„Традиционални“ верници го замислуваат Бог како стар дедо со бела коса и брада (веќе познато) кој ги казнува лошите и ги праќа во пеколот, додека ги наградува добрите за кои што чува место во рајот. Малку ќе искоментирам за двете најголеми религии во чие име се убиени илјадници луѓе, религии кои се промовирани и одржувани од добро познатите институции - Црквата и ИВЗ, институции кои поседуваат огромни површини земја, институции одржувани од луѓе кои безмилосно се богатат во името на „Бога“ и на сметка на рајата:
-
Христијанство - Најголемите верници слепо веруваат во црквата и во библијата (книга напишана многу време после смртта на Исус од повеќе луѓе и менувана неколку пати), каде што сите знаеме дека има тешки глупости како во стариот така и во новиот завет.
-Ислам- Слично и за исламот, големите верници - муслимани исто така слепо веруваат во учењето на пророкот Мухамед кој инаку бил непримерен, лош човек кој убивал други луѓе. Исто така и нивната света книга „Чесниот к*р'aн“ , спротивно од учењето за мир, љубов и хармонија - повикува на убивање и на света војна.
Но, поимот Бог исто така постои и во источните филозофии ( Будизмот, Хиндуизмот), но нивните учители и следбеници за разлика од гореспоменатите верници на сосема поинаков начин го гледаат Бог. За нив Бог е бесконечна љубов, бесконечна радост, бескраен мир, бескрајна светлина, бескрајна енергија, бескрајна топлина, бескрајно сочувство, бескрајна сомилост. За нив Бог е сѐ . Бог е сѐприсутен, тој е во сите луѓе, во сите животни, во сите растенија. Бог е сѐ што постои околу нас, материјално и енергетски. Бог е универзумот, највисоката свест. Бог е енергија која „сакала“ да манифестира еден дел од неа преку материјата.
Источните филозофии и нивните учители како Буда, Кришна, Шри Чинмој и други, даваат одлични поуки за животот и нашето сѐвкупно постоење. Основната идеја овде е да се спознаеш себе си, да навлезеш длабоко во себе, да го сознаеш вистинското божествено ЈАС и да дознаеш дека сите сме една иста целина, дека нашата душа е дел од највозвишеното божествено постоење- врвната свест.
Значи, Атеистите комплетно ги разбирам зошто не веруваат во Бог. Нивното негирање и неверување во Бога е произлезено од гореспоменатите нелогичности и глупости од двете најголеми религии кај нас. (И јас исто порано бев атеист од истите причини.) Но не ги разбирам поради тоа што добар дел од нив негираат било какво постоење на „виша сила“, свест, енергија која е создавател на сѐ што постои. Таа виша сила и тие самите потсвесно знаат дека постои само што нивните игнорантност, тврдокорност и Его не им дозволуваат да веруваат во „такво нешто“ како духовност, свест, душа , нешто што не може да биде научно докажано (Па тогаш нека докажат дека НЕ постои!) . Па добро, не мора да го нарекуваат Бог (никој не ги тера со сила)
, но барем да се спознаат прво себе си и да почнат да размислуваат малку на повосоко ниво
На крај на краиштата, секој има право на избор да верува или да не верува во нешто, независно од неговото (не)постоење.