Ја живеете ли сегашноста?

Мортидо

Староседелец
6 март 2012
1,056
1,575
1,133
Yellowknife, NT, Canada
metatron86.deviantart.com
Само животните се способни да ја живеат сегашноста. За нив се што постои е сега и овде. Но тоа е затоа што тие не можат да мислат, а човекот може. Ретко кој човек може подолго време умот и телото да ги држи заедно. Поготово со денешново темпо на живеење.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: parvati

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070

А што прави лавицата додека го мерка својот плен чекајки го во заседа, совршено камуфлирана...? Иако животните првенствено се водат според инстинкт, тие сепак размислуваат и планираат и што е уште по зачудувачки се каде каде по способни да ги согледаат последиците од своите постапки за разлика од човекот. Тоа покажува дека се способни да ја предвидат иднината и да учат од своето минато.
Времето е илузија. минатото, сегашноста и иднината не постојат, а друг муабет е тоа како ние лугето го перципираме времето.

Додека ти замавнуваш со рака за да ја убиеш мувата која стои на масата поминува најмногу една секунда, а мувата тоа движење на твојата рака го доживува како што ти би доживеал половина час, затоа и умее толку вешто да го избегне ударот. Додека таа сеуште ја гледа раката како се доближува до нејзе со цел да ја тресне, ти веке си станал и си сварил кафе... Каде е сегашноста? Кој од вас живее во сегашноста?
 
malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
Луѓето минуваат 46,9% од своето време, размислувајќи за други работи од оние со кои што се зафатени во моментот, но тоа не ги прави среќни, воопшто.
wandering_m.jpg

Истражувањето спроведено преку IPhone апликација од страна на универзитетот Хардвард, од психолозите Метју А. Килингсворт и Даниел Т. Гилберт покажува дека „способноста“ да не размислуваме за она што не се случува во моментот е големо достигнување, кое сепак не тера да платиме голема емотивна цена.
За разлика од другите суштества, луѓето поминуваат голем дел од времето размислувајќи за работите кои не се случуваат во моментот : размислувајќи за спомени од минатото, за работи кои ги планираат во иднина, или за стравот од одредени настани. Тоа некако доаѓа како default активност на нашиот мозок.
Резултатите од ова истражување го покажуваат токму тоа, дека голем процент од луѓето размислуваат за многу други активности, наместо онаа која ја извршуваат во моментот.Најголемиот дел од нив (30% ) изјавиле дека најчесто размислуваат за водењето љубов со нивните партнери или некоја друга личност, и дека таквото размислување им предизвикува пријатно чувство.
Тоа е убаво, но ваквата студија покажува дека на нашите животи во голема мера влијаат минатото и иднината или едноставно кажано „дека најголемиот дел од нас не ги живеат миговите на сегашноста“.Истовремено, Килингсворт и Гилберт истакнуваат дека степенот до кој другите луѓе ја напуштаат сегашноста е голем показател за тоа колку се среќни и тоа повеќе од извршувањето на нивните активности.
Многу од филозофските и религиозните учења тврдат дека среќата е во сегашниот момент и според нив, ваквиот ум кој ја напушта сегашноста е „несреќен ум“. Ваквото истражување ги дополнува и потврдува ваквите теории.
http://www.skopjeinfo.mk/skopje-etc/1492728896/ja-ziveete-li-segasnosta?utm_source=daily.mk

kакви се вашите размислувања по однос на оваа тематика ???
Минатото знае да биде болно, а иднината загрижувачка. Додека мислиме на болното минато или на страшната иднина доживуваме стрес, а во мегувреме не мислиме на тоа што го правиме во моментот, па затоа правиме грешки... Затоа!
 
Мортидо

Староседелец
6 март 2012
1,056
1,575
1,133
Yellowknife, NT, Canada
metatron86.deviantart.com
А што прави лавицата додека го мерка својот плен чекајки го во заседа, совршено камуфлирана...? Иако животните првенствено се водат според инстинкт, тие сепак размислуваат и планираат и што е уште по зачудувачки се каде каде по способни да ги согледаат последиците од своите постапки за разлика од човекот. Тоа покажува дека се способни да ја предвидат иднината и да учат од своето минато.
Времето е илузија. минатото, сегашноста и иднината не постојат, а друг муабет е тоа како ние лугето го перципираме времето.

Додека ти замавнуваш со рака за да ја убиеш мувата која стои на масата поминува најмногу една секунда, а мувата тоа движење на твојата рака го доживува како што ти би доживеал половина час, затоа и умее толку вешто да го избегне ударот. Додека таа сеуште ја гледа раката како се доближува до нејзе со цел да ја тресне, ти веке си станал и си сварил кафе... Каде е сегашноста? Кој од вас живее во сегашноста?
...и само според инстинкт. Зарем мислиш дека лавицата или мувата во моментот размислуваат и кројат планови за својата следна акција? Се е тоа рефлекс. Нема минато нити иднина. Има само сега и овде. Од минатото има само навики/инстинкти кои се наследиле од предходните генерации или се стекнале по пат на учење преку обиди и грешки или условување. (изгуглај за експериментите на Торндајк и Павлов)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
...и само според инстинкт. Зарем мислиш дека лавицата или мувата во моментот размислуваат и кројат планови за својата следна акција? Се е тоа рефлекс. Нема минато нити иднина. Има само сега и овде. Од минатото има само навики/инстинкти кои се наследиле од предходните генерации или се стекнале по пат на учење преку обиди и грешки или условување. (изгуглај за експериментите на Торндајк и Павлов)
Ајде да речеме дека си во право. Ако животните не мислат, тогаш како ја доживуваат, перцепираат сегашноста? Зарем можат да бидат свесни за моментот ако истиот го препуштаат единствено на својот инстинкт и рефлекси?
 
Мортидо

Староседелец
6 март 2012
1,056
1,575
1,133
Yellowknife, NT, Canada
metatron86.deviantart.com
Ајде да речеме дека си во право. Ако животните не мислат, тогаш како ја доживуваат, перцепираат сегашноста? Зарем можат да бидат свесни за моментот ако истиот го препуштаат единствено на својот инстинкт и рефлекси?
Не знам кај читав, животните имале некои способности да предвидат природни катастрофи така што се однесувале невообичаено во тие моменти и сл. А инаку неам појма како ја доживуваат сегашноста. Можи за нив не постои линеарно време, не знаат дека стареат или што ти ја знам. Знам само дека се водат по вродените инстинкти и стекнатите навики.

едната мачка успешно го отвара кафезот и стигнува до храната оти покрај многу направени грешки во неколку обиди и се потрефило да го отвори кафезот и веќе тоа и станува навика, додека на другата мачка и е потешко оти сеуште не ја ’’укапирала’’ финтата за да и стане навика.
 
Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
Најпрвин да го пофалам креаторот на темата, навистина добра тема.

Дали живеам во сегашноста?

-Јас лично не.Честопати си се сеќавам на работи коишто во минатото сум ги направил, а сега влијаат врз мене..
Или јас така си мислам дека можеби ако направев поинаку можеби ќе беше подобро.Честопати си размислувам за минатото на интересните моменти што ми се случувале.Ме фаќа некоја нервоза и тага затоа што сега е многу поразлично и ми недостигаат тие моменти.

Луѓето велат минатото да го оставиме зад себе си и да гледаме за сегашноста и иднината...
-Да, се согласувам со тоа, но сепак не го правам тоа.Не се грижам за сегашноста т.е. живеам за иднината.Си мислам дека доколку размислувам повеќе за иднината.Многу често користам "Вака ќе", "онака ќе" итн...
Повеќе се загрижувам што ми носи иднината, отколку што ми се случува во сегашноста.
 
Anacal

Полноправен Член
19 јануари 2013
45
29
18
Не баш, односно многу ретко уживам во сегашноста и ја живеам.
Секојдневно се навраќам на минатото и на тоа што било и посакувам повторно да проживеам одреден период од минатава година. Знам дека е погрешно сето тоа и дека треба минатото да го оставам таму каде што му е местото, ама секојдневно ме прогонува. Буквално нема ден да не помислам на него.
 
M.Adams

Истакнат Член
16 јануари 2013
82
96
118
Многу ретки се моментите каде си дозволувам луксуз да размислувам за минатото или иднината.
Спомените, надежите се во глава нормално, ама не ги активирам често оти така го губам тлото под нозе.
Морам да сум сега тука, инаку ќе се изгубам во фантазии а тоа не ќе е продуктивен начин на живот.
 
Aleksis

Jukebox
4 април 2013
1,443
2,543
1,133
Секако...Ако живеам во минатото ќе го пропуштам цел живот.Ако размислувам за иднината ќе живеам во очекувања.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Aquarius