Венчавање во црква/крштевање - избор или наметнување?

МериСелест

Староседелец
24 април 2012
2,009
3,215
1,143
Инспирирана од некои постовии во темата:Опсесија со Бог ме натераа да ја отворам темата...
Се случува да не си верник а да си крстен по желба на родителите...Исто и оној кој е атеист не сака да се венча во црква.
Забележав дека цело време се распрацавме на претходната тема за таа парче хартија.
Што правиме ако едниот од партнерите е верник и сака да се венча во црква?Дали ке се наметнува цело време својата желба едниот на другиот или ке се најде друго решение?
А може да се случи и двајцата да се атеисти но знаеме какви се постарите кои практикуваат обавезно венчавање во црква...

Зошто некогаш не се остава и на нас да решаваме што сакаме да сториме?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: emzzy

$3Я3|\||)&p&†Y

Староседелец
12 мај 2012
3,690
3,871
1,183

Прво .. не сум крстен фала курцу .. и не се замарам за тоа сеа за сеа. Моите крекаат на денот на свадба моја да ме крстеле .. аха кај и да е ќе биде.

Првото болдирано .. се надевам дека на некој начин ќе најдеме заеднички јазик. Или таа ќе попушти или јас (мада ја тешко дека ќе попуштам).
Второ болдирано .. нема зошто старите мои да ми се мешаат во текот на понатамошниот живот. Јас ќе си одлучам кај ќе си правам свадба. Не се венчаат тие со таа што ја сакам, јас што сакам тоа ќе си правам.

Трето болдирано ... затоа што ние го допуштаме тоа .. не сме одлучни (очигледно) во некои моменти, па оставаме на другите, иако ни е голема грешка.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: МериСелест

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Се случува да не си верник а да си крстен по желба на родителите...Исто и оној кој е атеист не сака да се венча во црква.
Секако дека се случува. Затоа што ние родителите грешиме. Дефинитивно е грешка што не им оставаме избор на децата туку ги крстуваме. А може во иднина да сака детето да ми биде будист пример...
Но, тука е можноста да се одречеш од одредена религија. Ако се одречеш од црквата нема да има никакви проблеми, освен што ќе имаш проблеми со семејството, проблеми со пријателите... Ќе те гледаат малку почудно затоа што живееме во таква околина.
Сепак тука е можноста, ретко кој ја искористува, затоа што ретко кој е вистински Атеист.

- тука сакам да ве замолам да не се навредувате. Секој има право на свои гледишта, моите се такви. Според моите гледишта вистинските атеисти немаат поврзна точка со црквата/џамијата. Значи може да одат во црква, може да одат на слави, ама не се крстени, или пак се откажани официјално од црквата/џамијата.

Забележав дека цело време се распрацавме на претходната тема за таа парче хартија.
Тоа парче хартија те прави Христијанин пред правдата.
Исто како што едно парче хартија ме прави мене официјално женет човек.
Само што едното е пред законите на државата едното пред законите на црквата.
И тоа може да го оспорувате колку сакате, ама така е, листот хартија ве прави исто толку Христијанин колку што ме прави и мене.
Можете да се декларирате вие самите како Атеист, ама според „баба лаже трап не лаже“ сте Христијанин, и тука нема место за дискусија.
Против своја волја поради вината на родителите ама Христијанин сте се додека не се откажете.

Што правиме ако едниот од партнерите е верник и сака да се венча во црква?Дали ке се наметнува цело време својата желба едниот на другиот или ке се најде друго решение?
Среќа не наидов на таква партнерка. Инаку не знам што би правел. Највероватно би се откажал од желбата мојата врска да биде благословена... (може за некого е глупост ама мене ми значи)

А може да се случи и двајцата да се атеисти но знаеме какви се постарите кои практикуваат обавезно венчавање во црква...
Вие знаете јас не знам.
Ако јас сум Атеист искрено ќе ме „боли“ другар ми дали постарите ќе ме напнуваат. Ќе го правам тоа што јас го сакам, затоа што со свои 20/25/30 години веќе сум свој човек и одлуките ги носам на своја глава, и не ми е ни малку гајле што кажуваат другите.

Зошто некогаш не се остава и на нас да решаваме што сакаме да сториме?
Точно. Грешка на родителите е, не викам не. Грешиме што ги крстуваме бебињата пред време...
Ама тука е правото на избор после 18 години...
Така да, ако згрешиле родителите што те направиле Христијанин, не згрешавај и ти, па одречи се од верата и биди Атеист за почит.

И толку од мене на оваа тема. Ја претеравме деновиве со темава, ептен.​
Инаку морав да дополнам. Постоеше период кога бев и јас ваков лаик Атеист. До не многу оддамна. Зборував дека Библијата е научна фантастика, дека Бог е најголемиот апсурд на општеството, дека црквата е виновна за најголемите нереди во општеството, влегував во црква ради реда, домашната слава ја славев ради реда. Потоа сфатив колку грешам. Ќе оставам во себе како сфатив... ама важно сфатив, и од што ми беше валкана устата од што се каев за секој кажан збор, отидов и се прекрстив на Матка.​
Викаат важно е покајанието... па... би требало да речам по српско „живи били па видели“ ама нема да бидам жив кога ќе видам... :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Redhead, 4FUN and MoonFairy

alba

Староседелец
15 март 2012
1,424
2,015
1,123
Прво .. не сум крстен фала курцу .. и не се замарам за тоа сеа за сеа. Моите крекаат на денот на свадба моја да ме крстеле .. аха кај и да е ќе биде.

