Јас сум научен.
Дека хомосексуалноста не носи ништо добро, туку само лоши последици и што е навистина така. Научен сум дека доколку сакам да ја продолжам својата крв (фала богу не сум стерилен) дека треба да имам сексуални односи со личност од спортивен пол.
Што се однесува до мене лично, нека си го прават кефот/задоволството сите, не ги запирам ниту ги малтретирам физички или психички. А иначе општо секогаш луѓето гледаат "настрана" кон нив.
Реков нека си го прават кефот, ама тивко без никој да знае, а не да се фала низ медиумите и да бараат СМЕШНИ права.
Многу си научен, гледаме сите...
Лоши последици? Навредливо е тоа што го збориш. Не сум геј, но сум одела сто пати на геј вечери и сум се дружела со геј луѓе. Покрај мојот најдобар другар (кого јас го имам прашувано зошто ме интересирало), НИКОГАШ никој не ми се фалел што прави со кого прави. ФАКТ. Така да, џабе збориш дека се фалат и тоа јавно, дека се лапаат јавно (НИКОГАШ немам видено јавно, само на посебна геј вечера во кафич каде што не идат хетеро луѓе, освен ако сакаат).
Општо секогаш луѓето гледаат "настрана" кон нив? Тоа е така тука, во Македонија и општо, на Балканот. Се поретки се таквите луѓе што гледаат со крив поглед кон геј луѓе, што значи штом преовладуваат луѓето со (по)либерален поглед значи нешто не е во ред со оние со крив поглед.
СМЕШНИ права? Што е толку смешно ако еден човек сака да стапи во брак со друг човек зошто се сакаат? Што е смешно во љубовта? Што ако се од ист пол, кого го интересира бе што прават во спалната? Демек хетеро парови не прават weird stuff? Ај сега СЕ ќе осудуваме. И плус, од кај знаеш дека имаат секс, само зошто се заедно и се сакаат? Може се одлучиле за целибат. Главните права што ги немаат (на Балканот) е правото да каже дека е геј и да не биде посрамотен, да не биде навреден, да не биде физички повреден и да не биде убеден дека е ненормален, фрик, пореметени, итн.