Не си верник се додека немаш вера во себе.Arkantos Хипотетички јас одам во сите можни цркви во државава (знам дека има католичка, евангелска, протестантска...) и земам документ од сите нив дека сум нивни член. Ај кажи дали јас тогаш ќе бидам поголем верник од тебе? Па што, ќе имам поголема колекција книшки. Плус од кај да знам дека ако утре имам дете нема да сака да го крстам у протестантска црква и после да треба да се крстам и јас таму за да можам и детето? Вака сите ќе си ги имам па детето нека си бира. :{
Јас познавам жена која не е ни покрстена нити пак оди во цркви, а е најголемиот верник кој некогаш сум го сретнал (сестра на баба ми).
Он: Сметам дека религијата треба да е последна ствар која би застанала помеѓу двајца кои се љубат, зашто поинаку би била чист апсурд.
Ама не можеш да земеш од сите цркви документ затоа што не е дозволено.
Јас реков дека правиме грешка што ги покрстуваме децата пред да станат свесни што е она што го сакаат. А кога ќе одлучат(и кога ќе бидат полнолетни) тогаш нема потреба да бараат дозвола од своите, па тие да мораат да менуваат религија поради детето.
Што значи ако твоето дете сака да се крсти во друга црква, ќе си почека да си наполни 18 години и ќе се крсти кај сака.
Јас никаде не реков дека покрстувањето значи дека си најголем верник на светов. Реков дека оној кој е покрстен има привилегии во црквата(може да се венчава, да крстува деца, итн), и реков дека оној кој не е верник би требало да се лиши себе си од таквите права, што ќе му се кога нема да ги искористи. И онака нема да го крстува своето дете пред да стане свесно за што е она што го сака(а реално малолетно дете ретко кога може да одлучи со сигурност што сака). Што значи привилегиите на црквата не му требаат ни најмалку.
Ајт сега доста е, по 100000 пат го пишувам истово ми здосади веќе.