Атеизам (генерална дискусија)

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
знам јас ти на страната на газдата си :D
ај пак верување е нешто што ти дозволува да се потпреш на склоп твдење и да веруваме во нив без доказ а верување во наука каде има докази не е верување ?
Доказите се во прв план за да се „верува“ во тоа дека е наука. А докази се стекнуваат со експеримент.
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
не биди плачко и кажи како да дискутираме ај :zelen
Не сум плачко, мразам коа се случува ова.
ама сепак веруваме во тие докази а аналогно на тоа веруваме во науката

Не, доказите ПОСТОЈАТ а не веруваш дека постојат.
 

Ikac

Истакнат Член
17 октомври 2012
27
23
103
37
„Традиционални“ верници го замислуваат Бог како стар дедо со бела коса и брада (веќе познато) кој ги казнува лошите и ги праќа во пеколот, додека ги наградува добрите за кои што чува место во рајот. Малку ќе искоментирам за двете најголеми религии во чие име се убиени илјадници луѓе, религии кои се промовирани и одржувани од добро познатите институции - Црквата и ИВЗ, институции кои поседуваат огромни површини земја, институции одржувани од луѓе кои безмилосно се богатат во името на „Бога“ и на сметка на рајата:
-Христијанство - Најголемите верници слепо веруваат во црквата и во библијата (книга напишана многу време после смртта на Исус од повеќе луѓе и менувана неколку пати), каде што сите знаеме дека има тешки глупости како во стариот така и во новиот завет.
-Ислам- Слично и за исламот, големите верници - муслимани исто така слепо веруваат во учењето на пророкот Мухамед кој инаку бил непримерен, лош човек кој убивал други луѓе. Исто така и нивната света книга „Чесниот к*р'aн“ , спротивно од учењето за мир, љубов и хармонија - повикува на убивање и на света војна.

Но, поимот Бог исто така постои и во источните филозофии ( Будизмот, Хиндуизмот), но нивните учители и следбеници за разлика од гореспоменатите верници на сосема поинаков начин го гледаат Бог. За нив Бог е бесконечна љубов, бесконечна радост, бескраен мир, бескрајна светлина, бескрајна енергија, бескрајна топлина, бескрајно сочувство, бескрајна сомилост. За нив Бог е сѐ . Бог е сѐприсутен, тој е во сите луѓе, во сите животни, во сите растенија. Бог е сѐ што постои околу нас, материјално и енергетски. Бог е универзумот, највисоката свест. Бог е енергија која „сакала“ да манифестира еден дел од неа преку материјата.
Источните филозофии и нивните учители како Буда, Кришна, Шри Чинмој и други, даваат одлични поуки за животот и нашето сѐвкупно постоење. Основната идеја овде е да се спознаеш себе си, да навлезеш длабоко во себе, да го сознаеш вистинското божествено ЈАС и да дознаеш дека сите сме една иста целина, дека нашата душа е дел од највозвишеното божествено постоење- врвната свест.

Значи, Атеистите комплетно ги разбирам зошто не веруваат во Бог. Нивното негирање и неверување во Бога е произлезено од гореспоменатите нелогичности и глупости од двете најголеми религии кај нас. (И јас исто порано бев атеист од истите причини.) Но не ги разбирам поради тоа што добар дел од нив негираат било какво постоење на „виша сила“, свест, енергија која е создавател на сѐ што постои. Таа виша сила и тие самите потсвесно знаат дека постои само што нивните игнорантност, тврдокорност и Его не им дозволуваат да веруваат во „такво нешто“ како духовност, свест, душа , нешто што не може да биде научно докажано (Па тогаш нека докажат дека НЕ постои!) . Па добро, не мора да го нарекуваат Бог (никој не ги тера со сила) :), но барем да се спознаат прво себе си и да почнат да размислуваат малку на повосоко ниво ;)

На крај на краиштата, секој има право на избор да верува или да не верува во нешто, независно од неговото (не)постоење.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Ikac, за последната реченица "Hallelujah"

Ама има и нешто со кое не се сложувам. Зошто атеистите се игнорамуси? Не може да ми кажеш дека универзумот е свесен. Не е свесен туку тежнее кон рамнотежа. Тврдокорност? А? Егото не го негирам, не се потчинувам на поголема свест од мене. Ако е универзумот свесен, тогаш зошто кога некој ќе убие некого не рече „Што да правам, универзумот така сакаше“?
 

Ikac

Истакнат Член
17 октомври 2012
27
23
103
37
Ikac, за последната реченица "Hallelujah"

Ама има и нешто со кое не се сложувам. Зошто атеистите се игнорамуси? Не може да ми кажеш дека универзумот е свесен. Не е свесен туку тежнее кон рамнотежа. Тврдокорност? А? Егото не го негирам, не се потчинувам на поголема свест од мене. Ако е универзумот свесен, тогаш зошто кога некој ќе убие некого не рече „Што да правам, универзумот така сакаше“?


Како што би рекол Stephen Hawking:
“The greatest enemy of knowledge is not ignorance, it is the illusion of knowledge.”

Во втората група од изрекава на Стефен повеќе би ги ставил Религиските фанатици.
Атеистите се инаку игнорамуси затоа што негираат нешто за кое не знаат или нешто за кое немаат доволно познавање, а тоа нешто во случајот е СЕБЕ СИ. А таквите особи се најчесто тврдокорни и имаат големО еГо.

За убивањето и недостатокот на љубов и разбирање кај луѓето, тоа е веќе показател за степенот на индивидуалната и колективната свест.
Ајде сега одговори ми ти - ако универзумот тежнее кон рамнотежа, тогаш кој ја создал/како се создала таа НЕрамнотежа (Биг Бенг-от) , настанувањето на материјата од енергијата (E=mc2)
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Како што би рекол Stephen Hawking:

“The greatest enemy of knowledge is not ignorance, it is the illusion of knowledge.”


Во втората група од изрекава на Стефен повеќе би ги ставил Религиските фанатици.
Атеистите се инаку игнорамуси затоа што негираат нешто за кое не знаат или нешто за кое немаат доволно познавање, а тоа нешто во случајот е СЕБЕ СИ. А таквите особи се најчесто тврдокорни и имаат големО еГо.
Ајде сега одговори ми ти - ако универзумот тежнее кон рамнотежа, тогаш кој ја создал/како се создала таа НЕрамнотежа (Биг Бенг-от) ?

Ако јас го знаев одговорот на твоето прашање ќе ме пишуваше во сите книги.
 

близнак

Староседелец
21 јуни 2012
169
306
1,063
Ајде сега одговори ми ти - ако универзумот тежнее кон рамнотежа, тогаш кој ја создал/како се создала таа НЕрамнотежа (Биг Бенг-от) , настанувањето на материјата од енергијата (E=mc2)

А кој вика дека универзумот тежнее кон рамнотежа?

м = маса, не материја.

Гравитацијата како катализатор ја претвора масата во енергија. Односно, материјата не настанала од енергија, туку двете се различна манифестација на сосем исто нешто.