Ооо...шит...комотно пишете ми го името ко синоним за “скапано“, озбилно.
Во живот не ме болеле толку нозете и кичмата. Се распаѓам децо, ко Распутин во цртанион за Анастасија.
Женстурачи, цело Скопје го превртовме за да најдеме нешто солидно, а на крај во маалска продавница си најдов.
И што е најубаво, баш ко што си ја замислив комбинацијата ми излезе, дури и поубаво. Мх!
Озбилно, нек иде у онаквото сиот кич. Што е бре ова чипки и наберени свили?!
А за да е комплетен денот, го видовме и Боки 13 во Рамстор со фенси бунда.
Жими ја, ептен личат со тетка ми...ако му е од утеха.
Битно јас сум задоволно-распадната и едвај чекам да се испрчам на НГ ко државна кокошка пред парење.