Пасворд или развод?

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
Многумина сопружници во последно време се опседнати со пасвордот од фејсбукот,а бидејќи полека полека бројот на разводи расте,прашањето од типот 'пасворд или развод' е се поактуелно. Знам многу луѓе кои буричкаат низ фејсбукот на својата девојка/своето момче од различни причини ; љубомора, љубопитност, недоверливост ,здодевност.Епа луѓе,што мислите вие?Колку фејсбукот е важен во денешно време?Дали фејсбукот е сведок на најголемите кокетирања и флертови?Дали и вие самите некогаш сте го отвориле фејсбукот на некоја драга личност од било која спомената причина?
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
:rofl
Не, не би се развел ако не ми даде пасворд од фејсбук(оти нема фејсбук) :rofl
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
А таа од тебе ако не и дадиш пасворд од фејсбук(или евентуално од сајтот?) ;)
Компијутеров е дома... не е во гаража или во некоја тајна соба. Кога поминува гледа што пишувам. Редовно сум логиран, ако сака може да провери.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Давор

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
Компијутеров е дома... не е во гаража или во некоја тајна соба. Кога поминува гледа што пишувам. Редовно сум логиран, ако сака може да провери.

Значи може додека ти си на работа(тропам глупости сега)таа да си буричне нешто? :D
 

LaBella

Нов член
31 март 2013
7
11
3
На личност која кокетира и и' мрда задникот, не и треба ни профил на социјална мрежа, ниту па интернет.
Дека придонесува, придонесува не велам не, ама бре човек ако не можеш да се воздржиш од такви работи зошто си во врска? Тоа никогаш не можев да го сфатам.
И да, најголем дел од моите другарки раскинале откако го пробиле профилот на нивните партнери.

Ниско е да се ставаш во таква позиција, ама уште по ниско е некој да те прави будала... Така да, не знам, кога би имала можност би пробила зошто да не, често пати можеш да имаш погрешна претстава за некој и истиот тој да ти копа гроб со поголема длабочина отколку што мислиш.
 

live.your.life

Нов член
26 март 2013
20
24
3
Мене не ми се случило досега да дадам мој пасворд на дечко,ниту сум побарала негов,а се случило дечкото да го побара мојот пасс. Од една страна,тоа е знак на недоверба што мене страшно ме иритира доколку нема причина за такво нешто и некој започнува врска со недоверба и љубомора. Од друга страна, онаму каде што однесувањето на едниот партнер е сомнително, неговата искреност исто така сомнителна.. И чувството дека некој те прави будала е неподносливо,верувам за секој. Иако социјалните мрежи,претежно фејсбук се "убијци на врски" , ете некогаш баш на тој начин може да помогнат да се дознае лагата или лажната личност, која инаку веројатно би ја запознал можеби и години подоцна, можеби и во брак и тоа би било многу пофатално да се дознае тогаш.. Како и да е, тргнувам од себе, туку-така без причина не би го дала пасвордот, бидејќи немам тајни,но сепак тоа е интима. Не само моја,таму има работи кои моите пријатели ми ги доверуваат за себе. Мојот дечко нема право да ги знае. Во екстремен случај би дозволила да влезе и прочита што сака доколку јас лично ја загрозам нашата врска и направам глупости.. Пред некој ден дечко ми ми го побара пассот од фб и се налутив и го повишив тонот, бидејќи немаше никаква причина за тоа,ете така едноставно сакал да види дали некој ме замара и сл. Е такви работи ме иритираат.
 

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
И така започна почетокот на крајот,случајно пробиен пасворд од фб,немање повеќе доверба,не беше ништо повеќе како пред тоа.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Давор and crvenkapa