Фан Клуб: Челси

foREVer

Староседелец
20 март 2012
2,227
3,505
743
Не можам да повервам. Не дека имаше нешто неочекувано, туку не можам да повервам дека си помислив овој пат ќе е нешто различно. Дека ќе е фер. Yeah, right.
Минатата сезона: прва утакмица - 2 гола од офсајд; втора утакмица - 2 пенали.
Оваа сезона: прва утакмица - 2 црвени картони и гол од офсајд (и секако суспензијата на Тери да не ја заборавам); не сакам ни да помислам што ќе се случи на втората.
Подобро 3 - 0 поштено да си изгубиме, отколку секоја е*ана утакмица судиите да нè победуваат. И со кое лице после се радува навивач на Јунајтед? Наместо да се скријат некаде, уште се фалат со победа. (facepalm) (Фала, не мора ни да ме цитирате, ни да ме тагнувате.)
 

Ана-Каренина

Староседелец
25 февруари 2012
998
1,749
1,093
Мене ми е најјако што го ставаат Чичарито на профил слики:giggle Алоо деца кај терате или на резултати ја следевте утакмицата, тоа што Чичарито го даде победничкиот гол, од офсајт морам да напоменам, не значи дека изиграл нешто, ставете го барем РВП или на пример судијата.
Не знам и како со гордост се фалат на победата, па Челзи да победеше на ваков начит јас ќе си молчев и ќе се срамев, до душа јас и вака се усрамив и ја исклучив утакмицата после офсајдот. Значи ќе кажам за црвениот на Бане немам збор, позаслужен, здравје ама црвениот на Торес О.о, ццц истата ситуација се случи и со Дрогба и Еванс пред некоја година, Еванс каков само старт направи над Дрогба со копачка во гради и Дрогба добива жолт за глума О.о. Ај како и да еигравме со 9 играчи али барем поштен гол да дадеа ама и тоа не-.-
Јас само ќе кажам дека задоволна сум со играта, речиси сигурна сум дека ако Бане не добиеше црвен картон пресврт ќе имаше, затоа што во тие минути од натпреварот Челзи беше далеку поконктретен тим од Манчестер.
 

МериСелест

Староседелец
24 април 2012
2,009
3,215
1,143
O вие фанови на Челзи не знаете да прифатите пораз и уште ке плачите?Најмалку имате право да се буните.
Заборавивте како ја освоивте титулата во 2010 година со непостоечки гол од офсајд и пенал и уште поинтересно асистенција од Стиви Џи за Лампард и тоа Јунајтед да ја загуби титулата а Челзи да ја добие?ПАТЕТИЧНИ СТЕ...
Јас како фан на Јунајтед ке кажам лошо судење,ама ви се врати тоа од 2010 година.Ајт чао.
 

foREVer

Староседелец
20 март 2012
2,227
3,505
743
^ Пошто никогаш не сум реагирала идиотски да провоцирам, нема и сега да одам на вашата тема и да ви пљукам како вие овде што правите, затоа овде ќе одговорам:
Ако почне вас да ви се враќа за сè што се наместиле досега, пола век ќе помините во 3 дивизија. (wave)
 

МериСелест

Староседелец
24 април 2012
2,009
3,215
1,143
^ Пошто никогаш не сум реагирала идиотски да провоцирам, нема и сега да одам на вашата тема и да ви пљукам како вие овде што правите, затоа овде ќе одговорам:
Ако почне вас да ви се враќа за сè што се наместиле досега, пола век ќе помините во 3 дивизија. (wave)


Не дојдов да провоцирам,да беше обратно вие ке си уживавте во победата...
Гледате тоа што ви одговара.
Ех тој Ферги,какви врски фатил.

526054_541056992575847_593633762_n.jpg


Remmember this?Тоа Јунајтед титула го чинеше а Челзи и со пораз е прв повторно.

69709_505817309437136_661833807_n.jpg


Погледнете како Торес го мава Клеверли,погледнете како игра Луис со рака во 16ник ама реков гледате вам што ви одговара.
Кутрите вие Its the world against Chelsea :(
Барем кога се збори за судиски грешки разгледајте малку дека и вам ви имаат помопгнато.

Си постигнавте автогол,судијата беше виновен?Перси даде гол и за тоа судијата беше виновен?
Ги искористивте грешките на одбраната на Јунајтед.Сега не знам што направи Бане за да добие картон ама Торес не го заслужи.
Тоа е тоа.
Бевте за нијанса подобри,признавам ама реално да гледаме на работите малку.ДЕКА СЕКОЈ КЛУБ ИМАЛ ПОМОШ.
 

Slims

Активен Член
19 април 2012
192
177
43
Не е дека клубовите имаат помош од судиите, напротив, судиите се стремат што покоректно да ја извршуваат нивната задача.
И точно, тие се виновни за сите неправилности што (не) се досудени, и секако дека нив ќе ги обвинуваме, само затоа што мора некој да е крив! И посебно ова коло многу екипи изгубија бодови заради грешките на судиите.
Ама што да се прави, судиите не се машини и секогаш се работи за еден момент, дел од секундата, што понекогаш човечкото око не може да го регистрира.
И единствено што преостанува сега е да се тужат судиите, како што Челси го суди Клатенбург, иако сега веќе нема фајде кога поените се загубени.

