А што прави лавицата додека го мерка својот плен чекајки го во заседа, совршено камуфлирана...? Иако животните првенствено се водат според инстинкт, тие сепак размислуваат и планираат и што е уште по зачудувачки се каде каде по способни да ги согледаат последиците од своите постапки за разлика од човекот. Тоа покажува дека се способни да ја предвидат иднината и да учат од своето минато.Само животните се способни да ја живеат сегашноста. За нив се што постои е сега и овде. Но тоа е затоа што тие не можат да мислат, а човекот може. Ретко кој човек може подолго време умот и телото да ги држи заедно. Поготово со денешново темпо на живеење.
Минатото знае да биде болно, а иднината загрижувачка. Додека мислиме на болното минато или на страшната иднина доживуваме стрес, а во мегувреме не мислиме на тоа што го правиме во моментот, па затоа правиме грешки... Затоа!Луѓето минуваат 46,9% од своето време, размислувајќи за други работи од оние со кои што се зафатени во моментот, но тоа не ги прави среќни, воопшто.
Истражувањето спроведено преку IPhone апликација од страна на универзитетот Хардвард, од психолозите Метју А. Килингсворт и Даниел Т. Гилберт покажува дека „способноста“ да не размислуваме за она што не се случува во моментот е големо достигнување, кое сепак не тера да платиме голема емотивна цена.
За разлика од другите суштества, луѓето поминуваат голем дел од времето размислувајќи за работите кои не се случуваат во моментот : размислувајќи за спомени од минатото, за работи кои ги планираат во иднина, или за стравот од одредени настани. Тоа некако доаѓа како default активност на нашиот мозок.
Резултатите од ова истражување го покажуваат токму тоа, дека голем процент од луѓето размислуваат за многу други активности, наместо онаа која ја извршуваат во моментот.Најголемиот дел од нив (30% ) изјавиле дека најчесто размислуваат за водењето љубов со нивните партнери или некоја друга личност, и дека таквото размислување им предизвикува пријатно чувство.
Тоа е убаво, но ваквата студија покажува дека на нашите животи во голема мера влијаат минатото и иднината или едноставно кажано „дека најголемиот дел од нас не ги живеат миговите на сегашноста“.Истовремено, Килингсворт и Гилберт истакнуваат дека степенот до кој другите луѓе ја напуштаат сегашноста е голем показател за тоа колку се среќни и тоа повеќе од извршувањето на нивните активности.
Многу од филозофските и религиозните учења тврдат дека среќата е во сегашниот момент и според нив, ваквиот ум кој ја напушта сегашноста е „несреќен ум“. Ваквото истражување ги дополнува и потврдува ваквите теории.
http://www.skopjeinfo.mk/skopje-etc/1492728896/ja-ziveete-li-segasnosta?utm_source=daily.mk
kакви се вашите размислувања по однос на оваа тематика ???
...и само според инстинкт. Зарем мислиш дека лавицата или мувата во моментот размислуваат и кројат планови за својата следна акција? Се е тоа рефлекс. Нема минато нити иднина. Има само сега и овде. Од минатото има само навики/инстинкти кои се наследиле од предходните генерации или се стекнале по пат на учење преку обиди и грешки или условување. (изгуглај за експериментите на Торндајк и Павлов)А што прави лавицата додека го мерка својот плен чекајки го во заседа, совршено камуфлирана...? Иако животните првенствено се водат според инстинкт, тие сепак размислуваат и планираат и што е уште по зачудувачки се каде каде по способни да ги согледаат последиците од своите постапки за разлика од човекот. Тоа покажува дека се способни да ја предвидат иднината и да учат од своето минато.
Времето е илузија. минатото, сегашноста и иднината не постојат, а друг муабет е тоа како ние лугето го перципираме времето.
Додека ти замавнуваш со рака за да ја убиеш мувата која стои на масата поминува најмногу една секунда, а мувата тоа движење на твојата рака го доживува како што ти би доживеал половина час, затоа и умее толку вешто да го избегне ударот. Додека таа сеуште ја гледа раката како се доближува до нејзе со цел да ја тресне, ти веке си станал и си сварил кафе... Каде е сегашноста? Кој од вас живее во сегашноста?
Ајде да речеме дека си во право. Ако животните не мислат, тогаш како ја доживуваат, перцепираат сегашноста? Зарем можат да бидат свесни за моментот ако истиот го препуштаат единствено на својот инстинкт и рефлекси?...и само според инстинкт. Зарем мислиш дека лавицата или мувата во моментот размислуваат и кројат планови за својата следна акција? Се е тоа рефлекс. Нема минато нити иднина. Има само сега и овде. Од минатото има само навики/инстинкти кои се наследиле од предходните генерации или се стекнале по пат на учење преку обиди и грешки или условување. (изгуглај за експериментите на Торндајк и Павлов)
Не знам кај читав, животните имале некои способности да предвидат природни катастрофи така што се однесувале невообичаено во тие моменти и сл. А инаку неам појма како ја доживуваат сегашноста. Можи за нив не постои линеарно време, не знаат дека стареат или што ти ја знам. Знам само дека се водат по вродените инстинкти и стекнатите навики.Ајде да речеме дека си во право. Ако животните не мислат, тогаш како ја доживуваат, перцепираат сегашноста? Зарем можат да бидат свесни за моментот ако истиот го препуштаат единствено на својот инстинкт и рефлекси?