Предизвик за читање на книги - 2013

Challenge ACCEPTED - Difficulty leveL

  • easy - 25 книги

    Гласови: 8 28.6%
  • normal - 35 книги

    Гласови: 9 32.1%
  • hard core - 45 книги

    Гласови: 11 39.3%

  • Вкупно гласале
    28
Статус
Затворена за нови мислења.

Redhead

Bookworm
23 февруари 2012
1,060
2,039
1,133
Neverland
1. Името на розата - Умберто Еко (750 стр)

Фасцинантен роман, барем според мене.
Можеби ми требаше подолго време да го прочитам али вредеше.
Прв пат се сретнувам со стилот на Еко, и ме воодушеви.
Накратко, се работи за мистериозни убиства во еден средновековен италијански манастир.
Случајно во манастирот ќе допатуваат еден поранешен член на шпанската инквизиција и неговиот ученик.
Од тука започнуваат да се одвиваат настаните.
Но ова е повеќе од обичен трилер. Ќе наидете на многу теолошки расправи, многу живописни описи на манастирот и ликовите, на религијата (на католицизмот), на човековата природа.
Како подвижна мала енциклопедија, со еден збор ќе ви го разработи мозокот.

2. Небеска Тимјановна - Петре М.Андреевски (435 стр)

Што да кажам за Петре и неговите книги, а да не го знаете?
Единствен стил.
Успеал толку сликовито да ја прикаже борбата на Македонците низ вековите.
Борбата за слобода, правото на свој јазик, едоставно заштита на својот идентитет.
Творештвото негово, нешто што е наше, толку единствено и уникатно.

Конкретно овој роман е биографија на една наша партизанка Уранија Јурукова.
Нејзината приказна е приказна на многу Македонци и Македонки.
Нејзината голгота, како еден вид на личен дневник преставена низ перото на нашиот култен писател.
Родена во Костурско, Егејска Македонија била член на револуционерно семејство.
Се борела за Македонија, за правото на свој јазик и своја земја.
Небеска целиот живот го посветува на својата земја.
Прикажани се нејзините успони и падови, како губење на поблиското семејство и на свои другари партизани.
Но ја губи и својата прва љубов, за подоцна раѓајќи го своето единствено дете да биде одведено во Унгарија со другите деца бегалци.
Ќе биде осудена како Југословенски шпион и одведена во логор во Сибир, каде ќе остане таму се до смртта на Сталин.
Борбата на една жена и мајка, ќе успее да се врати во својата родна земја, по толку години поминати во егзил.

Да не раскажувам премногу, топла, топла препорака за ова дело, како и за сите негови дела.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ghtalpo and Arkantos

84 sk_Y ^_-

Староседелец
21 ноември 2012
595
825
1,093
2. „Мистерии “ од Канут Хамсун - 223 страници

Незнам со кој памет ја купив книгава. Уште кога ја видов издавачката куќа „Ѓурѓа“ требаше да знам дека ќе се сретнам со ужасен преужасен најужасен превод! Ама ме привлече насловот мајкуму....
Ја дочитав само затоа што не сакам да оставам нешто недочитано. Ужасна книга, без заплет без ништо.
Дејствието се одвива летото 1891 година. Всушност во едно мало гратче во Норвешка доаѓа „јунаков“ Нејгел. Мистериозен е и чуден за сите. Уште од сам почеток се случуваат чудни работи во врска со него. Доаѓа во впечатливо жолт костим два мали куфера, бунда, ученичка торба и футрола за виолина.
Сета книга е фокусирана врз него, и како тој добро знае да проникне во нечиј мозок. Преку проникнувањето тој ќе ги извади сите валкани тајни на малото гратче на површина...
И секако, ќе си ја предвиди сопствената пропаст...
Ја имам книгата , ја одбрав поради насловот , мислев дека е екстра мистична и интересна но нема ништо интересно во неа ,не ни ја дочитав до 120 страна сум сватив дека книгава е без врска а + и името на авторот го прочитав прв пат кога ја купив книгава ... :eek:
 

Angiie

Истакнат Член
16 февруари 2012
506
639
93
2. Оркански височини - Емили Бронте
Оркански височини - Емили Бронте
Ми се моткаше низ дома, купена е одамна во времето кога со некој од дневниве весници можеше да купиш книга по симболична цена. Ја читав еднаш порано ама мислам дека не ја сфатив баш најубаво и решив да ја прочитам пак.

