Одев кај еден мој пријател кој што беше учител , едноставно ме интересираше да научам повеќе околу медитација, техниките на дишење, техниките за правилна положба на телото. Прво почнавме со лежечка медитација, затоа што големи се шансите да заспиете ако сте почетник па прво практикував лежечка медитација. Инаку можете да медитирате секаде па дури и во автобус , она што е битно е тоа дека не мора се да се сфаќа толку сериозно во најмала рака буквално. Не треба да се очекува дека медитацијата ќе ја усовршите, ќе ја научите, ќе ја практикувате и ќе ја знаете. Она што ќе го научите е самоконтролата, и самоусовршувањето. Ќе направите еден убав баланс помеѓу физичкото и духовното и секако ќе се чувствувате подобро. Ќе научите како да го одморите мозокот. Ќе перцепирате поинаку. Она што можеби најмногу носи напнатост е човековиот немир, не правилниот баланс, динамичното време и стресот и недостаток на трпение . Сите тие работи можете да ги сведете на некоја точка на контрола. Кога еднаш ќе научиме да ги контролираме работите кои ни го рушат балансот , во иднина многу полесно ќе се справуваме со психо-физичките проблеми. Така што медитацијата е извор на многу доблести , меѓутоа да бидам реална, за да трасираш некаков нов пат пред себе треба да бидеш свесен и волен да чекориш и да се носиш со тој пат. Му посакувам успех на оние што го одбрале овој древен начин на облагородување на духот.