Последна прочитана книга и кратка рецензија

Angiie

Истакнат Член
16 февруари 2012
506
639
93
Осаменоста на простите броеви-Паоло Џордано
Искрено, книгава ја зедов затоа што долго време читав по форумите дека ја фалат и конечно и’ дојде денот да заврши во мои раце.
Главен акцент се става на животот на Аличе и Матија, двајцата жртви на суровоста на животот. Аличе-отфрлена од светот, Матија-одбивајќи да го прифати истиот. Нивните животи се вкрстуваат за тие од првата средба да се зближат. Секогаш толку блиску еден до друг, но сепак толку далеку. Трогателна приказна која заслужува внимание.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Avona Vi

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Дрвените мостови на Вардар - Иван Чаповски

Книгава ја имам добиено ко награда, ама погодиле каква книга да дадат на 9 годишно дете. На времето ми беше досадна и вулгарна. Средувајќи, случајно ја откопав пред некој ден и и’ дадов шанса.
Брутална. Брутално реална. Преку ликовите на Крстан, Риса и Авантина е претставена младината во средината на 20иот век.
Ниту “во наше време“ било совршено, ниту “новите генерации не чинат“, ко што секогаш имаме навика да кажеме. Секоја генерација носи свои одлики и белези.

Самиот писател има дадено убава, кратка “рецензија“ т.е. вовед на почетокот, цитирам:
Напишано за лудите години,
час матни, час диви, час калливи, како реката.

Оној што еднаш ќе биде откорнат
од своето вековно живеалиште и поставен
на друго несоодветно место, тој почнува да живее
поинаку, го губи својот идентитет.
 

Angiie

Истакнат Член
16 февруари 2012
506
639
93
Мемоарите на една гејша - Артур Голден
Ја зедов и не зажалив воопшто. Секоја секунда што ја посветив на книгава е незалудно потрошено време.
Се раскажува за животот на Чијо-сан како девојче кое е однесено од својот дом заедно со нејзината сестра. Нивните животи се разделуваат и после една средба во градот Кјото тие никогаш повеќе нема да се видат. Се опишуваат тешкотиите низ кои минува малечката Чијо како ученичка за гејша и деновите кога таа ќе стане гејша подимето Сајури.
На моменти книгата е малце монотона затоа што нараторот се задлабочува во описите, но сепак приказната е многу интересна.
 

Angiie

Истакнат Член
16 февруари 2012
506
639
93
Далечината меѓу нас - Меги О’ Фарел
Кратката содржина што беше дадена на задната корица од книгава ме привлече и без размислување ја зедов. Но, кога почнав да ја читам си реков дека сум згрешила овој пат во изборот. Сепак излезе дека претпоставката ми беше грешна.
Вистина е дека првите 30-40 страници ми беа многу досадни, но содржината на книгата се согледува тек подоцна.
Обработени се две врски-од една страна онаа сестринската а од друга страна љубовната.
Раскажани се две приказни, едната на Стела а другата на Џејк чии патишта се испреплетуваат и тие двајца се дел од една љубовна приказна.
 

Angiie

Истакнат Член
16 февруари 2012
506
639
93
Оркански височини - Емили Бронте
Ми се моткаше низ дома, купена е одамна во времето кога со некој од дневниве весници можеше да купиш книга по симболична цена. Ја читав еднаш порано ама мислам дека не ја сфатив баш најубаво и решив да ја прочитам пак.

Семејството Ерншоу живее на Орканските височини кои набргу стануваат дом и за посвоеното дете Хитклиф. Понатаму во книгата се раскажува за пријателството меѓу Кетринх и Хитклиф, но таа се мажи за едно момче од соседниот имот. Тоа претставува голема болка за Хитклиф кој по многу години се враќа на имотот за да се одмазди.
 

