Верувај дека ако било се во ред со првиот, овој вториов ќе го гледала само будала што се обидува да направи нешто ама не му успева. Не бара рачки, рачките се тука, само... некогаш од страв да не останеш сам не превземаш акција, а сега кога веќе има „жртва“ се двоуми да превземе акција.
Секоја врска си има нешто кое не е совршено. Тоа е нормално, ниедна врска зад кулисите не е совршена. Љубомора, премалку време, во случајов монотонија. Но, кога ти се јавува проблем во врската, седнуваш, правиш муабет и пробуваш да го решиш, не трчаш кај друг/а во прва прилика кога ќе ти се пружи. Таман работа ако при секој проблем од врската, одеме да се уштешиме кај некој трет.
Таа трпи три години, ама сега тоа и паѓа на памет, кога може да е во прегратки на друг. Не знам, мене не ми е логично. Јас да сум како неа ќе го седнам дечкото и ќе му кажам, слушај вака и вака, почнува да ми е монотоно, не можам само јас да се трудам, сакам да пробаме нешто ново, а не да бидеме како стари сопружници. Нема да го напуштам за првиот со кој ќе ми се пружи прилика.