ДЕЛИРИУМ ВО СПОРТСКАТА САЛА
Оној кој не присуствувал на натпреварот КК Куманово-КК Левски Софија навистина има зошто да жали. Скоро во текот на целиот натпревар гостите беа во водство, се до последната четвртина кога кумановскиот вулкан предводен од Кумани проработи од сите четири трибини и буквално публиката го доведе нашиот тим до победа. На крајот на натпреварот играчите во знак на благодарност се качија на западната трибина и заедно со Кумани ја прославија победата. Ова беше натпревар кој од навивачка гледна точка беше "лудница" и сите кои беа во полната сала иако беше работен ден уште долго ќе го паметат. Сликите и видео клипот се поставени на сајтот и можете да ги погледнете.