Јас се молам само со ова воведување на технологијата ќе им се стави крај на повеќето некоректни судиски одлуки.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: parvati

Ана-Каренина

Староседелец
25 февруари 2012
998
1,749
1,093
Не дојдов да провоцирам,да беше обратно вие ке си уживавте во победата...
Гледате тоа што ви одговара.
Ех тој Ферги,какви врски фатил.

526054_541056992575847_593633762_n.jpg


Remmember this?Тоа Јунајтед титула го чинеше а Челзи и со пораз е прв повторно.

69709_505817309437136_661833807_n.jpg


Погледнете како Торес го мава Клеверли,погледнете како игра Луис со рака во 16ник ама реков гледате вам што ви одговара.
Кутрите вие Its the world against Chelsea :(
Барем кога се збори за судиски грешки разгледајте малку дека и вам ви имаат помопгнато.

Си постигнавте автогол,судијата беше виновен?Перси даде гол и за тоа судијата беше виновен?
Ги искористивте грешките на одбраната на Јунајтед.Сега не знам што направи Бане за да добие картон ама Торес не го заслужи.
Тоа е тоа.
Бевте за нијанса подобри,признавам ама реално да гледаме на работите малку.ДЕКА СЕКОЈ КЛУБ ИМАЛ ПОМОШ.

Ај те молам кажи ми кој рече дека Ферги фатил врски???
Никој не го оспорува пеналот, значи сидијата вчера беше катастрофален ама вчера пооштетен беше Челзи.А за сликата со Торес на сликава не се гледа баш убаво веднаш се обида да ја собере ногата и за ова ми се чинит дека го доби првиот жолт а ако се сеќаваш Еванс имаше нешто пооштар старт над Дрогба дирек в гради ама тогаш Дрогба доби жолт заради ''глума''.
Како и да е веќе помина натпреварот најмалку сме криви ние фановите на тимовите за вакви катастрофални судиски грешки кои го уништуваат фудбалот.
 

foREVer

Староседелец
20 март 2012
2,227
3,505
743
Не гледаме како што ни одговара, туку како што е.

МериСелест, прво да прашам нешто: бевме за нијанса подобри? Ги искористивме грешките на одбраната на Јунајтед? Are you f*cking kidding me? Ја гледаше утакмицата или само на резултати пратеше шо се дешава? Пошо јас ја гледав.
Друго, никој не ги оспорува првите два гола. Поштено си ги примивме зашто одбраната ни беше заспана.
А пошо не знаеш зошто Иванович доби црвен картон, да ти кажам. Поради фаул врз вашиот „Бускетс“. Поради минимален контакт. А неколку минути подоцна, во слична ситуација на другата страна на теренот Торес доби втор жолт заради симулирање.

Во врска со втората слика:
1. На Давид Луиз веќе му беше пуштена раката кога ја шутна топката играчот на Јунајтед, не беше намерно играње (ма да не ќе беше чудно да судеше пенал, пошо многу пати така се суделе).
2. Кога Торес го удри Клеверли требаше црвен да добие, така? А кога Еванс го удри Дрогба пред некоја година (видео подолу), не само што тој не доби никаков картон, туку и Диди доби жолт за симулирање. Тогаш ви одговараше, а? Никој не се побуни.


Во врска со првата слика:
1. Ти мислиш дека исто значење има голот при резултат 2-2 и 1-0? Тешко малце. Плус не беше последен натпревар па да речиш го чинело Манчестер титула, имаше уште 3-4 кола до крајот.
2. Remember this?


Голов е од истата утакмица, само 2 минути покасно. Иначе признат. Не ви остануваат должни судиите, барем за тоа немате гајле. ;)


Сега едно прашање имам, и за навивачите на Јунајтед, и за тие на Челси. Знаете кој е Дејвид Гил? На тие што знаат веќе им е јасно што е целта на прашањево. За тие што не знаат, да појаснам. Дејвид Гил е извршниот директор на Манчестер Јунајтед. А пред околу две недели стана и потпретседател на фудбалскиот сојуз на Англија. Чудно како баш после неговото назначување за потпретседател, Тери доби суспензија поради наводен расизам (иако судот досуди дека немало такво нешто). И тоа суспензија од 4 натпревари, од кои 2 се токму против Јунајтед. Јас во случајности НЕ верувам.

П.С. Уште нешто во врска со вчерашниот натпревар. Гери Невил изјави дека судијата го оштетил Челси, дека Торес бил неправедно исклучен, дека подобриот тим заслужил да победи, а тоа не бил Манчестер.
Кога ова доаѓа од човек кој целата играчка кариера ја помина во Јунајтед, кој е легенда на Јунајтед во секоја смисла на зборот, кој к*рац некои лигави „навивачи“ се фалат со победа?!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Trajche and 048