Интересно.
Ама имам едно прашање....
Какво е тоа барање на утеха во нешто?
Зошто би барал јас утеха во нешто кога не сум успеал по вина на други - не моја?
А, ако после ова следни „вината секогаш ја бараме во други“... Следи уште едно прашање: А во кого да ја барам вината? Како да ја барам во себе кога она што е барано како услов за дадената работа сум го завршил?
И ќе одам ептен оф-топик ако продолжам со ова...
Да не одам таму офф топик.
Незнам колку е интересно и во која смисла,но повеке од сигурно е дека знам дека секогаш чучко ни е крив,наместо да тргнуваме барајки ја вината во себе.
Без разлика дали некој влегол на работа на местото кај што сме аплицирале ние затоа што татко и работел во истата фирма.
Зошто пак да не гледаме на тоа како ете на пример,за татко и како добар работник со децении во таа фирма му го примиле детето на работа?
Немора да значи дека цел живот ке остане таму да работи тоа лице,може нема да се докаже па ке примат место него некој друг.
Кој гарантира пак дека ние ке бевме подобри и посоодветни за тоа работно место од детето на ,,вујкото владика,,?
Ова е само еден пример кој е фиктивен,колку да доловам од прилика што сакав да кажам со она дека секогаш се тешиме за својот неуспех да влеземе на работа било каде.
Но не значи дека сите примери се во оваа насока.
Сметам дека,доколку некому му се работи,го бива,секако дека ке си го најде своето катче доколку се потруди.
Ниту еден вујко владика неможе ништо да му одземе,но за се треба време,искуство,труд,упорност и успех во она што го работи.
Без способност се нема ништо.
Доколку немам срека во државните институции тоа не значи дека неможам да се докажам на друго место.
Сите се запнале за државните институции од причина што бараат работа,лежи лебу да те јадам.
Јес да заради тоа ги учиме факултетите но и немора да значи.