Само шо се вратив оттаму, има разновиден колаж. Мене мерак ми правеа „Антолог“, „Магор“, „Темплум“, „Или-или“ донекаде и „Табернакул“ и понешто ситно од „Три“, „Кавказ“ и Америчкиот/англискиот центар што се тиче ефтини класици.
Табернакул има од Кундера доста избор иако нетака висок попуст, но еве рецимо „Идентитет“ беше за 200ки што е доста пристапна цена. Од Или-или па доста сум задоволен. Некои книги имаше и по пола цена, као „Колекционер“ од Фаулс. Шлинк го имаше истотака. Од Антолог го зедов Барико со неговата најнова книга - „Емаус“. Темплум со нивните едиции и комплети беа по багатела цена со по 150 денари книга (книжуле додуша) но со далеку подлабока содржина од сиот оној шунд накупен во некои од другите издавачки куќи. Оттаму си ја зедов „Девствено море“ од Андреј Платонов, како вљубеник на дистописката содржина. Од Слово како што си ветив после прочитаните све „Визатискиот Комонвелт“ и „Падот на Константинопол“ се почастив со уште една историографска „Османската империја (класично доба)“ од Халил Инанџик. Типот малце беше изгубен да ми подраскаже дали има уште некоја нова, така да малку ме разочараа со односот. Од ПИВ публикации (бившо Кавказ) имаше класици за багатела од по стотче од книга (јесда на англиски ама што има везе). Си ја зедов The picture of Dorian Gray од Oscar Wilde, да вежбам јазик летово. Едно нешто ме зачуди, кога бев во Американскиот центар, видов една книга за крстоносци (историска фикција) со тврд повез, за смешни пари и ја зедов. Сеа коа дојдов дома, висов што било финтата - тоа да ти било трилогија а јас сум ја имал само првата книга. Не е голем губитокот, ваљда добра приказна ќе има. И тоа е тоа за сега.
Видов дека Џамбаз има издадено нова, но да бидам искрен, не ми се свиѓа више. Досаден е со таа негова напумпаност и комерцијала секој саем да вади по нова книга.
И секоја чест за типот со винтаж книги и постери/плочи од Битлс што се наоѓаше некаде у средина на халата.
За следно идење дефинитивно „Разговор со Спиноза“ од Гоце Смилевски.
Толку за сега. Хабардов центар ги поштедив од тролање.