Работно искуство

Praetorian

Староседелец
24 февруари 2012
326
396
1,063
Јас ти изнесувам факти, ти велиш дека кукам. :nerd

Знаеш зошто? Зошто не се исплати во државава. Имаш даноци, месечни издатоци и ред други компликации. Просто кажано - Заработката која ја добиваш не ги покрива трошоците, а не минимален износ за себе. Тоа е научна фантастика.

Затоа пред да се лупаш во гради со снаоѓање и вреѓање, КОРИСТИ ФАКТИ.
Само за компарација земи ја Црна Гора со банката во Подгорица и се е јасно. :*
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Реми

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Незнам што ме спопадна желба да ја отворам темава... кога гледам умрела уште од 10 јули 2012, ама ме фати желба за „кукање“ па ... АЈМО! :)
Моето работно искуство започнува есента кога имав 16 години, кога дома имаше ептен голем недостиг на пари. Работев 4 дена во неделата во еден кафиќ, и од работата не бев задоволен ни најмалку. Дневницата + бакшиш + арам, се собираше добра пара - за тинејџер, па можев да го задоволам и мојот и џепарацот на сестра ми, ама се случуваше од работа директ во училиште и ми беше напорно - ептен.
Летото по завршувањето на втора година, почнав да одам како помошник на мајстор - градежништво. Човекот го запознав еднаш кога бев прва смена наработа во кафулето и ми кажа дека бара младо дете за летото. Одевме во сите градови - секој ден, буквално без ниту еден ден одмор, два пати бевме до албанија, и тоа лето можеби ја направив една од најголемите заработки во мојов живот - и успеав да и’ дадам пари на мајка ми, да ги штеди за да можам да полагам за кола кога ќе наполнам 18.
Есента повторно во кафиќи, а идното лето повторно со истиот мајстор - но само до една недела пред мојот роденден бидејќи се повреди мајсторот и веќе не одеше никаде, ама имаше пријател кој редеше бекатон плочки низ цел град, па одев со нив - е тој беше ужас човек, само да се зборело бре. И јас ломотам ама на него рака му пружам дефинитивно.
Цела четврта година работев во кафиќ - овој пат секој ден, затоа што збирав пари за да можам да платам смештај првите месеци во Скопје на факс. Е тоа беше пекол - во вистинска смисла на зборот. Знаев да плачам за спиење - знаев да скренувам буквално од нервоза, од умор. На два три наврати стигнував дури и до плачење - буквална смисла на зборот. Заборавив како изгледа куќата жими се.
Потоа положив за кола, завршив средно, и заедно со сестра ми најдовме пријатели што ни понудија да работиме во Грција на плажа цело лето јас келнер таа во шанк. Заработивме одлична пара, и не беше лошо. Цело лето на одмор како да си :)
Потоа дојде факсот. Прво се запишав како редовен студент, и работев во скопје како таксист, ама ми беше напорно па вториот семестар се запишав како вондреден - одев на предавања кога имав време ама претежно само на испит. 2 години работев како таксист, потоа се случи една турбуленција во мојот живот. Се вратив назад во Кичево, факултетот го закочив на почеток на трета година.
Кога се вратив на добра насока повторно почнав со факсот, ама живеев во Кичево и почнав да работам во такси компанија - ама немаше тука леб, така да по само три месеци се откажав и почнав да работам во една кладилница. Го дозавршив факсот И КАКО СЕКОЈ АКАДЕМСКИ ГРАЃАНИН СИ ЈА ПРОБАВ СРЕЌАТА ДА СИ НАЈДАМ РАБОТА ПО ПРОФЕСИЈА, НО НЕ СУМ ПАРТИСКИ ОБОЕН СО БОЈАТА НА ВЛАСТА ПА НА МОЕ МЕСТО ВЛЕЗЕ ДРУГА ДЕВОЈКА - ПАТЕМ ВТОРА БРАТУЧЕДА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ и така најдов работа да одам во Авганистан, заминав на 6 месеци, настана проблем наместо 6 останав 8.
Се вратив тука ПРЕКУ ДРУГАР НА ДЕЧКО ТО НА СЕСТРА МИ најдов работа како дистрибутер за разнесување цигари... Тоа го работев до оваа есен, и почнав сега со маркетот, и ако даде Господ така и ќе остане...
Веќе се откажав од надеж дека ќе застанам пред ученици, некогаш во мојов живот - и затоа кукам по оваа држава затоа нејќам око да и’ видам и затоа сме 500 години назад, затоа што кадрите се бираат по родбинска, или било каква врска, а не по она што го знаат.
 

goodgod

Истакнат Член
26 декември 2012
433
304
163
пред компјутер
Поминуваше зимата па за летото мораше некоја пара да се земе. Работев 8 месеци у фабрика, пунев, редев, пакував сок, зборам за Струмка!
После тие 8 месеци, нешто се заинатив со шефовиве и дома, то је све.
 

Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas
Сега дури читам во темата и се навратив на постарите мислења, па луѓе бре ова е тема секој за себе да си го каже своето искуство, а не да им солите ум на другите. Дали некој го вработил таткому или мајкаму, бабаму или дедому ич не е наш проблем. На крајот на краиштата секој за себе нека си мисли. Никогаш не се замарам со тоа и не патам од комплекси дали некој е директор а нема две чисти во главата, дали е богаташ а ништо не сработил во животот. И бај д веи кога почнав на работа немав работно предходно искуство, но со тек на време многу научив и за многу кратко се вклопив. Сега веќе влегов во шема и немам гајле.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi and melpomena

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Сега дури читам во темата и се навратив на постарите мислења, па луѓе бре ова е тема секој за себе да си го каже своето искуство, а не да им солите ум на другите. Дали некој го вработил таткому или мајкаму, бабаму или дедому ич не е наш проблем. На крајот на краиштата секој за себе нека си мисли. Никогаш не се замарам со тоа и не патам од комплекси дали некој е директор а нема две чисти во главата, дали е богаташ а ништо не сработил во животот. И бај д веи кога почнав на работа немав работно предходно искуство, но со тек на време многу научив и за многу кратко се вклопив. Сега веќе влегов во шема и немам гајле.
Најдобрата утеха за нашите неуспеси секогаш се бараат во било што,така и со случајот на,,вујко владика,,.:)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi, 4FUN and Kitty

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Најдобрата утеха за нашите неуспеси секогаш се бараат во било што,така и со случајот на,,вујко владика,,.:)
Интересно.
Ама имам едно прашање....
Какво е тоа барање на утеха во нешто?
Зошто би барал јас утеха во нешто кога не сум успеал по вина на други - не моја?
А, ако после ова следни „вината секогаш ја бараме во други“... Следи уште едно прашање: А во кого да ја барам вината? Како да ја барам во себе кога она што е барано како услов за дадената работа сум го завршил?

И ќе одам ептен оф-топик ако продолжам со ова...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Kitty

Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas
Интересно.
Ама имам едно прашање....
Какво е тоа барање на утеха во нешто?
Зошто би барал јас утеха во нешто кога не сум успеал по вина на други - не моја?
А, ако после ова следни „вината секогаш ја бараме во други“... Следи уште едно прашање: А во кого да ја барам вината? Како да ја барам во себе кога она што е барано како услов за дадената работа сум го завршил?

И ќе одам ептен оф-топик ако продолжам со ова...

На пример Аркантос ти многу добро си го опишал твојот животен пат, си се трудел од секогаш си работел се само да допреш до пари, па си и помагал и на сестрати. Тоа е многу добро од твоја страна што си мислел на фамилијата. За такви луѓе вредни како тебе секогаш ќе има подобри денови, не престанувај да веруваш во тоа. Еден ден ќе бидеш многу повеќе од тоа што си замислувал. Ама читав некои постари мислења каде гледам паднале дискусии и расправи и секој место да си гледа за себе исправа криви дрини за другите. Во животот човек треба да се сконцентрира на својата цел, а не да се комплексира од тоа што го постигнале другите. И јас сакам да се родев како Парис Хилтон, или принцезата Кејт ама нема..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi and Arkantos

Реми

Староседелец
18 февруари 2012
542
957
1,093
У близина
На пример Аркантос ти многу добро си го опишал твојот животен пат, си се трудел од секогаш си работел се само да допреш до пари, па си и помагал и на сестрати. Тоа е многу добро од твоја страна што си мислел на фамилијата. За такви луѓе вредни како тебе секогаш ќе има подобри денови, не престанувај да веруваш во тоа. Еден ден ќе бидеш многу повеќе од тоа што си замислувал. Ама читав некои постари мислења каде гледам паднале дискусии и расправи и секој место да си гледа за себе исправа криви дрини за другите. Во животот човек треба да се сконцентрира на својата цел, а не да се комплексира од тоа што го постигнале другите. И јас сакам да се родев како Парис Хилтон, или принцезата Кејт ама нема..

Леле девојко дај не се акај од земја со безвезни муабети налик твојне. Разбери дека во Македонија владее непотизам и иронично е што истиот е забранет со закон, но во пракса е широко распослан.
Вината да не се барала кај вујковци и тетки, баби и стрини што своите полуписмени деца и внуци ги напикаа на своја слава и пристапот го ограничија на некому кој стварно учел?

Како најсвеж пример ќе го земам Битолскиот универзитет. Додека не се пишуваше по медиумите, таму на големо царуваше токму тоа - непотизам. Штом почна да се пишува, почнаа да се применуваат мерки. Треба ли некој да „урла“ по медиумите за да течат нормално работите како што течат во други земји? Дечкото што опишува погоре е токму тоа - реален живот и место да му речеш идат бољи времиња (што нормално нема да дојдат), треба да сфатиш од неговиот пост дека средната класа (на чесните луѓе во Македонија полека умира). Дека повеќето не сме деца на апаши и силеџии и дека без курвање и книшка сакаме да заработиме чесен леб и дека покрај еден куп положени испити со наш труд и мака, не е сеедно да гледаш како ЛИНГУР доаѓа на место каде што треба да си ти. Заслужено! Ај сеа умислувај се Парис Хилтон, пошо не умееш да разликуваш луксуз од просечна - нормална живеачка.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Kitty and Arkantos

Шмекси

Истакнат Член
15 февруари 2012
1,133
1,068
113
Скопје
www.statik-group.com
Потребен е тим на гипсари (2 мајстори, 1 помошник) на подолг работен ангажман.Се работи исклучиво на големи објекти ( згради ) каде што се бара тимска работа, професионалност и лојалност спрема работните задачи.
Работно време 8 часа со 1 час пауза.
Платен превоз.
Сите заинтересирани нека ме контактираат на :

077 823 176
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Реми