Венчавање во црква/крштевање - избор или наметнување?

TheKitten

Истакнат Член
3 март 2012
528
614
93
За другите не сакам да коментирам, секој има право на свој избор, а свој избор е да допуштиш волјата на некој друг да ја потисне твојата волја.
Јас лично, сум себична кога станува збор за мене и моите сфаќања.

Без оглед дали партнерот или родителите или сватовите и комшиите сакаат нешто, ќе биде по мое.
Во овој случај, ни јас во црква влагам, ни па мои деца ќе одат.
Религија е забранета исто како што е забрането силувањето.

А немам намера да си ги силувам психички децата.

sekoj vo svetsa znae koga pravi loso delo, laga, preluba ili nesto drugo
zosto bidejki koga togas ce go stigne kaznata od boga :pusi, ima gore edno vrhovno bitie koe sve gleda i prati

Јас знам што е добро а што е лошо, а врска немам со никакво врховно суштество.
Патем, како верник, треба да знаеш дека Бог, Бога, Господ се пишува со голема буква.
 
emzzy

Староседелец
25 февруари 2012
1,376
1,875
1,123
Повеќе е како наметнување отколку како избор.
Мајките, татковците, дедовците, бабите - венчани во црква па мора и чедата нивни да се венчаат во црква, колку и да не сакаат зетот и невестата, другите им наметнуваат.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: $3Я3|\||)&p&†Y

ShakaZulu

Староседелец
19 февруари 2012
431
886
1,103
Прво, тоа што некој а и мене го потуриле со крстена вода па со тоа нас не крстиле не не прави подобобри или полоши од оние кои оџите ги пееле па внесле во ислам или некои други за некои други религии. Секој овек си одлучува сам за себе што убедување ќе има но убедувањето е ништо ако ние (луѓето) сме “лоши“ луѓе. Н апланетава им премногу убијци, арамии, силувачи и што ти уште кои не се разликуваат по тоа дал се верници или не се верници од другите туку по тоа лошото што го направиле од другите луѓе. Сите луѓе од настанокот на светот па до некогаш кога ќе снема жив свет на планетава имаат некој си животен век. Никој од нив не останал вековит затоа што верувал или неверувал во нешто... имам уште многу да кажувам ама мислам дека ми ја свативте поентата и ќе прекинам затоа што ништо не е битно како што е битно какви сме ние во нашата душа и нашите дела. Еден ден сите ќе не снема, дал покасно или порано тоа никој не знае, ниту цркавата ниту џамијата, ниту било кој храм а ниту ни она во што не веруваат тие атеистите. Животот е пенкало кое испишува линија, кога мастилото ќе заврши никој не знае...
 
scarstone

Староседелец
15 април 2013
22
25
603
За кого како, но од што гледам наоколу ситуации, сфаќам дека за многумина е наметнување, поради тоа што многумина не ни знаат како треба да се однесуваат/изгледаат за време на тие церемонии.

Знам сеа јака серија давам за пример :giggle: но битна ми е поентата. Кога Шарлот отиде да менува вера за тој Евреинот, прво двапати ѝ затворија врата пред нос, ако се сеќавате (кој гледал). После, откако ја примија, ѝ рекоа „Ако сакаш да станеш, еве набљудувај како се однесуваме и учи.“ Според мене, постои голема попустливост и исклучоци во поглед на толерирање на изглед и однесување во црква и најверојатно тоа е токму поради болната вистина дека честопати овие церемонии се наметнување, а не избор.
 
Grmys

Нов член
19 август 2015
6
4
3
31
За другите не сакам да коментирам, секој има право на свој избор, а свој избор е да допуштиш волјата на некој друг да ја потисне твојата волја.
Јас лично, сум себична кога станува збор за мене и моите сфаќања.

Без оглед дали партнерот или родителите или сватовите и комшиите сакаат нешто, ќе биде по мое.
Во овој случај, ни јас во црква влагам, ни па мои деца ќе одат.
Религија е забранета исто како што е забрането силувањето.

А немам намера да си ги силувам психички децата.

Јас знам што е добро а што е лошо, а врска немам со никакво врховно суштество.
Патем, како верник, треба да знаеш дека Бог, Бога, Господ се пишува со голема буква.
И јас сум атеист и сум против секаква религија, а сепак сум крстен по желба на моите.
Тоа што ти не сакаш да одиш во црква максимално го почитувам и се сложувам и треба да си држиш до своето.
Но оној дел со црвено, дека ни твоите деца нема да одат не би требало ти да одлучуваш за тоа. Исто како моите што не требало да одлучуваат за мене дали ќе ме крстат или ќе ми прават сунет, така и ти не треба да одлучуваш дали твоите деца ќе веруваат или не!
Твое е да ги натераш да прочитаат и да ги разберат религиите и да увидат на перењето памет, па сами да отфрлат секаква натприродна сила.
 
existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево

Па така ти ќе им сугерираш дека религиите служат за перење памет, а можеби за нив нема да бидат баш тоа.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: lady_blue and Grmys

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Не можеш така да направиш и да очекуваш дека тоа е без никаква сугестија. Ако им даваш да читаат критики кон религиите тие ќе размислуваат така и ќе си сфатат дека религиите се лоша работа. Не треба да им се мешаш и да им сугерираш ништо во тој избор, порано или подоцна ќе си го најдат патот и ќе одлучат што сакаат.

Можда и ќе викаат по дома Алаху акбар :D
 
Дур не ми ја разнесат куќата со бомби, I'm ok with it!