Семејството Ерншоу живее на Орканските височини кои набргу стануваат дом и за посвоеното дете Хитклиф. Понатаму во книгата се раскажува за пријателството меѓу Кетринх и Хитклиф, но таа се мажи за едно момче од соседниот имот. Тоа претставува голема болка за Хитклиф кој по многу години се враќа на имотот за да се одмазди.
 

fantina

Истакнат Член
29 април 2012
112
163
343
Предизвикот го исполнив минатата година со 38 книги, па затоа го прифаќам и овој нормалниот 35 книги, па ако дозволи времето можеби ќе бидат повеќе. Не знам дали ќе можам на сите книги да ги пишувам страниците бидејќи не ги купувам книгите, туку ги изнајмувам од библиотека и откако ќе ги вратам не сум во можност да видам колку точно страници имала книгата...
До сега прочитав 4 книги еве списоче:

1. „Се што премолчиве“ - Марк Леви (не се сеќавам на бројот на страниците) (y)
Интересна семејна приказна, со малку повеќе фантазија. Се работи за татко и ќерка кои не биле многу блиски затоа што таткото секогаш бил на службени патувања, а ќерката секогаш се лутела за тоа и многу и ндостигал, но никогаш не го барала и била бунтовна. Тој секогаш бил пречка за секоја нејзина одлука и сега еден ден пред нејзината венчавка тој пак има изговор да не дојди и повторно е пречка. Но, неговиот изговор сега е неговата смрт, па така внчавањето на Џулија не се ни случува, но што се случува понатаму? Оставам да си прочитате сами ако ве заинтересира книгата, не сакам да откривам повеќе детали за оние кои можеби сакаат да ја прочитаат.

2. „Писмото на госпоѓа Вилма“ - Јелена Бачиќ Алимпиќ (271стр.) (y)
Оваа ми е прва книга од оваа авторка што ја читам, стилот е лесен, книгата лесно и брзо се чита. Исто така се работи за семејна приказна, тајните кои ги крие едно семејство и колку некои луѓе се спремни да се жртвуваат за љубовта. Прикажани се неколку животи на различни личности од едно семејство и различни начини на љубов.
Артур Вајс е професор кој од секогаш сакал да знае нешто повеќе за сопственото потекло. Тој е ожнет човек со оформно негово семејство, а сепак до тогаш никој не сакал да му открие ништо за неговото потекло, но сепак ќе успее да дојди до семјните тајни. Ќе отпатува во Нови Сад, градот каде што живееле неговите предци и за време на неговиот престој таму ќе го прочита писмото на неговата баба Вилма и дневникот на Исак и на тој начин ќе ги дознае сите тајни, но најголемата и најважната тајна ќе ја открие од неговиот татко кога ќе се врати во Америка.

3. „Заточеник на небото“ - Карлос Руиз Зафон (305стр.) (y)
Конечно ми падна во раце! Уште едно мастрално дело на еден од најдобрите според мене Зафон! За книгите на Зафон воопшто не сакам да давам рецензија, не сакам ни да почнам да ги раскажувам затоа што секој збор и најситен детал вреди да се прочита и да се доживее без претходно некој да ви го открие. Затоа само ќе кажам дека овај роман е дел од циклусот на романи за „Гробиштата на заборавените книги“, оние кои што ги читале претходните две книги ќе знаат што да очекуваат. Ликовите се истите Даниел, Фермин, Беа од „Сенката на ветрот“ и Давид Мартин од „Играта на анѓелот“. Дејствата во книгите се поврзани и не се согласувам дека може да се читаат одделно, затоа што јас „Играта на анѓелот“ ја читав прва, а ја разбрав дури сега откако ја прочитав „Заточеник на небото“. Како и да е...Најтопло ви ги препорачувам овие три книги да ги прочитате нема да зажалите ни на момент.
Мрачната Барселона крие многу тајни и има големо минато. Во книжарницата на Семпере од никаде се појавува странец кој купува книга, пишува посвета и го замолува Даниел да му ја предаде на оној за кој е купена, Даниел прифаќа и кога го пршува на која адреса да ја испрати странецот му одговара дека книгата е точно каде што треба да се наоѓа и ја напушта книжарницата. Даниел ја чита посветата, книгата е подарок за неговиот пријател Фермин кој исто така работи во книжарницата. Кој е Фермин Ромеро де Торес? Каков бил неговиот живот? Каде поминал дел од својот живот? Каква врска има Фермин со Давид Мартин и со семејството Семпере? Прочитајте! Како што реков, во никој случај нма да зажалите. И ова книга влегува на листата на моите омилени.

