Замислете си

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Логиката ни помага да дојдеме од А до Б.
Силата на визуализацијата или фантазијата не носи секаде,рекол Einstein.
Визуализацијата ги користи нашите создавачки сили,
кој може да замислимноже подобро да се опушти и да створи нова енергија.

Ги затварам очите и замислувам...
Го слушам звукот на брановите од морето кои удираат со исто темпо на карпата на која седам.
Во носот го осекам солениот мирис на морето.
Го гледам морето пред себе,го гледам сјајот на сонцето,
изгледа како некој да просипал тони светулки кои нежно ми се насмевнуваат во сета таа идила..
581511_417920498268973_1039572929_n.jpg


Замислувањето е посебна дарба на лугето.
Можеме да гледаме,да слушаме,да вкусуваме работи
кои воопшто не се реални,кои не се во тој момент тука.
Фасцинантното е што секој детал можеме да го створиме детално во нашата фантазија.
Визуализацијата може да придонесе до конкретни случувања,
затоа што телото и духот реагираат на визуализацијата исто како и во реалноста.
На овој начин може да ни помогне да се опуштиме или да се припремиме на некоја тешка задача,а и да стапиме во контакт(имагинерен)со некои личности кои не се покрај нас.
Треба само да ги активираме сите сетила,и да
замислиме..
Визуализацијата е нова реалност или сопствена реалност..
Визуализирањето се разликува од медитацијата.
Додека медитираме се трудиме да сме тука во моментот,да се ослободиме од сите мисли,
а додека за визуализирањето ни е потребна сила,со која ствараме нова реалност.
На пр.кога имаме страв од испити кои предстојат,
можеме неколкупати да си замислиме како ги поминуваме тие испити и ситуациите во кои се наогаме,на тој начин веке сме го поминале сето тоа и сме спремни за тие испити..
Може детално незнаеме се ама во суштина знаеме како би се одвивало се...
Ако научиме креативно да раководиме со визуализацијата ке си помогнеме себеси во многу ситуации во животот.

Затоа замислете си и бидете бар за момент срекни:)

Ме интересира,
дали замислувате и ако да колку често??
Што и дали воопшто чувствувате нешто додека си замислувате.. ??
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Замислувам премногу, па дури мислам дека и 24/7. Вистински day dreamer сум. :D

Најмногу замислувам, или што би се рекло, си правам филмчиња за иднината. За одредени работи кои ги посакувам. За ситуации во кои се замислувам. За сценарио кое сакам да стане реалност. Најмногу поврзано со домот и семејството, со мојот сакан. Потоа, за патувања. Места кои сакам да ги посетам, работи кои сакам да ги доживеам, храна која сакам да ја вкусам.

Дефинитивно, замислувањето помага околу остварување на работите, ако ништо друго, те бутка кон нив.
Секогаш се чувствувам среќно, зошто замислувам убави работи. :sreken
 

turop

Активен Член
15 март 2012
105
68
28
Некој се смеат на замислувањето(фантазирањето)велат не летај и преземи акција да,но тоа само ни останува кога ќе паднеме да се надеваме и да сонуваме за нештата кој ги сакаме тоа не води и крепи во болните моменти.Суп јас сум за.
 

Marinna

Староседелец
13 април 2012
119
160
1,043
често фантазирам, а еднашка (добро сега не еднаш појќе пати) сум била мртва xD
дури мојве фантазии наместо арни лоши се ... со болести и 300 чуда :giggle
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,520
1,183
Big Sur
Стиже шеф фантазије.
Какви замисли ми се вртат низ глава, Спилберг може да позавиди.
И тоа стрелам на велико. Или сум астронаут, факинг Ајнштајн што се справува со генетски мутации, детектив, суперменка што го спасува светот, султанка, Лара Крофт...и што е најбитно, сите ме сакаат. Ма, шта да вам кажем. Да не зборам пак кога ќе фатам да си ги сонувам тие замисли навечер. Пф...
Сега немам толку време преку ден, имам обврски, па затоа пред да заспијам, со 200 на саат фрчам.
Убаво е барем на момент да се осети она чувство како би било кога би било.
За овие замисли за кои знам дека се возможни, само си чекам прав момент да ги остварам.
Полека, едно по едно, за да имам што повеќе за размислување и остварување.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

Сара.13

Староседелец
13 ноември 2012
1,260
3,110
1,133
деновиве си фантазирам за некое место од бајките..
ама баш онака негде мноооогу далеку изолирано од реалниов свет, надвор од сите недстижни работи, грижи и проблеми..
фантазирам дека заборавам на се што ми се случува околу мене, го фаќам за рака оној кој знам дека ми е недостижен и го носам на тоа место од бајките..
поминуваме прекрасни денови, со утра во кои се будам до него, каде што ми носи поручек во кревет..на зајдисонце седиме гушнати на некоја стара клупичка и неуморно гледаме еден во друг, копнеејќи за еден бакнеж..вечерите ги поминуваме покрај оган, на подот стуткани еден до друг се топлиме со нашите тела, водиме љубов под светлото на огнот..заспиваме гушнати со насмевки на лицата, знаејќи дека утрото ќе биде повторно наше и само наше...

I can only imagine, only imagine (wasntme)
....ама итс океј, убаво е човек да си фантазира за некои работи само да не навлезе многу длабоко зошто после може да е лошо по здравје :p :frantic
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: parvati and Lena