Се случува да не си верник а да си крстен по желба на родителите...Исто и оној кој е атеист не сака да се венча во црква.
Секако дека се случува. Затоа што ние родителите грешиме. Дефинитивно е грешка што не им оставаме избор на децата туку ги крстуваме. А може во иднина да сака детето да ми биде будист пример...
Но, тука е можноста да се одречеш од одредена религија. Ако се одречеш од црквата нема да има никакви проблеми, освен што ќе имаш проблеми со семејството, проблеми со пријателите... Ќе те гледаат малку почудно затоа што живееме во таква околина.
Сепак тука е можноста, ретко кој ја искористува, затоа што ретко кој е вистински Атеист.
- тука сакам да ве замолам да не се навредувате. Секој има право на свои гледишта, моите се такви. Според моите гледишта вистинските атеисти немаат поврзна точка со црквата/џамијата. Значи може да одат во црква, може да одат на слави, ама не се крстени, или пак се откажани официјално од црквата/џамијата.
Забележав дека цело време се распрацавме на претходната тема за таа парче хартија.
Тоа парче хартија те прави Христијанин пред правдата.
Исто како што едно парче хартија ме прави мене официјално женет човек.
Само што едното е пред законите на државата едното пред законите на црквата.
И тоа може да го оспорувате колку сакате, ама така е, листот хартија ве прави исто толку Христијанин колку што ме прави и мене.
Можете да се декларирате вие самите како Атеист, ама според „баба лаже трап не лаже“ сте Христијанин, и тука нема место за дискусија.
Против своја волја поради вината на родителите ама Христијанин сте се додека не се откажете.
Што правиме ако едниот од партнерите е верник и сака да се венча во црква?Дали ке се наметнува цело време својата желба едниот на другиот или ке се најде друго решение?
Среќа не наидов на таква партнерка. Инаку не знам што би правел. Највероватно би се откажал од желбата мојата врска да биде благословена... (може за некого е глупост ама мене ми значи)
А може да се случи и двајцата да се атеисти но знаеме какви се постарите кои практикуваат обавезно венчавање во црква...
Вие знаете јас не знам.
Ако јас сум Атеист искрено ќе ме „боли“ другар ми дали постарите ќе ме напнуваат. Ќе го правам тоа што јас го сакам, затоа што со свои 20/25/30 години веќе сум свој човек и одлуките ги носам на своја глава, и не ми е ни малку гајле што кажуваат другите.
Зошто некогаш не се остава и на нас да решаваме што сакаме да сториме?
Точно. Грешка на родителите е, не викам не. Грешиме што ги крстуваме бебињата пред време...
Ама тука е правото на избор после 18 години...
Така да, ако згрешиле родителите што те направиле Христијанин, не згрешавај и ти, па одречи се од верата и биди Атеист за почит.
И толку од мене на оваа тема. Ја претеравме деновиве со темава, ептен.
Инаку морав да дополнам. Постоеше период кога бев и јас ваков лаик Атеист. До не многу оддамна. Зборував дека Библијата е научна фантастика, дека Бог е најголемиот апсурд на општеството, дека црквата е виновна за најголемите нереди во општеството, влегував во црква ради реда, домашната слава ја славев ради реда. Потоа сфатив колку грешам. Ќе оставам во себе како сфатив... ама важно сфатив, и од што ми беше валкана устата од што се каев за секој кажан збор, отидов и се прекрстив на Матка.
Викаат важно е покајанието... па... би требало да речам по српско „живи били па видели“ ама нема да бидам жив кога ќе видам...