Пасворд или развод?

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Не е малку (повеќе) екстремно во брак да се прави такво нешто, па уште и до развод да иде? Сепак за една таква установа, довербата е клучен фактор, а и треба одамна да е мината таа фаза на сомнеж (или што и да е), инаку пиши пропало.
Еве, на пример, ко перфектно решение, постојат заеднички профили (нели, кои се сметаат за врвот на заедничкото љубовно патешествие) со името на мажот, жената, бебето, ехо од бебето што е на пат, кучето, бубашвабата од шпајз, заедничкото презиме + моминското на невестата, и така сите си живеат хармонично.

Сакам да верувам оти некаква си безрезервна љубов и доверба постојат, па строго сум против овие работи, ама пошто вистината си го наоѓа патот, ми се има случено на фамозниот фб да отворам погрешен таб во право време, мислејќи дека јас сум логирана и мене ми пишуваат, па да си го просветлам мозочето што ми леташе. За такви моменти, I'm not even sorry. Донекаде и оправдувам, доколку постои голем сомнеж, зашто ако некој сака да те направи амеба и на таков прост начин да ти ја изигра довербата, најмалку што заслужува е да биде откриен.

Ама, сега пак со овој памет, искрено, воопшто не ме тангираат такви ниски испади од две причини:
- Не ми се приоритет неонки чие врвно достигнување е олимписката дисциплина „седење на X столчиња и билдање его (посебно онлајн) со шупелки што ќе паднат на 2-3 лајкчиња и лигави муабети“. Јес да звучи егоистично, ама навредливо и под ниво би било и за мене и за мажјакот, ако си надополнува празнина со таков калибар. А, се случило ли еднаш, будала си ако останеш за да се случи по втор пат.
- Треба апла да си потпросечно интелигентен за на таков смешен начин да оставаш траги од своето шарање наоколу. А јас такви не сакам.
А за оние искомплексирани на кои лозинката од партнерот им е врврен доказ на љубов и повеќе време седат на партнеровите профили отколку на своите, си има соодветни третмани. Дошла ли работата до лозинка...аривидерчи.
 

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
А од кај знаете дека партнерот нема два или три профили?...Ако некој сака да шара ќе си најде начин...
А исто така ...ја знаете онаа “радозналоста ја убила мачката“..па затоа некогаш подобро е некои работи да не ги знаеш...
Ни му барам ни ми бара пасворд, ни во телефони си буричкаме...ниту пак досега сме имале повод или причина за такво нешто...
(Признавам многу одамна сум му ѕирнала во телефонот заради таа радозналост :giggle , ама кога видов дека нема ама баш ништо ...никогаш повеќе не сум го повторила истото....)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Давор

crvenkapa

Староседелец
15 јануари 2013
235
593
1,093
И така фб стана составен дел од животот, штета..довербата помеѓу двајца не може да ја изгради една социјална мрежа..но може да ја урне исклучително брзо..иако и јас сум била сведок на шарање на фб, па дури и крај на врска..и понатаму стојам зад ставот дека секој треба да ја здржи сопствената приватност...во секој случај сакам да верувам во безусловна доверба, која нема да биди дефинирана од фб :)
 

авантурист

Нов член
1 април 2013
7
25
3
28
Да,сум чачкал во пораките на фејсбукот на девојчето со кое одам,онака,чиста љубопитност.Прочитав што пишела и со некои другарки и по разговорите,можам да заклучам дека ја имам најпаметната девојка на светот :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Давор

Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,542
2,557
1,133
Јас обавезно планирам да направам предбрачен договор за да не дојде до ова „пасворд или развод„. Во договорот да се состои да ми ги даде сите лозинки каде е регистирана. Исто така да си направи акаунт овде на форумот (нормално пак да и го знам пасвордот) и да ми ги лајкува сите постови и редовно да ми испраќа срценца и линкови овде на профил, а исто така и на ФБ.
 

Legioner

Истакнат Член
18 април 2012
1,001
602
423
Ohrid
od kaj preduslov fb za stabilna vrska ili kako potik za neversto dmek pred fb nemalo neverstvo :giggle
se e do licnosta i nisto drugo
inace se izvinuvam za latinicava ali pisuvam od na rabota :pusi
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Давор

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,279
9,121
1,683
Женска да ми побара лозинка за да гледа што правам на интернет?
Може да добие само шлаканица.
Ебати доказот за љубов ебате.
***
Сега знам зашто не сум во врска, не и дадов лозинка.

efa.png
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Давор

monika88

Истакнат Член
1 април 2013
453
645
193
36
Неготино
ако го знам пасвордот неколку години по ред,ниту еднаш не сум се уклучила на неговиот профил,ни тој на мојот.ако има доверба нема потреба од проверки и слично.ставот кон ова прашање ми е дека може и да се знае и да не се знае пасвордот,сепак взаемната доверба си го праве своето
 

Bibi@

Староседелец
Најфотограф
1 март 2012
399
743
1,103
Да,сум чачкал во пораките на фејсбукот на девојчето со кое одам,онака,чиста љубопитност.Прочитав што пишела и со некои другарки и по разговорите,можам да заклучам дека ја имам најпаметната девојка на светот :)
:rofl
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: slb_bobo