Па, океј, дури бев помала, мислев дека навистина е само избор на поединците и дека друг не може и не смее да им се меша. Кога почнаа да се мажат и женат другари и другарки, сфатив колку е всушност тоа наметнато во ова општество. Луѓе што се атеисти, агностици или општо не се нешто религиозни, па да сакаат да фрлаат пари во црква, први застанаа пред олтаар под притисок на родители, роднини и пријатели.
Имам познаничка, на 23-4 роди (значи ни постара, ама ниту пак дете) и прочитала дека некрстените бебиња смрдат, па тоа беше хаос дури да дојде време да го крсти детето.
Всушност, првин во една ФБ група видов прашање од мајка зошто детето мирисало на кученце (што?), а друга ѝ беше кажала оти не е крстено. Беше и доста вирален постот, мислам. Но, мислев дека некој трола дури не го слушнав истото со свои уши.
Така да би рекла дека за повеќето, посебно кога мама и тато плаќаат, повеќе е наметнување.