Дечки, ај плис...снемав веќе пуканки.
А може ако барем малку сакавме да ги активираме мозочните вијуги и да развиеме некоја дискусија по други теми, немаше да биде досадно до степен да се доаѓа до расправии секој ден за една иста баналност. Вака нема што да се прави, па ај ќе мудруваме на рекла-казала.
Во сериозна дискусија последно пишал Тираносаурусот, ама затоа овде сите имаме коментар. (Ништо поарна не сум, се вмешав и јас, затоа зборам во прво лице множина.)
Од другине теми се плашите ли да не ви се сконтра некој, па да не се запаѓа во непријатни ситуации каде ќе треба да си вадиме списоче и да го шкртаме секој што нема да се согласува со нас, или?
(Читај: Или ако се сконтраме, готово, вечити непријатели, па нема кој после да ни удара лајк на „Кога прднавте последен пат, колку беше гласно и дали смрдеше?“)
Па ниедна тема не бара диплома од Харвард во познавање на областа, доволно е да се има лично мислење, така и се развива дискусија и се учи, на попродуктивен начин ќе се тепа времето отколку вака. Гарант знам дека никому не му е толку капацитетот, па да знае само со “да“ и “не“ да одговара на темите, комплиментира (никако критика!) аватари и членови и да пишува што јадел/пиел, туку се крие нешто друго. Јавна тајна, таму лежи пустиот лајк.
Сами го уништуваме форумот пробувајќи да докажеме на другите дека го водат во погрешна насока.
Мња срцки, ве 6акуфкам. Бацкии.
Туку ММЕ на тој што ми вртеше сред најубав можен сон. Марфи, од газот да си каснеш! Кај беше да врти кога сонував кај што паѓа лифтот?! Јаз`к!
р.ѕ. Имаме нешто помалку од 6 дена, а мислењава и онака ќе бидат избришани.