Чекај, од една страна бараш дискусија на ниво, од друга страна пробуваш сега да вадиш аргументи демек се` е субјективно. Не сакам да се навраќам во твоето претходен пост ти самата спомна -
Ама како што ти посочив погоре, не ме интересира политиката на администрацијата и ако утре/задутре ме банира, ќе си го одлежам банот, без никакви молења/плачења. Тоа што не поднесувам е етикетирање, кое и во овој пост ти пробуваш да го вметнеш. И не само кај мене. Кај сите кои сметаш дека се чувствителни на тоа.
Е па како што ти сметаш дека не е во ред некој да го јаде а некој не, јас сметам дека етикетите кои ти суптилно ги спушташ, не се во ред. Но сеа иде прашањето кој прв почна. Е тука може до утре да разглабаме ама не е работата кој прв почна туку кој ја завршува дискусијата. А во последно време се знае дека последниот збор го имаше администрацијата или некој од нас. Колку пати имавме кажано „било што било“ за да после пак ќе почнеш или ти или твоето другарче со пецкања, суптилно спуштање, вадење со некои мислења од пред многу време и нивно суптилно филување, демек ај сеа јово наново. Не, мелпомена, не е во ред. Знаеш зашто? затоа што ова не води кон ништо. Пак ќе почнеш со субјективните гледишта како поткрепа и алиби, ама субјекивизмот не е баш некој клуч за решавање на проблемите.