СДК дека се разочарав од се, секого и сешто. Сум прашала многупати, ќе прашам и пак. КАДЕ ОДИ СВЕТОВ? КАДЕ? Што полза има од она што го прават луѓето?
Сакам само да отидам на некое место каде што сите ќе ме остават на мира да уживам во своето грампи кет расположение и да не ме боли ама баш ништо, да ги исплачам солзиве што ги собирам толку време и да ми олесни. Да го почувствувам оној момент на празнина и мир по исфрлањето на емоциите.
Не сакам да чувствувам веќе ништо.
Камо да не го слушнав она што го слушнав синоќа. Боли, и тоа многу. Боли бидејќи доаѓа од усни кои секогаш успеваат да ме повредат на ваков или таков начин. Личноста која секогаш треба да е тука за мене, која треба неизмерно да ме сака секогаш, како да се претвори во Луцифер. Животот ми е филм, насловот Инферно со огромни букви. Само една реченица ми беше доволна. И секогаш е. Само една. И ништо повеќе.
Се борам. Давам се од себе. И пак нема резултати. Се прашувам, имам ли сила да се борам сеуште? Имам ли мотив да продолжам понатаму?
Не, ова не е ништо како suicidal note, ова е само искажување на она што веќе немам сила ниту да го напишам на хартија и да ја изгорам, да се стори пепел... Како никогаш ни да не било напишано...
И гледам, штом ќе решам нешто, на пат ми застанува нешто уште потешко. Не можеш да мрднеш, блокади од сите страни. Оној кој треба да ти ја даде најголемата поддршка, веќе одамна не е ист. Не го познаваш. Како да испарил некаде во воздухот и сега пред тебе стои сосема нова личност.
Ни женско, ни машко... Ни жива, ни мртва... На средината... Жив мртовец... Ете, тоа сум јас. Живеам, ама како да не сум жива. Нешто недостасува... Душа... Срце... Ах... Не можам веќе. Не спијам со денови, постојано сум изморена, ретко нешто може да ме орасположи... Имам цели, принципи и одговорности... Доследно се држам до нив.
Но во што се претворив? Робот? Кукла на конци која сите можат да ја контролираат? Кој како сака, ќе ја насочува на која страна сака и ќе ја тера да прави што сака? Ја изгубив надежта, среќата, сочувството, љубовта кон ближните...
Отрпнав наеднаш. Ги исклучив сите сетила, сите чувства... Како робот.. Машина... Ова не сум јас, не сум јас. Јас не сум ваква, но околината ме натера.
Се што чувствувам е грутка во грлото од која не можам ни да зборувам, бескрајна фрустрација и... вина? Не знам... Не можам да определам што е. Непознато чувство кое ме вади од контрола. Не ми се допаѓа тоа. Мразам кога немам контрола. Ме нервира.
Само сакам да плачам. Да се исплачам. И да не чувствувам ништо. Ете, тоа е се што сакам...