Нема што да се убедуваме и некој да правиме неписмен или писмен,
за едни е нормално ненормалното ,за други нормалното е нормално ,а што е нормално ?!
Секој со свои мислења,замисли и убедувања...
Секако, само кога станува збор за закони, не можеме да се водиме според лични убедувања.
Мораме да имаме цврст доказ за нешто прво.
Во психологијата и психијатријата, кои се тие што одлучуваат што е нормално однесување (од психосоцијален и медицински аспект), хомосексуалноста не се става во група со ,,ненормално,,. Ненормално, сепак, не е конкретниот збор кој се користи. Да си ненормален, значи да се разликуваш. Тоа не значи дека грешиш. Само си различен. Сите се црни зајци, ти си бел. Не грешиш никаде
Е сега, хомосексуалноста овие две науки (а сигурно и други), ја ставаат во групата на ,,нарушувања,, подгрупа ,,нарушувања во сексуалниот нагон,,.
Дали е хомосексуалноста нормална појава? Не е. Повеќето луѓе биле, се, и ќе бидат хетеросексуални.
Дали хомосексуалноста е болест, дали е погрешна, дали е заразна, дали се префаќа, дали се учи? Не. Хомосексуалците се сосема во ред. Немаат никакви психички пречки, ниту помала интелигенција, ниту е забележана врска меѓу психопатија и хомосексуалност, ниту било која болест е поврзана со хомосексуалноста.
Да, многу е важна писменоста. Затоа што науката ни ги дава одговорите за тоа што е вистина, а што е лага.
Животот на хомосексуалците не можеме да го сведеме на комшиски муабет.
Зборуваме за живи човечки битија, нечии деца, наши сограѓани, и пред се, луѓе кои на никаков начин не го пореметуваат нашиот живот.
Сите вие познавате геј луѓе. Спиете дома кај вашите геј пријатели.
И не знаете дека се геј.
Моментално, на едни луѓе, исти како нас, им забрануваме едно природно и човечко право. А тоа е да бидат пред законот исти, без оглед на сексуалната ориентација.
До која мера можете да бидете нехумани?
Епа тоа е лошо кај нас , што мн судат луѓето, мене не ми е битно другите што ќе речат тие што сакам знаат за нештото, едино што треба како за почеток да се смени е мислењето - сите сме нормални и дека нема ништо чудно ако си хомосексуалец или стрејт , а за родителите нема да филозофирам и да лажам дека кај мене дома знаат , ако сега во ова време уште тоа не е сватливо за повеќето од народов , замисли како ќе е за луѓе родени во 60-тите. Можда и повеќето ке ме осудат мене на форумов , и ќе ги жалат моите родители , ама не ми е битно зш ја знам како е кај мене дома и знам дека ја сум нивно дете, и дека ако беа поприфатени хомосексуалците кај нас одма ке споделев. Немам направено ништо лошо таква сум каква што сум и сум се обидела да бидам поинаку да бидам стрејт едноставно не ја бидува ..
Ќе имаш проблем кога ќе чекаат да те мажат, а ти од мажење абер немаш
Моите дома едно време сумњаа во мене, бидејќи долго имам дечко а ни абер од ,,озбилност,,
Види, ќе има турбуленции, знам што се случуваше кај другар ми дома (има двајца браќа, братот близнак без проблем прифати, помалиот брат муабет не му правеше, мајка му после 2 дена се помири, татко му уште пробува девојка да му најде), ама со тек на време се се средува
Или ќе ги лажеш цел живот оти немаш среќа во љубовта..
Ахам сексуална ориентација- геј. Ми недостигаат времињата кога чистачот не беше референт по хигиена, курвата беше к***а а педерот си беше п***р. Гледај сега да нема заблуда јас постои еден хомосексуалец кој го респектирам тој е Петар Илич Чајковски ама ти изгледа не си тој. Да не ја продолжувам дискусијата ќе предизвикаме тензија, а кај тебе како понежен пол ќе предизвика емотивна рестроеност и можна депресија.
Ептен си сонце понекогаш!?
Да секако дека сум хомофоб, како и 90% од населението на балканот. Што го сметам за сосема нормално според моралната норма.
Хомосексуалноста била болест пред 40 години и успешно се лечела со помош на психијатар. Што значи проблемот е во психологијата.
Пс. И мене ми се допаѓа сликата на разголениот Manu Bennett, соло пеачот од Нов Зеланд и воедно актерот од серијата Spartacus. Одличен глумец.
Еден предлог, зошто не си го ставиш Рики Мартин на аватарот.
Најепик глупост на било кој форум што сум учествувала.
Кај била болест и се лечела со психијатар, па уште и во психологијата бил проблемот
Нема успешно лечење на геј човек. Ни во психијатрија, ни на пластична хирургија, ни кај матичен лекар, ни кај психолог, ни кај оџа.
Освен ако немаш ти некој доказ дека некој геј е излечен?
Брееееј, свашта.
Имам едно прашање, до сите хомофобични.
Вака - знам лично, а и хомосексуалците ќе ви потврдат, колку хомосексуалци имаат семејство и се во брак. Зборувам за хетеросексуално семејство.
Не е нешто ново, дека 40 годишен господин нема љубовница, туку љубовник.
Е сега, ако се толку страшни и психички нестабилни, како истиве одгледуваат деца?
Им го препорачувам филмчево на сите да го погледнат, предобро е, деца глумат.
И да не знаете добро англиски ќе разберете.
Филмот е базиран врз вистинити настани.