Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

$3Я3|\||)&p&†Y

Староседелец
12 мај 2012
3,690
3,871
1,183
Неможам .. неможам да престанам да мислам на тебе. Тешко е. Премногу е тешко.
Ми требаш, колку и да не го сакам тоа. Незнам зошто, но неможам да престанам да мислам на тебе, на тоа што го имав со тебе, на тоа што САКАВ да го имам со тебе. Знам дека не требало да бидеме заедно, но ете, my mind is stuck with you.
Мислам дека нема да можам да продолжам така лесно, мислам дека нема да престанам да те сакам, колку и да го негирам тоа.
Да си сега до мене, ќе се радувам како мало детенце, кое се радува кога неговите ќе му купат нова играчка.
Би плачел од среќа, но не. Мислам дека нема да го дочекам тоа повеќе.
 

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Кај мене не ја остави ни четкичката за заби, ни твојот омилен парфем, дури ни некоја стара добра книга ... не остави ништо, ни простор да те побарам.
И секогаш кога ме совладуваат чусвтвата и копнежот сакајќи да ти се јавам, му благодарам на твоето јасно заминување во кое нема простор за назад. ..
 

i_wanna_fly

Староседелец
25 јули 2012
649
848
1,093
Сакам да ти кажам....
Многу нешта сакам да ти кажам...
Ама не знам како...
НЕ можам... Ни јас самата не можам да се соочам со сето тоа, а камоли пак ти, на 200 и колку километри подалеку од мене... Не можам да им поверувам на вестите што ги добив денес...Не можам... Само посакувам да си тука до мене, да ме гушнеш и барем за момент да заборавам на се освен на тебе. Проклето е тешко. Мојот мозок не може да стигне ниту да ги обработи податоците, затоа сеуште сум во шок. Горда сум на себе затоа што успеав да се смирам и да не плачам за кратко, додека зборував со тебе. Се скршив дури откако ја прекинав линијата. Но ти толку добро ме познаваш... Како да имаш некој уред во себе и по гласот можеш да познаеш како сум и дали е се во ред со мене. И овој пат ме прочита...
Никогаш повеќе нема да бидам она што бев...
Денеска, една половина од мене е мртва... Умрев илјадапати и пак оживеав... Ама загубив дел од мене...
Само сакам да си тука... Ми требаш...
Дојди си, само дај ми рака, гушни ме цврсто и ништо не прашувај...
Дојди си...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Caci and Сара.13

Rosana

Староседелец
24 јуни 2012
267
499
1,063
сакам да кажам дека ми недостигаш, дека сеуште те сакам и никогаш не сум престанала да те сакам. Дека ми е многу тешко без тебе. Дека направив работи за кои сега се каам. Да можеше да се врати времето ќе постапев поинаку но за жал тоа сега е невозможно. Знам дека ништо не е како порано, а и нема да биди.Зошто те изгубив зошто? Како можев тоа да го направам. Пред мои очи беше се што ми требаше а јас не го ценев и го изгубив...те изгубив тебе и тоа засекогаш. Ми фали времето поминато со тебе, секој твој поглед, секоја твоја насмевка ми го правеше денот поубав само кога ќе те здогледав срцето забрано ми чукаше, едноставно кажано јас бев СРЕЌНА.Каде е сега тоа време? Како за миг да исчезна. А сега? Сега се што ми остана е да продолжам без тебе но незнам како, надеж дека некогаш ќе сфатиш што се правев за тебе, дека јас не сум виновна за тоа што се случи...јас не сакав сето ова да заврши вака. :place
 

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Ми недостигаш..
Mногу пати сакав да ти пишам, а знам, знам безвредно е.
Знам дека сакаше да си отидеш и дека ти е поубаво вака, без мене.
А знаеш ли колку плачам, колку ме боли?
Знаеш ли колку сакам да ја потпрам главата на твоите гради и да те погледнам а ти да се наведнеш и да ме бакнеш како некогаш?
Знаеш ли колку сакам да ме држиш за рака и да правиш да се чувствувам безбедна и сигурна како еднаш, некогаш?
Знаеш ли колку сакам да се насмевнуваш а јас да сум причина за твојата насмевка?
Не, ништо не знаеш...
Ни колку боли, ни колку ми неодстигаш, ни колку ми е тешко борејќи се со себе си, со се мое.
Го живеам секој ден забрзано, во хаос, со милион обрвски, со куп луѓе и средби и насмевки а ништо не е вистинско.. зошто се што сакам е да сум со тебе.
Тебе да ти се јавувам, тебе да те бакнувам, да те прегрнувам, со тебе да муабетам и со тебе да се смеам... а не со сите други.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: $3Я3|\||)&p&†Y

$3Я3|\||)&p&†Y

Староседелец
12 мај 2012
3,690
3,871
1,183
Ми недостигаш..
Mногу пати сакав да ти пишам, а знам, знам безвредно е.
Знам дека сакаше да си отидеш и дека ти е поубаво вака, без мене.
А знаеш ли колку плачам, колку ме боли?
Знаеш ли колку сакам да ја потпрам главата на твоите гради и да те погледнам а ти да се наведнеш и да ме бакнеш како некогаш?
Знаеш ли колку сакам да ме држиш за рака и да правиш да се чувствувам безбедна и сигурна како еднаш, некогаш?
Знаеш ли колку сакам да се насмевнуваш а јас да сум причина за твојата насмевка?
Не, ништо не знаеш...
Ни колку боли, ни колку ми неодстигаш, ни колку ми е тешко борејќи се со себе си, со се мое.
Го живеам секој ден забрзано, во хаос, со милион обрвски, со куп луѓе и средби и насмевки а ништо не е вистинско.. зошто се што сакам е да сум со тебе.
Тебе да ти се јавувам, тебе да те бакнувам, да те прегрнувам, со тебе да муабетам и со тебе да се смеам... а не со сите други.
...................
 

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,529
443
Скопје
Дека веќе не ти пали тоа понашање кај мене. Ти кажав и сам веќе си знаеш дека нема више лигавење (shake)
А сега пошо си навикнат некој друг да те смирува,привикни си се на новиот начин на смирување,да си се смириш самиот себе си,па да ме побараш мене. И од сега и јас ќе почнам да наликувам на тебе со понашањето,за да си се видиш самиот себе си каков си,и дали можеш да се трпиш:zelen Како и да е,Те сакам.(sun)