интересно кај него, зошто сигурно некогаш сте биле спротивно од монотони во овој 3 годишен период. Доколку нема спас, тогаш безразлика дали постои нова опција, ти ќе треба да ја надминеш таа врска.

Поздрав
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: bannAna

crvenkapa

Староседелец
15 јануари 2013
235
593
1,093
Прво расчисти со себе, дали сакаш да ја прекиниш врската оти ти е досадна или заради новиот тип што се појавил? Во животот секогаш ќе се појавуваат искушенија, не велам дека не треба да се ризикува..но тешко е да се почни нова врска, а уште потешко е да се откажиш од она што го имаш заради малку адреналин. Оти ако се докажи покасно дека овај новиот не ги исполнил очекувањата, ќе го сакаш твојот сегашен дечко многу повеќе од кога и да било во животот, а ако не можиш да се вратиш назад дополнително ќе те боли..така да размисли три пати.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: bannAna and Photographer

Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
Верувај дека ако било се во ред со првиот, овој вториов ќе го гледала само будала што се обидува да направи нешто ама не му успева. Не бара рачки, рачките се тука, само... некогаш од страв да не останеш сам не превземаш акција, а сега кога веќе има „жртва“ се двоуми да превземе акција.

Секоја врска си има нешто кое не е совршено. Тоа е нормално, ниедна врска зад кулисите не е совршена. Љубомора, премалку време, во случајов монотонија. Но, кога ти се јавува проблем во врската, седнуваш, правиш муабет и пробуваш да го решиш, не трчаш кај друг/а во прва прилика кога ќе ти се пружи. Таман работа ако при секој проблем од врската, одеме да се уштешиме кај некој трет.

Таа трпи три години, ама сега тоа и паѓа на памет, кога може да е во прегратки на друг. Не знам, мене не ми е логично. Јас да сум како неа ќе го седнам дечкото и ќе му кажам, слушај вака и вака, почнува да ми е монотоно, не можам само јас да се трудам, сакам да пробаме нешто ново, а не да бидеме како стари сопружници. Нема да го напуштам за првиот со кој ќе ми се пружи прилика.