4. „Двојничка“ - Тес Геритсен (361стр.) (y)
И оваа книга ми е прва од оваа авторка и сум позитивно изннадена од нејзиниот стил на пишување.
Мора е патолог кој секојдневно сечи тела од мртовци, но што кога на масата е нејзиното тело, иста ДНК, ист датум на раѓање, ист физички изглед? Како е возможно? Дали е сон? Тоа се прашањата што секој би ги поставил, доколку му се случи вакво нешто. После толку долго време Мора дознава дека има сестра близначка која сега се наоѓа во фрижидерот за мртовци во нејзиното работно место. Како што пишува на задната корица на книгата, Мора после ова убиство се соочува со сериски убиец и застрашувачки лични сознанија. Препорачувам на љубителите на трилери.

Толку од мене за Јануари.
(wave)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Angiie

Рушен

Активен Член
22 октомври 2012
181
124
43
6. Гревот на нејзината мајка - Милица Јаковлевиќ - 500 страници

Првата книга во Фебруари. Одлична драма од легендарната писателка Милица Јаковлевиќ, гревот на нејзината мајка. Прво умира таткто на Неда, а потоа умира и нејзината мајка. Неда освен мајка и и татко и немала никого друг, па после нивната смрт таа останува сама, сосема сама. Неда ја напушта куќата каде што живееше со нејзините родители и се преселува во друг град каде што ја очекуваат други проблеми и каде што и се променува животот во целост. Истотака има и серија во врска со оваа книга, пред некое време се пренесуваше на Сител ТВ.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: i_wanna_fly

Рушен

Активен Член
22 октомври 2012
181
124
43
7. Моето родно место Собри - Др. Мирко Ѓоргиевски - 303 страници

Книга за моето родно село Собри, истотака и родното место на докторот, писател на книгава. Ова е првата книга на Др. Мирко со кој лично се знам и лично ми ја подари оваа книга. Човекот е роден помеѓу првата и втората светска војна па во оваа книга раскажува што се случувало во селото Собри во тие години. Собри во 1920 година има 20 куќи за секоја куќа тој пишува по нешто, личности во тоа време итн. Опишано е селото во минатото, неколку тајни, значајни работи и слично. Интересни приказни, до некаде и поучни и мал дел од книгата е одвоен за поезија. Тој во книгата раскажува повеќе за неговиот живот а потоа раскажува и за животото на другите. Каква била состојбата на селото тогаш, а каква е сега. Секоја чест за книгава.
 

Angiie

Истакнат Член
16 февруари 2012
506
639
93
Ќе ми биде мислењето офф-топик, ама ќе може да ми кажат членовите што постираат само некои знакчиња во темава што поконкретно им значат? Ете на пример какочленот над мене Bibi@, не разбирам какви се твоите импресии од книгата со палед горе и палец долу? (think)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Rêveur

Bibi@

Староседелец
Најфотограф
1 март 2012
399
743
1,103
Ќе ми биде мислењето офф-топик, ама ќе може да ми кажат членовите што постираат само некои знакчиња во темава што поконкретно им значат? Ете на пример какочленот над мене Bibi@, не разбирам какви се твоите импресии од книгата со палед горе и палец долу? (think)

(y) --многу ми се допаѓа
(n) --не ми се допаѓа
(y)(n) --не сум баш воодушевена

:)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Angiie and Рушен
Статус
Затворена за нови мислења.