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Прочитав две книги од Херман Хесе едната е доста фалената Сидарта ама ми беше разочарувачка.
Стилот не ми беше ни приближно како кај далеку подобрата Демиан.Сидарта е син на индиски браман и иде да ја бара вистината на постоењето кај познатиот Буда...не е по мој вкус дефинитивно.
Втората беше Росхалде далеку понепозната книга а мене ми направи многу поголем ќеиф.
Се работи за познат сликар кој живее во големиот замок Росхалде заедно со неговата сопруга и неговите две дечиња.Едното од децата доаѓа летоска да престојува а останатиот период е во интернати.Мажот и жената живеат како туѓинци и живеат под ист кров само поради децата.Таткото по секоја цена да труди барем да го придобие помалото дете со неговото внимание додека поголемото веќе одамна го мрази својот родител.....препорачувам,не е лоша.
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
The unbecoming of Mara Dyer - Michelle Hodkin

878680.jpg
Случајно ја начекав вчера ко препорака на еден од нашиве портали, па ми се виде интересна и ја прочитав во PDF формат.
Самата корица и краткиот вовед ме натераа да помислам којзнае каква мистерија ќе е книгава. Не беше, ама не беше ни лоша.
Книга што почнува и завршува ветувачки, и да не беше средината каде цурава се беше затупила во Твајлајт-романса фазон со типични тинејџ лигушки и постојаната потреба да се истакне убавината на младичот небаре е Лепотанот од спотот на Цеца, ќе беше едно навистина добро, испревртено, психолошко дело.

Нејсе, Мара Дајер/Дијер (како сакате) се буди во болнички кревет без меморија што се случило пред четири дена, а нејзините пријателки и дечко ѝ се мртви.
За да започне нов живот, се сели со семејството далеку од родниот град, но, мртвите се враќаат во нејзиниот живот преку халуцинации и соништа, полека откривајќи ѝ што всушност се случило ноќта на несреќата. Во меѓувреме, уште неколку луѓе околу неа умираат под мистериозни околности.
Секако, тука е и совршениот, налик бед бој Ноа (нали, мора да има и романса), кој ќе ѝ помогне да открие што всушност се случува со неа.

Таман мислев ќе ја дочитам и готово, заврши на начин кој веројатно ќе ме испровоцира да го прочитам и остатокот од трилогијата. Видечемо. (think)
 

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
„Клетници“- Виктор Иго

На почетокот книгата ми беше проклето досадна, но кога продолжив да ја читам ми стана интересна. Но, сепак деловите за војната ми беа досадни, се соживеав со книгата, исто така не ми се многу допаѓа начинот на кој е пишувана.
 

Redhead

Bookworm
23 февруари 2012
1,060
2,039
1,133
Neverland
"Парада на марионетките" - Евгениј Хоуп

Според сижето на самата книга, авторот ја обработува темата т.е прашањето или "дилемата" - кој е креатор на нашата судбина?
Дали ние самите или пак сосема други луѓе, настани, ветувања. Според мене, ова е класичен пример колку може да се излаже човек читајќи ги тие неколку реченици на задната корица. Книгата е пренатрупана со дејствија, збиени само во 200 страници. Почетокот е многу бавен, но подоцнежните настани вртоглаво се збиени еден по друг. Се` што би требало да се открива за главниот лик низ текот на книгата, преставено е веднаш на почетокот, во првите 50 - тина страници. Читајќи ја книгата добив впечаток дека авторот приказната што сакал да ја пренесе, можело многу подобро да биде ако ја продолжел книгата барем за едно 50 или 100 страници. Се` е некако набрзинка вметнато. Главната тема на романот освен судбината, е љубовта. Всушност љубовта на прв поглед. Фатална и вистинска. Дали? Раздвоени во различни земји ликовите по само една средба ја доживуваат љубовта на својот живот, болно копнеејќи еден за друг, додека им се случуваат сплет настани кои ќе ги дефинираат нив како индивидуи и животите на споредните ликови.
Премногу напорно за толку мала книга.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Малце доцнам со пишување, затоа ќе дадам мислења за 3 книги кои неодамна ги прочитав.

