Луѓето минуваат 46,9% од своето време, размислувајќи за други работи од оние со кои што се зафатени во моментот, но тоа не ги прави среќни, воопшто.
Истражувањето спроведено преку IPhone апликација од страна на универзитетот Хардвард, од психолозите Метју А. Килингсворт и Даниел Т. Гилберт покажува дека „способноста“ да не размислуваме за она што не се случува во моментот е големо достигнување, кое сепак не тера да платиме голема емотивна цена.
За разлика од другите суштества, луѓето поминуваат голем дел од времето размислувајќи за работите кои не се случуваат во моментот : размислувајќи за спомени од минатото, за работи кои ги планираат во иднина, или за стравот од одредени настани. Тоа некако доаѓа како default активност на нашиот мозок.
Резултатите од ова истражување го покажуваат токму тоа, дека голем процент од луѓето размислуваат за многу други активности, наместо онаа која ја извршуваат во моментот.Најголемиот дел од нив (30% ) изјавиле дека најчесто размислуваат за водењето љубов со нивните партнери или некоја друга личност, и дека таквото размислување им предизвикува пријатно чувство.
Тоа е убаво, но ваквата студија покажува дека на нашите животи во голема мера влијаат минатото и иднината или едноставно кажано „дека најголемиот дел од нас не ги живеат миговите на сегашноста“.Истовремено, Килингсворт и Гилберт истакнуваат дека степенот до кој другите луѓе ја напуштаат сегашноста е голем показател за тоа колку се среќни и тоа повеќе од извршувањето на нивните активности.
Многу од филозофските и религиозните учења тврдат дека среќата е во сегашниот момент и според нив, ваквиот ум кој ја напушта сегашноста е „несреќен ум“. Ваквото истражување ги дополнува и потврдува ваквите теории.
http://www.skopjeinfo.mk/skopje-etc/1492728896/ja-ziveete-li-segasnosta?utm_source=daily.mk
kакви се вашите размислувања по однос на оваа тематика ???