Не гледаме како што ни одговара, туку како што е.
МериСелест, прво да прашам нешто: бевме
за нијанса подобри? Ги искористивме грешките на одбраната на Јунајтед? Are you f*cking kidding me? Ја гледаше утакмицата или само на резултати пратеше шо се дешава? Пошо јас ја гледав.
Друго, никој не ги оспорува првите два гола. Поштено си ги примивме зашто одбраната ни беше заспана.
А пошо не знаеш зошто Иванович доби црвен картон, да ти кажам. Поради фаул врз вашиот „Бускетс“. Поради минимален контакт. А неколку минути подоцна, во слична ситуација на другата страна на теренот Торес доби втор жолт заради симулирање.
Во врска со втората слика:
1. На Давид Луиз веќе му беше пуштена раката кога ја шутна топката играчот на Јунајтед, не беше намерно играње (ма да не ќе беше чудно да судеше пенал, пошо многу пати така се суделе).
2. Кога Торес го удри Клеверли требаше црвен да добие, така? А кога Еванс го удри Дрогба пред некоја година (видео подолу), не само што тој не доби никаков картон, туку и Диди доби жолт за симулирање. Тогаш ви одговараше, а? Никој не се побуни.
Во врска со првата слика:
1. Ти мислиш дека исто значење има голот при резултат 2-2 и 1-0? Тешко малце. Плус не беше последен натпревар па да речиш го чинело Манчестер титула, имаше уште 3-4 кола до крајот.
2. Remember this?
Голов е од истата утакмица, само 2 минути покасно. Иначе признат. Не ви остануваат должни судиите, барем за тоа немате гајле.
Сега едно прашање имам, и за навивачите на Јунајтед, и за тие на Челси. Знаете кој е Дејвид Гил? На тие што знаат веќе им е јасно што е целта на прашањево. За тие што не знаат, да појаснам. Дејвид Гил е извршниот директор на Манчестер Јунајтед. А пред околу две недели стана и потпретседател на фудбалскиот сојуз на Англија. Чудно како баш после неговото назначување за потпретседател, Тери доби суспензија поради наводен расизам (иако судот досуди дека немало такво нешто). И тоа суспензија од 4 натпревари, од кои 2 се токму против Јунајтед. Јас во случајности НЕ верувам.
П.С. Уште нешто во врска со вчерашниот натпревар. Гери Невил изјави дека судијата го оштетил Челси, дека Торес бил неправедно исклучен, дека подобриот тим заслужил да победи, а тоа не бил Манчестер.
Кога ова доаѓа од човек кој целата играчка кариера ја помина во Јунајтед, кој е легенда на Јунајтед во секоја смисла на зборот, кој к*рац некои лигави „навивачи“ се фалат со победа?!