"На Пат" - Џек Керуак

Јас овој писател го пратам подолго време, едноставно нешто ме привлекува кон него. On The Road поодамна ја имам исчитано до пола на англиски во pdf формат на 17'3 инчен екран, а потоа се откажав зошто ми беше заморно за очите. Истото го имам направено и со неговата "The Dharma Bums" која едвај чекам да ја најдам во книжена форма. Ја имам и ислушано третина аудио-книгата на На Пат и мојот заклучок е дека оригиналната верзија е неспоредлива со македонскава. Не дека македонскава (издание на ТРИ) е катастрофа, но едноставно се губи шармот на Керуак во преводот. Како што кажува насловот, во книгата се работи за млади пријатели кои поголемиот дел од своето време го поминуваат на пат низ Американските држави и притоа, смислата на животот ја бараат токму тука. Оваа книга е речиси автобиографија и ликовите се инспирација од вистинските пријатели на Керуак. Кога ја читав книгата во мене се разгоруваше жар, се јавуваше силна потреба да се спакувам и да заминам од градов. Иако многу работи кои ги правеа ликовите јас не би ги правела (но не ги ни осудувам), сепак како ја читаш книгата, сфаќаш дека навистина тоа е смислата на животот, поентата на нашето постоење. Целосна слобода. Уживање во моментот, неограничување, правење што ти душа сака. Искористување на секоја шанса за создавање на подив спомен. Ја читаш книгава и сфаќаш дека твојот живот е ужасно досаден.

"Frankenstein" - Mary Shelly

Не очекував дека книгава ќе ми биде толку забавна. Јас цел живот сум била во заблуда со мојата неупатеност. Секогаш мислев дека Франкенштајн е чудовиштето-човек кој докторот ќе го создаде. Всушност, Франкенштајн е самиот доктор. Книгата е поделена на 3 дела: во првиот се раскажува како Франкенштајн доаѓа до идејата да создаде човек, како го создава, како го напушта и како започнуваат сите грозоморни работи во неговиот живот; во вториот дел чудовиштето-човек ја раскажува својата перцепција и како тој се снаоѓал во животот, што и зошто направил; во третиот и последен дел Франкенштајн одбива да создаде чудовиште-жена и доаѓа во судир и сам со себе и своите демони кои го прогонуваат за стореното дело и во судир со чудовиштето кое го има создадено. Кога ќе се сетам само дека Мери Шели ја има напишано книгава на само 19 години... Многу уникатна приказна (напишана на крајот на 19 век) со јака порака. Покрај главниот заплет, ми се допадна како сликовито ги опишуваше сите средини кои го опколуваа Франкенштајн, до тој степен што добивав голема желба да ја посетам Швајцарија. Се на се, убава приказна за човекот и неговата потреба да биде сакан и згрижен.

"Страв и гадење во Лас Вегас" - Хантер С. Томпсон

Книгава ја прочитав за 2 дена (2 дена по 3 саати) и да имав повеќе слободно време мислам дека ќе ја завршев и за еден. Не знам зошто толку многу ме навлече, кога ќе размислиш подобро, нема некое конретно дејствие, па да сакаш да дознаеш што се случило. И оваа книга слично како На Пат, наликува на дневник во кој авторот раскажува што правел додека бил на пат, во овој случај во Лас Вегас. Докторот по новинарство Раул Дук, заедно со својот адвокат доктор Гонзо, заминуваат во Лас Вегас со цел да напишат статија за познатата трка со мотори Mint 400. Притоа, тие се 24/7 на многубројни дроги како што се lsd, марихуана, етер, кокаин, мескалин и разно разни други халуциогени срања. Во книгава пратиме како свеста на еден човек се менува, што чувствува и физички и психички еден наркоман, што гледа додека е под дејствие на хардкор дрога, што размислува и како реагира. Книгава не е за сечиј вкус. Има толку ментални дешавки што мислам дека повеќето ќе се зачудат што читаат. Мене особено ми се допаднаа оние делови кога им раскажуваа лажни приказни на одредени ликови, како на пример, цајканот од конференцијата за полицајци за дрога (или како и да се викаше) и потоа, на кутрата собарка. Пак ќе кажам, многу уникатна приказна (исто така автобиографска), ја читаш книгава и целосно влагаш во филм и уживаш во лудите авантури кои им се случуваат на главните ликови.
 
Последна промена: