Болка во градите

milebt

Нов член
13 јануари 2013
6
0
1
32
Болката ми трае повеќе од 7-8 месеци. имам 20 години. на почетокот беше пулсирачка болка и веднаш после болката имав тахикардија. на екг имав блок на десно срце кое постепено се повлече. ги направив сите испитувања, бев кај повеќе специјалисти немам никакви срцеви промени, ми рекоа дека можно е да е скриена состојба, да нема промени на екг во мирување, само за време на болка и да носам холтер, пиев дијазепам. болката од пулсирачка сега ја чувствувам како силно стегање, а наутро се разбудувам од болка, од тежина ...болката е локализирана на средина на градната коска и на лево до рамото, болката трае 6-8 минути и се смирува во седната положба. тироидната ми е во ред, притисокот ми е низок многу често и чувствувам вртоглавици скоро секој ден. последните две недели имам други симптоми со запирање на циркулацијата на прстите на рацете, целосно престанува циркулацијата и прстите ми се бели и здрвени. сакам да ми дадете ваше мислење. благодарам однапред
 

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Јас би сакала да помогнам, ама не се наоѓам себе си компетентна да изнесам свое мислење...
навистина треба да направиш подетални испитувања не само на срцето туку на цел организам..
 

steppenwolf

Староседелец
12 декември 2012
335
489
1,063
Скопје
Според моето експертско мислење, it's not lupus.

Шала на страна, но кога веќе се направени секакви испитувања, чисто се сомневам дека некој на форумов може да ти помогне. Најдобриот совет во овој случај е и најочигледниот, оди по најразлични доктори и не се откажувај додека не откријат што ти е. Мене ми изгледа дека е сериозно, ама мојата медицинска експертиза се сведува само на лепење фластери, така да можно е да грешам. Како и да е, со среќа и се надевам дека грешам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп* and milebt

Solstice

Nujabes
28 август 2012
1,406
1,537
1,133
31
Mомакот не бара лекарска помош и стручно мислење,туку мисли дека можеби има некој од членовите со такво искуство и која е болеста што му е дијагностицирана на истиот. Инаку,дур имав период на анксиозност и панични напади имав слична болка во градниот кош но не до степен да ме буди од сон,имав аритмија,срцеви палпитации,исто така проблеми со притисокот и вртоглавици,така да голема е можноста твоите болки да се со нервно-вегетативна природа,стрес и останати фактори. Дали направи целосна крвна анализа и ЕЕГ? И дали си прошол низ некој многу стресен настан во последно време?
 

turop

Активен Член
15 март 2012
105
68
28
Веднаш продолжи со испитувањата не може да е ништо на психичка база барем према болките.Оди на приватните клиники мислам да те прегледаат повеќе доктори.Сум слушнал од луѓе што доживеале срцеви напади дека имаат болки среде на градите,вртолгавици и гушења.
Подобро да се сперчи него да се лечи така велат.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: milebt

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
milebt Ако пиеш дијазепами нормално е да имаш намален притисок и да имаш вртоглавици поради тоа. Мене овде нешто ме збунува. Ако немаш воопшто циркулација на одреден дел од телото, пример прсти и сл. тогаш не побледуваат туку помодруваат. Бледи прсти се обично резултат на слаба крв и циркулација.
Кога чувствуваш болка примети дали имаш правилен ритам на срцето или имаш аритмија, стави ги рацете на срцето и опипај дали бие силно и од тоа да доаѓа болката. Не би сакал да те плашам, но има многу дијагнози кои ги покриваат твоите симптоми дури и за моите „лаички“ познавања од медицина.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena and milebt

Solstice

Nujabes
28 август 2012
1,406
1,537
1,133
31
Веднаш продолжи со испитувањата не може да е ништо на психичка база барем према болките.Оди на приватните клиники мислам да те прегледаат повеќе доктори.Сум слушнал од луѓе што доживеале срцеви напади дека имаат болки среде на градите,вртолгавици и гушења.
Подобро да се сперчи него да се лечи така велат.
Да де,на приватна клиника за најобична минлива аритмија што не прави проблеми ќе ти шибнат стент и убавини.
А дека не може да е на психичка база ,незнам колку си упатен ,симптомите на паничниот напад се скоро идентични со тие на срцевиот удар ,значи отрпнување и трнење на една страна од телото ,болки во градниот кош ,посебно левата страна и тимусот ,вртоглавици,прескокнување на ритмови на срцето,тахикардија,тунел визија и паѓање или покачување на притисокот. Организмот одговара на самиот паничен напад како на реален напад на паника или страв од нешто,и затоа се случува да се јават болки во одреден дел на телото,најчесто градите,желудникот и често и грбот. Прва работа во вакви ситуации е да се остане присебен,75% од луѓето со сериозни болести умираат од самиот страв од болеста и со тоа само ги комплицираат стварите. А за да продолжи со испитувањето,дефинитивно треба,ама да не се паничи :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп*

близнак

Староседелец
21 јуни 2012
169
306
1,063
Не сум специјалист, ниту пак доктор, но имам читано и гледано....
Симптомите, посебно "стегањето" во градите и нискиот крвен притисок се класичен пример за кардио проблем, односно нарушена циркулација која создава и други негативни реакции (како ладни и здрвени прсти, итн).. Е сега чудно е што вакви проблеми обично се појавуваат кај постари особи, па човек мора да земе во предвид дека постои ризик да се работи за генетска деформација, односно наследна болест. Провери го тоа до 3та генерација поединечно, и кај едниот и кај другиот родител.
Највероватно веќе имаш направено, но ако немаш... провери потенцијално запушување на крвотокот. Направи анализа во (% проценти) за да имаш увид како циркулира крвта во секоја главна вена поединечно.
Провери холестерол и други масти.
Друг потенцијален причитинел секако дека може да биде шекерот. Провери го и тоа, детално.
Ако си пушач, направи CT скенер, па ако треба и биопсија во пределот на градите. Што е сигурно, сигурно.
Стресот и временските промени, во секој случај влијаат... не само кај тебе, туку кај сите.

Што повеќе проверки направиш, тоа повеќе ќе знаеш - што НЕ ти е. На крајот со елиминирање на дијагнози, може да се дојде до решение. Се надевам, не е некој мистериозен синдром.
Поздрав, и ти посакувам многу здравје и брзо решавање на проблемот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena and milebt

milebt

Нов член
13 јануари 2013
6
0
1
32
да сум имал повеќе стресни настани... ама мене ме асоцира на слаба циркулација, мајка ми како помлада имаше слаба циркулација и беше хоспитализирана, па можно е и од тоа да ми се болките во градите...вака изгледаа моите прсти повеќе пати raynaud1.jpg тоа го немав кажано во анамнезата на прегледите бидејќи ми е симптом од неодамна. веќе се закажав повторно на преглед кај Жан Митрев, се надевам дека не е нешто сериозно
фала многу на сите