Болката ми трае повеќе од 7-8 месеци. имам 20 години. на почетокот беше пулсирачка болка и веднаш после болката имав тахикардија. на екг имав блок на десно срце кое постепено се повлече. ги направив сите испитувања, бев кај повеќе специјалисти немам никакви срцеви промени, ми рекоа дека можно е да е скриена состојба, да нема промени на екг во мирување, само за време на болка и да носам холтер, пиев дијазепам. болката од пулсирачка сега ја чувствувам како силно стегање, а наутро се разбудувам од болка, од тежина ...болката е локализирана на средина на градната коска и на лево до рамото, болката трае 6-8 минути и се смирува во седната положба. тироидната ми е во ред, притисокот ми е низок многу често и чувствувам вртоглавици скоро секој ден. последните две недели имам други симптоми со запирање на циркулацијата на прстите на рацете, целосно престанува циркулацијата и прстите ми се бели и здрвени. сакам да ми дадете ваше мислење. благодарам однапред