Многу лесно се случува да се прелие виртуелниот свет во реалниот свет.
Пред неколку денови бев излезена во дискотека со дечко ми и другарка ми. До нас седеа тројца момци и едниот ја застана другарка ми. Муабет ова она, се разминаа и претпоставив дека и се пушта.
Наредниот ден она ми кажува дека типот ја прашал зашо ја сум го избришала од фб пред две години? Ќе беше ок да го познавав и намерно да го избришав, но типот беше кикнат со уште 1500 други пријатели.
Ако за момент ја земеме твојава констатација за виртуелно додворување и играње к*р - ташак (тешко ќе биде ако си ти ташакот), момакот моеше да дое онаков виртуелно возбуџен и лагано да си почне муабет со мене, како што нели сме праеле на чат.
Колкава е веројатноста дека мојот дечко ќе биде поласкан и среќен ради новонастанатата ситуација?
Ми се има случено и тоа за брзо.
Значи излегувам со девојката во еден локал во Скопје, доаѓа еден дечко во истиот локал, се поздравува со нејзе и седнува на друга маса.И пушта пијачки, мене ми пушта пијачки мисли дека сум и најдобар другар.Јас си бев мртов ладен зашо по обичај во град не се лапаме итн итн.Едино е што се држиме за рака културно.
И дечково доаѓа, и вика као демек ајде сеа коа ќе излеземе јас и ти на само, и оваа му вика, извини ама јас имам дечко како што глеаш.
Овој вика:
Па зашо не ми кажа ма?
Девојка ми му враќа: Па нели глеаш дека цело време на фб ти спуштам муабети, ладна сум, не те фермам а очигледно тоа мене ме прави недостапна а тебе те прави повеќе љубопитен за мене.Јас ли сум ти крива?
п.с на фејсбук не сме во врска нити јас нити она.Тоа е клучно во нашата врска.Не не’ интересира фејсбукот, нити има некакво значење за нас и оставаме на нашата совест што ќе правиме.Да не зборам шо неаме заеднички слики на фб
И во право беше девојка ми.
Потоа она ми објасни САМА, без да ја прашам дека овој е некој досаден дечко кој и праел клише муабети на фб, иако во живо не го знае.100 пати ја викал на кафе.100 пати она го одбивала.
Ама он идел по изреката, не јебе леп, него упоран
Значи ако девојката е морално стабилна особа и ако јас тоа го забележам тогаш најнормално е јас тоа да го разберам како нешто најнормално и воопшто да не покажувам љубомора.Затоа што љубомората произлегува единствено од самите себе, т.е од мојата несигурност во самиот себе.
Каде ви е самодовербата?
Јас пример сум полн со самодоверба бар коа е во прашање девојката.
Зашо би идела со него, шо има он што немам јас? Јас сум бољи од него у секој случај.И знам дека е така.Затоа што ја задоволувам на секој можен начин.
Е сега ако мислите дека партнерот не го задоволувате доволно на било кој начин тогаш има и причина да се плашите дека он ќе пребегне за друг/друга.
Ама тоа е друга прича и би зборел за тоа ако се отвори тема за тоа.
Вака сам ме мрзи.