Првото болдирано .. се надевам дека на некој начин ќе најдеме заеднички јазик. Или таа ќе попушти или јас (мада ја тешко дека ќе попуштам).
Второ болдирано .. нема зошто старите мои да ми се мешаат во текот на понатамошниот живот. Јас ќе си одлучам кај ќе си правам свадба. Не се венчаат тие со таа што ја сакам, јас што сакам тоа ќе си правам.

Трето болдирано ... затоа што ние го допуштаме тоа .. не сме одлучни (очигледно) во некои моменти, па оставаме на другите, иако ни е голема грешка.
За прво болдираното не си крстен ама досега имаш влезено во црква така?
За второто уште си млад и затоа се удираш во гради како тоа тешко попушташ ... а до тогаш има да се смениш мн ... и точно ако си самостоен и си ја фининасираш свадбата ке биде како што ти /вие сакате ама ако родителите ти ја финансират баш и нема да е така ...
За третото се сложувам неможеме а и не сме свесни самите да одлучуваме додека не станеме полнолетни и после секој со свој ум ...
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
За прво болдираното не си крстен ама досега имаш влезено во црква така?
За второто уште си млад и затоа се удираш во гради како тоа тешко попушташ ... а до тогаш има да се смениш мн ... и точно ако си самостоен и си ја фининасираш свадбата ке биде како што ти /вие сакате ама ако родителите ти ја финансират баш и нема да е така ...
За третото се сложувам неможеме а и не сме свесни самите да одлучуваме додека не станеме полнолетни и после секој со свој ум ...
Првите две точки за жал се осудени да бидат вистинити ако третата повлекува зависност од родителите.
Лесно е еве и јас како другарчево да се мавам у груди дека нема да ја правам венчавката во црква. Но работите се други ако јас зависам од некого економски, (а ситуацијата на сите им е позната нели). Затоа за вакви работи треба малку посериозно да се гледа, прво од економски план како би се движел животот понатаму, дали би прифатил некој да ме издржува или би станал храбро и би се борел за својата целосна независност. Впрочем, секоја моја врска сум потенцирал дека сум атеист но и дека не сакам да имам брак во црква поради тоа што на тој начин (иако сум покрстен) си го издавам своето право на (не)верска определба. Сепак не сакам да ги оставам во заблуда моите досегашни и идни партнерки. Ако можат тие низ тоа да поминат, тогаш е во ред. Но пак ќе кажам, тоа е во случај да бидам целосно независен економски. Сепак животот не е рамна линија и не се` изгледа така видено од една перцепција и во нагорна линија. Постојат компромиси.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: $3Я3|\||)&p&†Y

$3Я3|\||)&p&†Y

Староседелец
12 мај 2012
3,690
3,871
1,183
За прво болдираното не си крстен ама досега имаш влезено во црква така?
За второто уште си млад и затоа се удираш во гради како тоа тешко попушташ ... а до тогаш има да се смениш мн ... и точно ако си самостоен и си ја фининасираш свадбата ке биде како што ти /вие сакате ама ако родителите ти ја финансират баш и нема да е така ...
За третото се сложувам неможеме а и не сме свесни самите да одлучуваме додека не станеме полнолетни и после секој со свој ум ...
Имам влезено, да .. моите кога ме тераа. Веќе добри 6 - 7 години не сум влегол.
Инаку веднаш реков дека нема во црква затоа што си ги знам родителите, и секогаш го прифаќаат мојот збор.
 
existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Arkantos Хипотетички јас одам во сите можни цркви во државава (знам дека има католичка, евангелска, протестантска...) и земам документ од сите нив дека сум нивни член. Ај кажи дали јас тогаш ќе бидам поголем верник од тебе? Па што, ќе имам поголема колекција книшки. Плус од кај да знам дека ако утре имам дете нема да сака да го крстам у протестантска црква и после да треба да се крстам и јас таму за да можам и детето? Вака сите ќе си ги имам па детето нека си бира. :{
Јас познавам жена која не е ни покрстена нити пак оди во цркви, а е најголемиот верник кој некогаш сум го сретнал (сестра на баба ми).

Он: Сметам дека религијата треба да е последна ствар која би застанала помеѓу двајца кои се љубат, зашто поинаку би била чист апсурд.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena, Saladin and melpomena

Legioner

Истакнат Член
18 април 2012
1,001
602
423
Ohrid
Инспирирана од некои постовии во темата:Опсесија со Бог ме натераа да ја отворам темата...
Се случува да не си верник а да си крстен по желба на родителите...Исто и оној кој е атеист не сака да се венча во црква.
Забележав дека цело време се распрацавме на претходната тема за таа парче хартија.
Што правиме ако едниот од партнерите е верник и сака да се венча во црква?Дали ке се наметнува цело време својата желба едниот на другиот или ке се најде друго решение?
А може да се случи и двајцата да се атеисти но знаеме какви се постарите кои практикуваат обавезно венчавање во црква...

Зошто некогаш не се остава и на нас да решаваме што сакаме да сториме?

а што правиме на пример ако се работи за брак меѓу православен христијанин и муслиманка што правиме тогаш со таквиот брак :pusi ???
и деца на која вера ќе му припаѓаат тие ??
ај тоа да ми одговорите ??
 
МериСелест

Староседелец
24 април 2012
2,009
3,215
1,143
а што правиме на пример ако се работи за брак меѓу православен христијанин и муслиманка што правиме тогаш со таквиот брак :pusi ???
и деца на која вера ќе му припаѓаат тие ??
ај тоа да ми одговорите ??

Има посебна тема за тоа...да не забегуваме ваму...